Ја еве сум 3та година (генерација 09-13') и за орце имам само пофални зборови. Не реклама, туку мое лично искуство...
Одлично, “андерграунд“ школо лоцирано на Илинденска ББ, кај бивша американска амбасада. Исполнето со многу паметни и културни ученици...Искрено, кога дојдов прва година тука многу тешко ми беше. Повеќето се знаеа, јас никого незнаев и многу ми беше тешко да се уклопам...Али едно нешто е сигурно: Доколку професорите видат дека сакаш да се ангажираш, искрен си со нив и сакаш нешто повеќе да направиш - ќе ти допуштат...
Во Орце имаш шанса да се докажеш, без некој да те оспорува, исмејува и да те посрами пред другите...Доста е старо школото, но сепак е обновено со ПВЦ прозори, врати и венецијанер завеси (за завесите од класовите се даваше пари).
Како и да е, во Орце има толеранција дури и за единиците...Никој не е поинакво третиран и секој има еднакви шанси...Со кецовите највеќе се работи и “кецовите“ никогаш не се исфрлени од друштво. Муабетите се навистина од поозбилен карактер и децата (сепак се деца, со исклучок на некои од 4та кои се 18 години
) имаат поинакви перспективи и дефинитивно имаат понакви идеи...
Кога сме веќе кај идеите, самото училиште иницира учениците повеќе да размислуваат, да создаваат нови и поинакви работи - да се иновативни...
Можеби повеќето го знаат Џеј-Зи директорот, но знаат и дека (мислам во 2009-та година, ако не 2010-та) дојде директорката Сунчица Поповска. Повеќето одпрвин имаа негативни мислења, па дури и јас. Но одпосле дознав дека она многу се залага за учениците и секогаш гледа да е у нивен корист...Така
веќе орце нема кабинетска настава, само заради тоа што учениците така бараа (ја не искрено), но сепак директорката и тука влезе во пресрет...Разговорот со неа може да ви е сосема опуштен, но почитта кон неа секој ја држи на високо ниво...Директорката не само што ги сослушува и помага на учениците, туку и ги наградува, проследете:
Мојот клас, со класен раководител
Снежана Димитрова, беше најредовен во втора година (броејќи вкупно само околу 300 изостаноци цела година, не ме фаќајте за збор) и побара од директорката еден слободен ден. Денот се искористи да се оди во Албанија (во градот Корча) и во општина Пустец, со цел да им се помогне на децата во тоа место. Дури и сега продолжуваме (полугодие 120 вкупни изостаноци). Верувајте, ова е училиште во кое може да се просперира...