Анархија

L

Ligeia

Гостин
Факти:
Ти, ти, ти и ти ке најдете по 15 луге да гласаат за нас или ке летате од работно место.

Ти, ти и ти ке најдете по 20 луге да гласаат за нас и потоа ке ве ставиме државни службеници, државни (стави некој "витален" термин тука) а.к.а клатај врата, лади к*р земај државна плата.

Што е ова? Ова е уцена = криминал.

Државата/власта е најголемата организирана криминална структура.
Демократија = илузија, мачкање очи.
Не е уцена...ако веруваш во неправда,секогаш имаш избор да го напуштиш работното место и да одбиеш да се потчиниш.Угнетувањето е дел од воспоставување на контрола врз човекот а најдоброто оружје е стравот.Така било отсекогаш,не е ништо ново или свежо измислено.Ако не ти се допаѓа,најди истомисленици,формирај група,заведи други групи формирај армија и нападни.Така функционира незадоволството и револтот и резултира со масовен бунт а не со потчинување и веднење глави.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940

И да не е уцена (а уцена е), криминал е, што ми беше и поентата.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Не е прекршен ниту еден закон,затоа не може да биде криминал.
Затоа што баш истите тие криминалци го прават "законот".
 
L

Ligeia

Гостин
Затоа што баш истите тие криминалци го прават "законот".
За да донесеш закон имаш:
– предлог за донесување на закон,
– нацрт на закон,
– предлог на закон,
– усвојување на закон.
Собранието е е претставнички орган на граѓаните значи ли тоа дека сите имаме афинитети кон криминал како граѓани што сме ги избрале оние да гласаат закони за нас?
п.с многу сме off topic со муабетов.:)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
ОК и јас поради хххх причини и фактори не ја сакам 100% државата т.е. одредени нејзини институции(да не ги набројувам) !
Повеќето луѓе(да неречам сите) се генерално незадоволни од државните институции, некој е незадоволен од едни институции, некој од други и.т.н. а со самото тоа што не си задоволен од државните институции(нивната работа) по автоматизам и не си задоволен од самата држава, а со самото тоа што не си задоволен од државата, автоматски не си задоволен ни од работата на политичарите(власта, па и опозицијата) !
Но и покрај незадоволството од политичарите, од државата и од нејзините институции, пак си врзан за нив т.е. зависен си од нив, на пр. имаш здравствени проблеми и покрај тоа што не си задоволен од здравствениот систем пак ќе отидеш на доктор и тоа во државно здравство, бидејќи таму е сепак поевтино, за разлика од приватно, ако некој те нападне и те ограби, одма ќе побараш помош од полицијата, ако со некој човек имаш некаков спор, нема да се истепате сигурно, туку ќе појдете да ја барате правдата на суд, вашите деца сигурно дека ќе треба да се описменат, па и покрај тоа што не сте задоволни од образовниот систем на државата, сепак вашите деца ќе ги запишете да стекнат образование во истиот и ред други работи !
Во ниту една држава во светот граѓаните не се 100% задоволни од политичарите(сите), од државата и од нејзините институции, но сепак без нив нормалниот живот не би бил возможен и би се вратиле во камената доба !
Точно е тоа дека постојат и вишок на државни институции, кои навистина реално гледано се непотребни и треба да се укинат т.е. да се намали/редуцира државниот апарат и да се сведе на минимум, колку да може да опстои државата, но мора да постојат најосновните и есенцијални државни институции: полиција и армија(мир, безбедност, сигурност), судство(правен систем), школство, здравство... без овие институции навистина негледам како би било возможно да тече нормалниот живот на граѓаните, било каде !
Каква е таа Анархистичка утопија: граници ЈОК нации/народи ЈОК валута/пари ЈОК класи и хиерархија(власт) ЈОК држава/државни инст. ЈОК полиција ЈОК армија ЈОК правен систем ЈОК здравство ЈОК образование ЈОК ................... = враќање во камена доба !
Човештвото постои илјадници години и уште од најдамнешни праисториски времиња си постоеле овие работи како граници, хиерархии(власт/водачи), класи, валути/пари(прво монети, па потоа и банкноти), армии/војски, судови и.т.н. па дури и во првобитното општество во племенските заедници имало некаква хиерархија(патријархат, матријархат) и.т.н. значи и тогаш немало целосна Анархија, сепак имало некаква хиерархија и правила !
Пола век живеевме во Социјализам, па сепак и тој систем не беше многу поразличен од денешниов и тој систем беше етатистички, си постоеше држава, граници, народ т.е. народи, владеачка партија, политичари, власт/водство, државни институции(полиција, армија, тајни служби, судство, здравство, школство и.т.н. и.т.н.) така да Анархијата крај краева и нема благе везе со Социјализам, ниту пак со ниту еден друг сегашен или поранешен систем, бидејќи сите системи(досегашни+сегашниов) биле/се етатистички што е спротивно од основните начела на Анархизмот, кој се залага за утописка и замислена 100% бездржавност !
 
A

AnFem

А ти зошто не ми го послуша добронамерниот совет да прочиташ нешто околу ова пред да се фрлиш на дискусија? Не можеш да најдеш? Те мрзи, што? Сакаш да ти пратам текстови преку пп?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
А ти зошто не ми го послуша добронамерниот совет да прочиташ нешто околу ова пред да се фрлиш на дискусија? Не можеш да најдеш? Те мрзи, што? Сакаш да ти пратам текстови преку пп?
Штознам ????????!!!! :confused::unsure:
Како сакаш, вотева ! :P
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Celta na komunizmot e anarhija besklasno opstestvo kade nema drzava policija vojska klasi zatoa Kropotkin rekol komunizmot e ekonomska baza a anarhijata politicka cel. Kaj e razlikata istoriski, posle revolucijata anarhistite smetale deka nema potreba od diktatura na proleterijatot pa socijalizam i postepeno izumiranje na drzavata a anarhistite vikale ne da se ukine, iako kako moze da se ukine organiziranje bandi na primer? Drugo oni vikale ako ima diktatura na proleterijatot ke se sozdade pak hierarhija posto takvi bile lugeto no ako se takvi lugeto i bez drzava ne ide, eve primer bandi ima li? ima i sea sto koj moze pravi sto saka drugiov isto moze ako resi slobodata po cena na glavata znaci toa e. Zatoa ja rekov anarhizam e utopija posto people=shit no anarhist toa e ok znaci sekoj koj saka da zagospodari nad mene mi e smrten neprijatel veli anarhistot i toa e.
 
A

AnFem

Гостин
Штознам ????????!!!! :confused::unsure:
Како сакаш, вотева ! :P
Не вотева, те прашувам дали имаш желба да научиш нешто повеќе околу ова, ќе ти помогнам, па после, ако сакаш, дојди и ќе дискутираме. Не сакам да те присилувам.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Не вотева, те прашувам дали имаш желба да научиш нешто повеќе околу ова, ќе ти помогнам, па после, ако сакаш, дојди и ќе дискутираме. Не сакам да те присилувам.
Абе работата е и да пратиш и да не пратиш, јас веќе сум возрасен човек и ги имам одамна изградено моите ставови, било да се национални, религиски, политички(идеолошки), културни и.т.н. така да мало теле се учи, ама возрасен вол тешко дека нешто ново ќе прифати, така да вотева, ти си имаш твои вградени ставови и погледи, а јас си имам поинакви вградени ставови и погледи и тоа е тоа ! :)
 
„Човек учи додека е жив“. Јас не се обидувам да ти го променам мислењето или ставовите, туку да те упатам во тема, за која мислиш дека имаш некакво знаење. Кога веќе сакаш да дискутираш за нешто, барем познавај го нештото...
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
За да донесеш закон имаш:
– предлог за донесување на закон,
– нацрт на закон,
– предлог на закон,
– усвојување на закон.
Собранието е е претставнички орган на граѓаните значи ли тоа дека сите имаме афинитети кон криминал како граѓани што сме ги избрале оние да гласаат закони за нас?
п.с многу сме off topic со муабетов.:)
Собранието е е претставнички орган на граѓаните :cautious::cautious:

– предлог за донесување на закон,
– нацрт на закон,
– предлог на закон,
– усвојување на закон.
= организиран криминал.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Сите имаме еден ист интерес живееле во Македонија или не а тоа е опстанок и просперитет.Доказ за тоа се дезертерството во историјата и отфрлањето на личните убедувања и ставови во нашата држава и прифаќањето на туѓите за да може да се опстане и да се заработи.Бираш или да си сиромашен и да ги следиш сопствените идеали или да си моќен и продадена душа а верувај ми никој не би одбрал да биде Диоген со ламбата.Не денес.Тоа се нарекува игра на тивка манипулација која одредени луѓе на власта многу добро ја играат но повеќе би рекла дека и тие се жртви на повисок степен на манипулација па од избраници на народот се претвораат преку ноќ во криминалци.Секогаш има взаемна корист било на ниво на политика или економија од тоа просперира барем нашава држава а анархијата никогаш не би успеала затоа што човек на човека му е волк и базично сите сме крволочни.Нормален е револтот но ако веќе сме револтирани да се бориме за смена на внатрешното уредување а не против ''државата''.Тоа е како да се бориш со дух.
:facepalm:

Јебеш и тема и све,хаотични,нафрлени муабети, хомо хомини лупус,хокус покус,анархија-утопија, државата е ок ама луѓето се родени грешни,сите си знаеме се без да имаме никаков инпут на инфо за тематиката, ни каде ни како ни кога имало или има анархија, индивидуални или колективни концепти....nevermind...

За да донесеш закон имаш:
– предлог за донесување на закон,
– нацрт на закон,
– предлог на закон,
– усвојување на закон.
Собранието е е претставнички орган на граѓаните значи ли тоа дека сите имаме афинитети кон криминал како граѓани што сме ги избрале оние да гласаат закони за нас?
п.с многу сме off topic со муабетов.:)
Дали избраниците се правно обврзани да изгласаат некаков закон поради кој биле гласани или да направат било што во тој поглед.
За кои и какви закони на пример ти си го гласала твојот пратеник?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom