- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.456
- Поени од реакции
- 5.873
Канцеларијата на ЕУ повикува на спокојство откако во експлозија загина косовски Албанец
Канцеларијата на ЕУ во Косово ги повика граѓаните да го сочуваат мирот и спокојството и да и остават на полицијата да го истражи инцидентот во Митровица, во кој еден косовски Албанец загина откако му беше поставен пластичен експлозив на прозорецот.
- Бев шокиран кога дознав за експлозијата, рече шефот на ЕУЛЕКС Самуел Жбогар. Тој истакна дека мизијата на Еу во Косово, заедно со косовските власти го истражува нападот и ги повика „сите заедници да го сочуваат мирот и да го остават ова прашање во рацете на полицијата.
Во северниот дел на Митровица, населен претежно со Срби, загина еден Албанец, откако му беше поставен пластичен експлозив на прозорецот. Во инцидентот полесно се повредени неговата сопруга и четирите деца.
Косовскиот претседател Атифете Јахјага го осуди нападот и изјави дека „насилните акти спрелчуваат воведување на владеењето на правото, посебно во северно Косово“.
Засега се уште не е познато дали нападот е етнички мотивиран.
--- надополнето: 9 април 2012 во 16:54 ---
Инцидент во северниот дел од Косовска Митровица
Група Срби спречија денеска припадници на косовската полиција да постават стражарски објекти во северниот дел од Косовска Митровица во непосредна близина на зграда во која во неделата во експлозија на бомба загина косовски Албанец, а две негови деца се повредени.
Во момент кога косовската полиција се обиде да постави стражарски објекти, се слушна сирена за предупредување по што граѓани од српска националност се собраа и уништија една од двете стражарски куќи.
Срби кои спречија поставување такви објекти и понатамуи се на местото на инцидентот. Косовските полицајци се повлекоа по инцидентот во јужниот дел од градот.
--- надополнето: 9 април 2012 во 16:56 ---
Замислете да беше убиен некој србин , цел свет ќе разбереше.