Да, јас комплетно се согласувам со тебе, но добро знаеш дека Венко (според неговата колумна) не му покажал на месарот каде му е местото, туку напишал колумна каде ја искажал својата револтираност од нискиот квалитет на услуги кај нас, давајќи за пример случка која му се случила токму нему. Тоа е тоа.
ајде јас ке ти обајснам нешто од услуги од прва рака искуство со таканаречени интелектуалци.
пред многу години имав свој соопствен ртв сервис.
не ми текнува точно знам дека некој празник се ближеше и работа преку глава. доаѓа муштерија со тв си се претстави како некој инжинер во рек( демек учен сакаше да кажи и на позиција). и дека наводно иако има неколку муштерии кои си ги чекаат телевизорите, него наводно му се брзало и ај да не должам инсистираше преку ред. јас фино лепо и најкултурно му објаснив дека тоа е многу тешко изводливо, не ете човекот не бил научен да добие не за одговор., ама исто така не знаел дека таква дополнителна услуга се доплаќа и тоа дебело.
ги тргнав сите телевизори на кои моментално работев и почнав да го работам неговиот како приоритетен.
кварот не беше сериозен и се среди за 15 мин, а тој цело време си чекаше во сервисот. ако тој квар би коштал 500 денари, во неговиот случај му побарав 1500. видно револтиран демек зошто толку, што му направив толку, тој инжинер во рек не земал толку дневница и така натаму и така наваму. јас со мирен глас му одговорив дека
ако е тој инжинер во рек , јас за него тука сум доктор по науки. ако не му се допаѓа цената и услугата , друг пат не ни мора да иди и да бара услуга преку ред, но сега пошто е веќе направен ке си плати или ке си го помини празникот онака без телевизор.
виде не виде си плати, по неколку месеци можеби и година дојде пак за услуга но овај пат не бараше преку леб погача и нормално доби регуларна цена.
така да муабетот е ако има диплома не значи дека вреди повеќе од мене, друго секоја дополнителна услуга се доплаќа и за крај да можам да земам поглема плата од некој си таму инжинер.
во вакви услужни дејности има едно непишано правило.
имате три опции
брзо евтино и квалитетно.... можете да одберете само две од нив.
ако сакате да биде брзо и квалитетно сигурно нема да биде евтино.
за жал инжинерот не го знаел тоа, и го научи на потешкиот начин.
колку венко го знаел ова незнам, треба да го прашаме.
сигурен сум дека госпожата не го знаела, а да си го платеше саламчето наместо 200 денари дипло или тродупло сигурен сум дека месарот директно во тацна ке и ги наредше за таа ич да не се мачи. насмевката гратис ке и беше. а вака ем нејки да плати ем услугата не и чинела. ајде богати. да и ке напоменам дека никаде не стои дека е правило дека мора да и се наредат под конец туку само да и се сечат. и кај мене во сервисот имаше еден куп алати и инструменти но не значи дека употребата на истите не кошта пари и не одзема време кое некој треба да го плати, посебно ако му се брза, ако бара дополнителна услуга и ако бара преку лебот погача.
п.с и да ден денес си го имам муабетот со дотичниот инжинер, иако оддамна не поправам телевизори и немам сервис. можби затоа што тој ден доби не така евтина лекција од животот, а пошто природно бил обдарен да учи одма ја свати.
лекцијата е дека
има место и време каде можи да се курчи и каде не можи да се курчи. дека не можи да се прави петел на туѓо буниште.
е тоа не се учи на факултет.