Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Поентата му беше за непрофесионалноста на месарот, не е љубезен, се жали на муштериите колку е малку платен и не сака да ги подредува саламите, затоа ги брка муштериите, но нема гајле, тоа е проблем на газдата не негов, се додека газдата не дознае.
Темата можеше да биде и за некој лекар каде пациентите чекаат цел ден да бидат примени, докторот си пие кафе и им се жали дека е малку платен.
Значи за непрофесионалниот однос кој што го има кај нас на секој чекор.
Како тоа, а ние не знајме? Дан има за вас некоја друга верзија на неговата колумна, што ние не ја прочитавме?

Истетовиран лигуш што завршил едвај средно Трговско. Таа констатација може да биде оправдана за ... кхм непрофесионализмот (?!?!) на месарот?

Мислам, аман!

И околу тоа што сега тој напиња со поенти и „избегнување од темата“.

Дали некој ке се налути ако му речам да му ја опнам сестра му, ама поентата да ми биде дека не можам, иако сакам, оти во Македонија се живее сиромашно, па немам каде (услови).

Значи, главна е поентата.

Аха :D
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Венко во оваа колумна не вели дека, овој пат, “лигушот“ ја заслужува платата, туку дека истиот има право да бара толкава плата, но тоа не значи дека заради тоа што не е задоволен од сегашната, треба да работи непрофесионално! И на крај краева, не е ни можно саламосечач и професор да земаат иста плата. И баш е добар примерот на Венко со хирургот, значи, ако докторот не е задоволен од својата плата, нека не ги лечи пациентите правилно, па нека умираат луѓето, оти ете докторот не е задоволен од својата плата.
Со лажна скромност и големо его мислам дека Венко ме чита мене на темава и се корегира во колумната . :D
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Венко во оваа колумна не вели дека, овој пат, “лигушот“ ја заслужува платата, туку дека истиот има право да бара толкава плата, но тоа не значи дека заради тоа што не е задоволен од сегашната, треба да работи непрофесионално! И на крај краева, не е ни можно саламосечач и професор да земаат иста плата. И баш е добар примерот на Венко со хирургот, значи, ако докторот не е задоволен од својата плата, нека не ги лечи пациентите правилно, па нека умираат луѓето, оти ете докторот не е задоволен од својата плата.
Не велел дека дека ја заслужува, туку има право - не по врат, по шија :icon_lol: ...А ти портпарол си на Венко за односи со јавноста или?
И ако толку ти се допаѓа колумната стави лајк4е под текстот на форумџијата што ја имаше објавено.
 
Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
Не велел дека дека ја заслужува, туку има право - не по врат, по шија :icon_lol: ...А ти портпарол си на Венко за односи со јавноста или?
И ако толку ти се допаѓа колумната стави лајк4е под текстот на форумџијата што ја имаше објавено.
Право да бара одредени средства и Заслуга на истите, не е една иста ствар. Тоа треба да го разграничиш.

А дали јас сум портпарол на Венко или на момчето со тетоважа, е само моја работа, и нема потреба да те известам тебе за тоа. Тоа е исто како јас да те прашам тебе “А ти си му девојка/сестра/мајка на саламосечачот??“ Но бидејќи јас ја почитувам туѓата приватност, не би ни помислила толку јавно да те прашам за истото.

И уште да ти одговорам за “лајк4е-то“, не сум тука дојдена да ставам лајкови, туку да дискутирам. За колумната на Венко дадов оценка таму каде што тоа се прави.
 
Јас не се трудам од петни жили да ја одбранам страната на саламосечачот, за разлика од тебе, јас ја гледам ситуацијата објективно и не гаам кон никого во случајов симпатии и не ми мати пристрасноста перцепција, ни па ме интересира твојата приватност. За мене и двајцата се исти, се изјаснив и претходно - саламосечачот го вовлекол Венко во неговиот конфликт и проблем и Венко го направи истото со читателите на колумната. Една драматизација што да ти зборувам - заморниот месар и наградните пораки.

Оваа колумна ја напаѓам поради драстична промена или неконзистентноста на ставовите, кои тој се обидува да ги прокриумчари како мисинтерпретација. Јасно ти е сега?
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Venko, I didn't see what u did there. Најверојатно сум унакажан од моите наставници. А кога веќе пишува за проблемите во општеството, настанати поради тоа што државата ни е банана, нека пишува за проблемите на студентите со професорите, со студентските прашања, митото и корупцијата. Сигурно ќе може да извлече некоја паралела.

И Венко, кога веќе не' читаш по социјалните мрежи и форуми, дај во наредната колумна објасни зошто од сите вести, статии, колумни на сајтот на НМ, само под твоите текстови не се дозволени коментари.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Овојпат Венко ја промаши поентата.

Тој воопшто не ги чита комантарите на социјалните мрежи туку НЕКОЈ му кажал дека коментарите се свеле на тетоважата и на неговиот потценувачки став кон некој со средно образование.

Инаку ќе видеше дека повеќето што коментираат се негови читатели и дека го познаваат неговиот опус (и книги и колумни).
И дека не се фативме за ситници, туку за навредите напишана на адреса намесарот.

„Еден невоспитан лигуш, истетовиран на целата подлактица, некој што сигурно едвај завршил средно трговско училиште, што со сигурност преку врска дошол на тој штанд да реже салами, што не сфаќа дека тоа работно место е климакс во кариерата за неговиот пилешки мозок, што треба на тоа работно место да гледа како да е вработен во лабораторија на НАСА, е тој – ни пет ни шест, бара плата повисока од мојата!!!“

И повеќето се сложија дека спорен е неговиот потцнувачки тон, а не содржината на колумната.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Како тоа, а ние не знајме? Дан има за вас некоја друга верзија на неговата колумна, што ние не ја прочитавме?

Истетовиран лигуш што завршил едвај средно Трговско. Таа констатација може да биде оправдана за ... кхм непрофесионализмот (?!?!) на месарот?

Мислам, аман!

И околу тоа што сега тој напиња со поенти и „избегнување од темата“.

Дали некој ке се налути ако му речам да му ја опнам сестра му, ама поентата да ми биде дека не можам, иако сакам, оти во Македонија се живее сиромашно, па немам каде (услови).

Значи, главна е поентата.

Аха :D
:)
Не го навел со име и презиме, можеби е и измислен лик, така да нема кој да се навреди од овие епитети.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
:)
Не го навел со име и презиме, можеби е и измислен лик, така да нема кој да се навреди од овие епитети.
Можеби требаше и матичен број да стави од тој „лигушот неписмен“ кој наеднаш стана „момче околу кого не беше поентата на колумната“.

Види, лицето В.А. не ги навредува само тетовираните со средно школо момци (лигуши, нели), туку ја навредува интелегенцијата на 97,41 проценти од тие што дознаа за колумната.

Мене уште повеќе ми смета што се обидува да се извади за глупоста со понатамошни навреди на читателите, кои сега не биле писмени и немале основнји познавања за да проценат што е поентата на величествените колумни негови.

И нека го.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.383
Поени од реакции
4.201
Крај крајева кога веќе ја утнавме темата и продолжуваме да зборуваме за неговото величество мрзливиот саламар тогаш со право да кажеме и дека е лигуш и неписмен! Да не си ја работиш работата и да бараш 40 000 за сечење салами мора да си лигуш неписмен, да се замислуваш дека си ти тој што решава во дуќанот а не си тој што извршува за тоа што е платен и да поради сопствената мрза и умисленост за величина уништуваш туѓ бизнис е лигуш си, лигуш и ништо повеке. А во оваа економска реалност да бараш 40 000 за сечење салами мора да си елементарно неписмен и да незнаеш да рачунаш, да незнаеш колку е тоа 40 000. И да, за таква мрза и лигуш сечењето салама е врв во неговата кариера и за некој да поднесува и плаќа таков неблагодарен мрзливец кој му го уништува бизнисот мора да постојат тешки врски поради кои го примил и го трпи!
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
што правиме за да стекнеме таква стварност што ќе биде способна да ни даде таква, за човековото достоинство неопходна плата? Зошто тоа момче не земе метла во рака, па да го смете општественото ѓубре што со години не дозволува да пркнеме, да појдеме напред кон посакуваната плата? Зошто неговите колеги студенти им попуштаат и на најситните бирократи во образованиот систем, а зборот „барикада“ го знаат само од историски филмови и од записите за 1968-та? Наместо тоа, сите тие стануваат жртви на финтата – Интернет и компјутер во секое село. И ноќе, наместо да спијат, коментираат туѓи текстови, дефокусирајќи им ја поентата, демонтирајќи го нивното полнење, свртувајќи го вниманието кон безначајности. Така, тие млади што постојано бараат некој ДА ИМ ДАДЕ, се разминуваат со оние што не им даваат – власта. Власта дење работи на нивно припитомување, владеење и идеолошко тетовирање, додека тие спијат. Ноќе, кога младите беснеат и го празнат своето, меѓу другото и социјално незадоволство по журки, власта спие и се одмора, подготвувајќи се за нов ден владеење. Така, владеаните и владетелите постојано се разминуваат. А додека не се сретнат, нема да има ни востание, ни бунт, ни барикади. Ни дијалог, барем.
Не дека не е така, само проблемот е малку поинаков.
Не верувам дека услов за поминување на испит кај професорот, покрај материјата која се учи е барем основна социјална свест.
Можеби дел од предавањата го посветува на будење на таа свест, на која повикува погоре.
But i wont bet on it.
Then again...имало и такви кои активно биле за промена...професори, не месари.

http://en.wikipedia.org/wiki/Abimael_Guzmán

Колку што е Венко професор кој ќе излезе на барикади, толку и студентите негови ќе излезат...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Дал тоа мојата маленкост не сфати или човеков во запакувана верзија ги нарече неписмени сите што го критикуваа?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Дал тоа мојата маленкост не сфати или човеков во запакувана верзија ги нарече неписмени сите што го критикуваа?
More or less...:)
Само што во 2012.AD има и луѓе кои се сериозно шокирани од барања за плата која барем ќе одржува некаква илузија на достоинствен живот...as stated below...

Крај крајева кога веќе ја утнавме темата и продолжуваме да зборуваме за неговото величество мрзливиот саламар тогаш со право да кажеме и дека е лигуш и неписмен! Да не си ја работиш работата и да бараш 40 000 за сечење салами мора да си лигуш неписмен, да се замислуваш дека си ти тој што решава во дуќанот а не си тој што извршува за тоа што е платен и да поради сопствената мрза и умисленост за величина уништуваш туѓ бизнис е лигуш си, лигуш и ништо повеке. А во оваа економска реалност да бараш 40 000 за сечење салами мора да си елементарно неписмен и да незнаеш да рачунаш, да незнаеш колку е тоа 40 000. И да, за таква мрза и лигуш сечењето салама е врв во неговата кариера и за некој да поднесува и плаќа таков неблагодарен мрзливец кој му го уништува бизнисот мора да постојат тешки врски поради кои го примил и го трпи!
Остај...треба да се рестартира Јасеновац за такви...треба да си знае рајата каде припаѓа, еееј....650 евра некој да смета дека би била добра плата, in this day and age, in the dark continent of Europe...страшно...:icon_lol:

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
More or less...:)
Само што во 2012.AD има и луѓе кои се сериозно шокирани од барања за плата која барем ќе одржува некаква илузија на достоинствен живот...as stated below...
Туку станува уште поинтересна работава. Венко ќе му гостува на нашиот ценет Саше Политико денес во 17 часот на Наша Тв. Итс гона би вајлд.:vozbud:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Туку станува уште поинтересна работава. Венко ќе му гостува на нашиот ценет Саше Политико денес во 17 часот на Наша Тв. Итс гона би вајлд.:vozbud:
Се надевам дека ќе биде спремен, вака претворено во евра и не делува така еретично изјавата на продавачот, во време кога со просечна плата не можат да се подмират основни потреби на населнието, можеби како да се подмири сметка за струја од 100+ евра со плата од 150-200 и слични современи дилеми ќе најдат место во дебатата...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom