Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат

  • Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Повторно ми се избришани неколку постови. Светот е во власт на лукавиот и знам дека неправдата ќе царува се додека не дојде царството небесно.
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Ти не се молиш на истата? Ако не, бујрум сите вакви што ги имаш можеш да ми ги дадеш мене, а ти моли се пред ваквите измислени „Чуда“
Си се молам на иконата
Верувам во господ сум се молел и ми помогнал и имам сега .За разлика од тебе
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.527
Поени од реакции
24.324
Мислам дека „да не се изговара напразно името божје“ конкретно значи да не се изговара за време на „онаа работа“, само многу буквално е толкувано.
Сериозно.
можеби, ама зошто ?
што ке се случи?
јас не го прашувам кога и каде не смее туку зошто не смее.
тоа е сосем друго прашање.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
можеби, ама зошто ?
што ке се случи?
јас не го прашувам кога и каде не смее туку зошто не смее.
тоа е сосем друго прашање.
Јехова сака да изгради лик од кој луѓе ќе имаат стравопочит. Читај го Стариот Завет ако прднеш во црква веднаш гром те удира.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.498
Поени од реакции
84.993
мислам дека многу работи ти се нејсани.
кој е ограничен и лимитиран.
онај кој се прашува зошто е тоа така , онај кој сака да свати како е тоа можно, или онај кој нема капацитет да свати па затоа нештото мора да биде чудо, знак , порака и тн.
за тебе и најобичниот трик со карти би ти изгледал како чудо, и тоа само затоа што магионичарот има побрза рака од твоето око.
тоа дека не ти е јасно како е можно не значи дека е не е. и сигурно не дека е чудо.
така да ајде провери каков е религиозниот приод кон нештата. да не е тој случајно ограничен и лимитиран.
Не си ме разбрал. Немам ја никаков приговор во врска со ограничениот светоглед на атеистите. Тоа беше само констатација. Секој е слободен по своја воља да си го гради личниот поглед на светот.
Мене не ми требаат објаснувања во врска со тоа.

Акцентот беше на пременструалниот синдром кај мажите. Науката вели - го нема. А ете форумскава пракса докажува спротивно.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Си се молам на иконата
Верувам во господ сум се молел и ми помогнал и имам сега .За разлика од тебе
Треба да се молиш на личноста на иконата, а не на иконата! Иконите се поставуваат само во чест на личностите кои го дале животот за православието!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.527
Поени од реакции
24.324
Не си ме разбрал. Немам ја никаков приговор во врска со ограничениот светоглед на атеистите. Тоа беше само констатација. Секој е слободен по своја воља да си го гради личниот поглед на светот.
Мене не ми требаат објаснувања во врска со тоа.

Акцентот беше на пременструалниот синдром кај мажите. Науката вели - го нема. А ете форумскава пракса докажува спротивно.
е ај за да не се разбериме погрешно пак.
за што не ти треба објаснување, на што мислиш поконкретно.
не ти треба објаснување за чудата или мислеше на нешто друго??
ако мислеше на чудото , едноставно го земаш здраво за готово, не се ни прашуваш дали е тоа воопшто чудо.
зарем не е тоа ограниченост и лимитираност??
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.498
Поени од реакции
84.993
е ај за да не се разбериме погрешно пак.
за што не ти треба објаснување, на што мислиш поконкретно.
не ти треба објаснување за чудата или мислеше на нешто друго??
ако мислеше на чудото , едноставно го земаш здраво за готово, не се ни прашуваш дали е тоа воопшто чудо.
зарем не е тоа ограниченост и лимитираност??
Чудото не го спомнав нигде.

Ќе повторам:
Според структурата и содржината на мојот прв пост може да се заклучи дека ограниченоста на атеистичкиот аспект е само констатација, за која не барам објаснувања и за која немам примедби.
Примедбите се во врска со остатокот од постот.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.527
Поени од реакции
24.324
Јехова сака да изгради лик од кој луѓе ќе имаат стравопочит. Читај го Стариот Завет ако прднеш во црква веднаш гром те удира.
тоа е јасно , ама од каде такво мислење освем дека така пиши или така некој рекол.
дали некој проверилдали е стварно така или само останало од некогаш.
ајде да не се повторувам, ама не мислиш дека истото е прикажано на сликата која ја постирав пред некоја страна.
и таму сите прават нешто при тоа никој не знае зошто. така требало да биди. зошто како никој не знае.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Владе ти мора да си Девица во хороскоп, толку ситничaрeње јас не сум видела досега :P
Си се молам на иконата
Верувам во господ сум се молел и ми помогнал и имам сега .За разлика од тебе
Според Христијанството, молење и верување во материјални работи (како на пример икони) е богохулење. Исто така и среброљубието (сакањето многу пари и богатство) е грев. Измешани ти се брзините дете.
Ако имаш пари тогаш мора да се од рогатиот, затоа немој многу да се радуваш. На Бог не му се мили богатите. Исус кажал Попрво камила ќе се протне низ иглино уво, отколку богат да влезе во рајот.
Христијанските верници треба да се понизни, скромни и сиромашни. И да се молат на Бог, а не на икони.

п.с. Абре ајде однесувајте се како што кажал дедо боже.. Јас ли да ви го наоѓам крајот, ми правите дупка у матриксот. Се нешто ќе измислите за да го оправдате вашето христијанско однесување.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Нема ништо чудно во „чудото“ во „Свети Димитриј“

Коста Балабанов
"Случајот со „чудото“ во „Св. Димитриј“, според мое мислење, непосредно е врзано со претпразничното генерално велигденско чистење на храмот. Ваквото чистење редовно се прави секоја година, при што на камениот или на бетонскиот под се истураат поголеми количини вода, со што во голема можна мера се зголемува влажноста во внатрешноста на просторот. Температурната разлика помеѓу температурата на ѕидовите и температурата на воздухот во објектот предизвикува појава на кондензација врз ѕидовите, која најчесто е видлива и со голо око. За појавата на зголемена кондензација придонесува и релативно малата кубатура на внатрешниот простор на храмот.

За разлика од некои од претходните години кога задолжените за хигиена во храмот ја практикувале истата постапка, користејќи исти средства за одржување на хигиената (вода), а „чудото“ не се појавувало, оваа година влажноста во Скопје е значително зголемена, за што укажуваат и извештаите на метеоролозите, а од друга страна, оваа година, што не беше случај со изминатите, околу храмот „Св. Димитриј“ беа подигнати неколку повисоки згради, кои го запреа или пренасочија циркулирањето на воздухот на овој дел од левиот брег на реката Вардар.

Покрај тоа, улицата која води од Камениот мост кон Старата чаршија подолг временски период е преградена со висока лимена ограда (поради изведување градежни активности за споменик на тој простор), со што дополнително е прекината циркулацијата на воздухот, кој несомнено има влијание врз сушењето на ѕидовите на храмот. Подолг временски период, на овој простор, а во непосредна близина на храмот „Св. Димитриј“, имаше ископ на земја во длабочина од два три-метри, каде што преку зимата, и подоцна со дождовите, во длабината на овој простор навлезе поголема количина вода која, може да се претпостави, значително ги зголеми подземните води, што доведе и до зголемена влажност на темелите на храмот.

Како резултат на гореспоменатите можни причини, деновиве енормно се зголемила кондензацијата на влагата врз ѕидовите на храмот посветен на св. Димитриј и таа зголемена кондензација сега претворена во покрупни капки вода почнала да тече по ѕидовите на кои се насликани светители и сцени од теолошката програма на храмот. Зошто светнале единствено златните ореоли и златните украси на облеката на светителите кои требало да бидат насликани со златна фолија."
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B367CE5D7334814BA27808FC824EDA70

Како може да постојат вакви "стручњаци"??:tapp:
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
пупу скраја да е.
водолија:).
и ова ситничарење?!? не не не си видела ти ништо, само не сум во форма;)
И јас водолија сум и ептен ситничарам :Р
Одам кај баба ми и велам:Бабо,слушна за фреските?
-Да да
-И шо мислиш истина е .?
-Да,божја работа...таман уште да прозборат :P
Шала настрана...ова некако ми изгледа нереално од реалистична гледна точка,но тоа што верувам во Бог некако не ми дозволува да го гледам како нереално :)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.885
Поени од реакции
20.529
И сеа што бидна се најдовте ли на сред пат христијани и атеисти, имате ли конкретен одговор за тоа што се случило во храмот или уште ќе си ги натегате чив е поголем?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom