Нема ништо чудно во „чудото“ во „Свети Димитриј“
Коста Балабанов
"Случајот со „чудото“ во „Св. Димитриј“, според мое мислење, непосредно е врзано со претпразничното генерално велигденско чистење на храмот. Ваквото чистење редовно се прави секоја година, при што на камениот или на бетонскиот под се истураат поголеми количини вода, со што во голема можна мера се зголемува влажноста во внатрешноста на просторот. Температурната разлика помеѓу температурата на ѕидовите и температурата на воздухот во објектот предизвикува појава на
кондензација врз ѕидовите, која најчесто е видлива и со голо око. За појавата на зголемена кондензација придонесува и релативно малата кубатура на внатрешниот простор на храмот.
За разлика од некои од претходните години кога задолжените за хигиена во храмот ја практикувале истата постапка, користејќи исти средства за одржување на хигиената (вода), а „чудото“ не се појавувало, оваа година влажноста во Скопје е значително зголемена, за што укажуваат и извештаите на метеоролозите, а од друга страна, оваа година, што не беше случај со изминатите, околу храмот „Св. Димитриј“ беа подигнати неколку повисоки згради, кои го запреа или пренасочија циркулирањето на воздухот на овој дел од левиот брег на реката Вардар.
Покрај тоа, улицата која води од Камениот мост кон Старата чаршија подолг временски период е преградена со висока лимена ограда (поради изведување градежни активности за споменик на тој простор), со што дополнително е прекината циркулацијата на воздухот, кој несомнено има влијание врз сушењето на ѕидовите на храмот. Подолг временски период, на овој простор, а во непосредна близина на храмот „Св. Димитриј“, имаше ископ на земја во длабочина од два три-метри, каде што преку зимата, и подоцна со дождовите, во длабината на овој простор навлезе поголема количина вода која, може да се претпостави, значително ги зголеми подземните води, што доведе и до зголемена влажност на темелите на храмот.
Како резултат на гореспоменатите можни причини, деновиве енормно се зголемила кондензацијата на влагата врз ѕидовите на храмот посветен на св. Димитриј и таа зголемена кондензација сега претворена во
покрупни капки вода почнала да тече по ѕидовите на кои се насликани светители и сцени од теолошката програма на храмот. Зошто светнале единствено златните ореоли и златните украси на облеката на светителите кои требало да бидат насликани со златна фолија."
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B367CE5D7334814BA27808FC824EDA70
Како може да постојат вакви "стручњаци"??
