Абе ок, судииве прават грешки очигледно. Некогаш во наша корист, некогаш не. Некогаш во корист на Барселона, некогаш не. Муабетот е дека ако земеме се на се, од почетокот на сезонава до сега, никој посебно не е потпомаган или форсиран, а некој да е намерно оштетен. Затоа премногу фушерајски муабети ми се дека еве ние сме таму кај што сме поради судиите(биле добри или лоши). Како еден фан на Барса што прочитав пред една недела, кого селективо ги маркираше сите грешки во корист на Реал, и на штета на Барса. По неговата математика, наместо 10 поени предност на Реал(во тоа време), ако судиите биле фер, требало да биде негде околу 8 поена предност за Барселона

. Од такви муабети ми се сере, па гледам и ние да не почнеме да преминуваме во "Зоната на самракот"
Ко за вчера на пример, имаше чист фаул над Роналдо и црвен за батето од зад грб што го згазна за лева пета.Роналдо не би паѓал ко покосен сам пред гол. И ние видовме, ама како што кажа ElNino, дури по 4-5 прегледување на случката... а не па судијата што нема втора шанса.
Исто така и она со Виљареал беше судиска лакрдија, и бевме оштетени.
Ама сега сите реално да ве прашам. Заслуживме ние, онака 100%, со залагање и притисок (и без промашување на зицери) , да ги тепаме тие? Јас би рекол не.
Исто кога и Барса ги киксаше нејзинте натпревари, кога Меси промашуваше по 2-3 100% шанси, и наместо да си ги бараат грешките во своите редови, они го кудеа Росел дека малце се карал у Федерација, па Перез ги врбувал судиите
Целава работа и Мурињо ја знае. Не е глуп човекот да не види што промаши вчера Бензема, па и Роналдо. Муабетиве по судииве се само екстра притисок кон нив, и создавање ситуација дека еве и ние можеме да бидеме жртва на судиска неправда(што всушност и не е лага), и очекување на пофер пристап во идните натпревари. Исто како и во лига на шампиони ... "сега знаеме кој треба да е шампион"
