Прво Канал5 јасно е дека е медиум настроен кон Минчо, од таму и незнам зошто ги викнаа овие двајца, веројатно да глумат девици. Требаше да ги донесат за уши Начевци и Кире...
Ајде со ред... Прво, цело време мелат, ништо не кажаа. Огњановски си препишува успеси и се кочопери со тие неговите пулени од тинекс
Незнам кои се амбициите на овој човек. Збора за тие некои си младински екипи кои биле корумпирани... Па отворете на сајтот и ќе видите дека од 16-7 играчи, 10 има од Металург, 3-4 се од Вардар и Тинекс... А од Пелистер со години уназад немало ниеден единствен играч иако во последните 10 години младинската екипа е или прва или втора. И сега Огњановски стигна да не учи дека во негово време било вака било онака...
Чокрев со некои си негови анализи тие 9 играчи негови дале 50 од 70те гола, и шо со то? Па слепец еден цела репрезентација е од твојот клуб, самиот си сечиш нозете.
Овој човек ми е секогаш вака милозвучен на телевизија, а на утакмици редовно урла како мајмун и по судии и по се... Сите оние изјави дека Металург бил "судиски ограбен" и дека сите се против Металург, се директно иницирани од него.
И тој едино му замервал на Звонко шо не се консултирал со Лино и со него каква програма имал, ова она
А тој во сите можни комбинации е испикан, и едвај го чекам денот кога на Минчо ќе му се испразни ќесето а Чокрев ќе остани со прстот в уста.
Стратегијата им е сосема јасна. Михајло на бапка, Вардар да го снајди истата судбина како Тутунски и Младост Богданци... И тука негде Начевци се сигурно посредници. Дури Богданци ги ранеше, беа добри према нив, кога секна изворот, маме му ебаа на клубот а кој прател од порано ракомет знај колку тешки биле утакмиците во Богданци. Пелистер ќе си животарка само и Металург ќе новиот Кометал. Единствено нешто шо се надевав, е дека ќе ги тргнат и Начевци и на Кире ќе му покажат дека тие се газди и тие ќе донесат ред и мир.
Ништо од то, водителот го чепна Чокрев за Хрватска зошто Раде си заминал, овој му вика се повредил а и Темелковски имал последен збор за секоја одлука
Па не беше то пред 30 години во Хрватска, пред 2-3 беше само
Да се разбериме, не велам дека кога Пелистер го имаше главниот збор во репрезентацијата цветаа ружи, ама гооолем дел од оваа репрезентација "израсна" во Битола, ова е оној (се надевам сеуште не) последен продукт шо произлегол од Битола.