Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Во својата колумна, Венко (а и секој друг колумнст) може да каже што сака, затоа што зборува од свој агол со чисто сопствено мислење, без притоа да се грижи да додава нечие друго мислење тука или пак да мисли “што ако на читателите не им се допадне?“

Тоа што во неколку наврати ја споменува тетоважата е исто така негов суд, не е прв ни единствен кому не му се допаѓаат луѓе со тетоважи! А, пак, тоа што зборува за некултурата и непрофесионалноста на месарот... Само ќе речам БРАВО што некој се сети вака убаво јавно и без влакна на јазик да се пожали на таквите. Ги има насекаде, во такси, во продавница, во месарница...
Зарем заслужува поинаков третман младич што зад грб озборува муштеривка, која верувам била дупло постара од него, само заради тоа што се пожалила за начинот на неговата работа??
За образованието на месарот, нема што да коментирам, не може некој добро и квалитетно образован да се однесува така и да бара 40 000 денари плата за сецкање месо..

Не можам да речам дека колумната е напишана “гледајќи“ од горе, туку е баш на место во односот Венко - Месар. Сигурно дека Венко не би го напишал ова ако младичот молчејќи и уредно си ја работел својата работа.
Tи лично се гадиш и не сакаш тетоважи, ок.И го оправдуваш напишаното во колумната.Друга група лично им е мерак тетоважа и не можат да ја сварат колумната и ќе речат браво за некоја обратна ситуација.
Младичот озборувал муштеривка, ок.Грешка.Ама можел и без работа да е после таква реакција.Вчера налетав на сличен случај кога муштериите беа пренапорни, ај помало, ај поголемо.Им беше удоволено и на крај се премислија и не го зедоа месото.Сигурно пак е крив месарот.
А Венко уште полошо постапил.Не му кажал директно на младичот шо му бодело очи, туку напишал во колумна.Уште полош пристап на озборување.Еј, ама ова е Венко со 22 години образование, не е добро него да му бараме забелешки чисто поради 22-те години образование кои мене, а верувам и на други ништо не ми/им значат после ваквата колумна.Или трач, не знам како е поточно.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
И лошиот публицитет е добар публицитет, ќе му направат бесплатна промоција на месарата. А за тоа со учителките и моралот, од кај знаеме на кој начин госпоЖата му „наредила“ на месарчето да и ги подреди парчињата салама, можеби и таа била дрска.
Таа госпоЖата сигурна била нафурана тој ден, а пак овој месаров ич не ја есапел ! :LOL:
Едноставно сите и месарот и Венко и госпоЖата станале тој ден на лева нога и биле подуени и размрчени и среќа што не се фатиле за гуши и коси да се тегнат и тепаат ! :P

СВАШТА ! :tapp:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Работам по струка а во меѓувреме завршив магистериум кај и да наскоро и докторат. Не работам со пациенти само научно-истражувачка работа во главно за странски приватни компании.
:eek:

God help us....:(:вонзем:

Правило број еден: муштеријата е секогаш во право.

Правило број два: ако муштеријата некогаш не е во право, прочитај го повторно правилото број еден.
Дали ако беше на местото на продавачот и муштеријата бараше анално да ја аплицираш саламата пред да му ја исечеш, понизно и покорно ќе го извршеше тоа, повинувајќи се на правилото кое го застапуваш?
Се извинувам однапред поради тоа што те земам како пример, но не ми е јасно како може образувани луѓе да лупаат вакви работи...
 

Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
Tи лично се гадиш и не сакаш тетоважи, ок.И го оправдуваш напишаното во колумната.Друга група лично им е мерак тетоважа и не можат да ја сварат колумната и ќе речат браво за некоја обратна ситуација.
Младичот озборувал муштеривка, ок.Грешка.Ама можел и без работа да е после таква реакција.Вчера налетав на сличен случај кога муштериите беа пренапорни, ај помало, ај поголемо.Им беше удоволено и на крај се премислија и не го зедоа месото.Сигурно пак е крив месарот.
А Венко уште полошо постапил.Не му кажал директно на младичот шо му бодело очи, туку напишал во колумна.Уште полош пристап на озборување.Еј, ама ова е Венко со 22 години образование, не е добро него да му бараме забелешки чисто поради 22-те години образование кои мене, а верувам и на други ништо не ми/им значат после ваквата колумна.Или трач, не знам како е поточно.
Не, напротив, јас воопшто не се гадам од тетоважи, сметам дека се прекрасно уметничко дело.

Ние тука можеме да нагаѓаме дали муштеривката била дрска спрема месарот, дали истиот би ја изгубил работата заради тоа... Но она што со сигурност го знаеме(според колумната на Венко која тука ја анализираме), е дека месарот бил дрзок, зад грбот на муштеривката, вознемирувајќи при тоа следен муштерија, кој патем, не е должен да слуша за тоа. А, за тоа, нели би ја загубил работата??

Зошто Венко не му кажал директно на младичот? -Па затоа што сите знаеме(еве барем од последнава колумна) дека Венко поставува општествени(или барем академски) слоеви, затоа што ете и во такво време живееме, па веројатно сметал дека нема потреба да влегува во било каква дискусија со неучтивиот месар кој очигледно мрзеливо си ја работел работата затоа што не е задоволен од својата плата(за што воопшто не го обвинувам, но сигурно муштериите не се оние кои треба да примаат нискоквалитетни услуги заради тоа и плус - озборување зад грб!)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.992
Поени од реакции
34.383
Дали ако беше на местото на продавачот и муштеријата бараше анално да ја аплицираш саламата пред да му ја исечеш, понизно и покорно ќе го извршеше тоа, повинувајќи се на правилото кое го застапуваш?
Се извинувам однапред поради тоа што те земам како пример, но не ми е јасно како може образувани луѓе да лупаат вакви работи...
:)

Анал-огијата е во ред за во геј порно филм, но реалноста (ако му веруваме на Венко) била таа дека муштеријата побарал(а) парченцата салама да не бида фризбирани на оближната хартија во облик на оклоп на желка.
Ситничарско-мрчаторско барање од разгалено досаден муштерија, но сепак внатре во границите општоприфатените норми за нормално.

Геј-порно фантазиите на (твоја?) жалост не се во границите општоприфатените норми за нормално. Барем не во месарниците.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Не, напротив, јас воопшто не се гадам од тетоважи, сметам дека се прекрасно уметничко дело.

Ние тука можеме да нагаѓаме дали муштеривката била дрска спрема месарот, дали истиот би ја изгубил работата заради тоа... Но она што со сигурност го знаеме(според колумната на Венко која тука ја анализираме), е дека месарот бил дрзок, зад грбот на муштеривката, вознемирувајќи при тоа следен муштерија, кој патем, не е должен да слуша за тоа. А, за тоа, нели би ја загубил работата??

Зошто Венко не му кажал директно на младичот? -Па затоа што сите знаеме(еве барем од последнава колумна) дека Венко поставува општествени(или барем академски) слоеви, затоа што ете и во такво време живееме, па веројатно сметал дека нема потреба да влегува во било каква дискусија со неучтивиот месар кој очигледно мрзеливо си ја работел работата затоа што не е задоволен од својата плата(за што воопшто не го обвинувам, но сигурно муштериите не се оние кои треба да примаат нискоквалитетни услуги заради тоа и плус - озборување зад грб!)
Ако немало потреба, тогаш ни на јавен медиум нема да напишел жалопојки.Најлоша опција.Озборувал фактички.Ама и озборувањето изгледа е ок, ако е од устата/перото на академски граѓанин со 22 годишно образование и неверојатно искуство во локални и светски размери.Пример за сите.
Подобро директно да кажел на типот дека не му е по кеиф слушање таков муабет и готово.Можда ќе се разбереле полесно.Ама изгледа во таков свет сме одамна, полесно е зад грб или далеку од личноста која ја озборуваш да си јак и да јадиш пити бурек.А изгледа и немал инспирација за следната 'колумна'.Со вакво ниво на пишување како последново, слободно можат да го земат во Свет или Крема, па таму нека креираат општествени норми.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Ве читам неколку дена се жестите тука за колумнава...
Мене најискрено ми се допадна и потполно се согласувам со Венко...
Еве еден пример...Месо кај мене дома се купува само од Веро или Супер Тинекс, а и сувомеснати истотака...И со оглед на тоа јас колку пари месечно давам таму има да барам максимално професионална услуга од тие што работат на тоа фрижидерите...Можда им се темни кога ќе ме видат, ама нивни проблем...Има да ме трпат едно 10-15 мин дури си изберам јас што сакам и како сакам...И ако им речам да ги наредат парчињата салама, има да ги наредат...И не само тоа- им барам машината што мелеле месо претходно да ја исчистат пред мене, да ми покажат неколку парчиња месо и јас да им кажам кое да го мелат, а ако е многу големо да го пресечат...Мои пари, мој избор! И со оглед на тоа какви све гнасни производи продаваат по маркетите и месарниците максимално сум пребирлива...Од Тинекс дури и ден претходно не известуваат кога ќе им дојде телешко и ни чуваат парче-две...Откако ќе си отидам нека превртуваат очи колку сакаат, ама пред мене има професионално да се понашаат...Не сум му јас крива што нема тој плата од 40.000...И не значи дека ако му речам да ги нареди парчињата салама дека го потценувам што тој е месар, а јас професор па ајде ќе му се курчам сеа...
А она за пораките на телефон...И на мене ми стигнуваа 24/7 од ВИП за некоја наградна игра...Инбоксот на два пати го празнев, фул ми беше телефонот со глупости од нив...А кога закаснив еден ден со плаќањето на сметката ме исклучија и плус казна од 300 ден платив...
Све на све Венко има право...!
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
ги измешавте лончињата чудо едно:)Венко Е во право, ама начинот на искажување и озборување воопшто не му прилега на интелектуалец:)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.520
Еве еден пример...Месо кај мене дома се купува само од Веро или Супер Тинекс, а и сувомеснати истотака...И со оглед на тоа јас коку пари месечно давам таму има да барам максимално професионална услуга од тие што работат на тоа фрижидерите...Можда им се темни кога ќе ме видат, ама нивни проблем...Има да ме трпат едно 10-15 мин дури си изберам јас што сакам и како сакам...И ако им речам да ги наредат парчињата салама, има да ги наредат...И не само тоа- им барам машината што мелеле месо претходно да ја исчистат пред мене, да ми покажат неколку парчиња месо и јас да им кажам кое да го мелат, а ако е многу големо да го пресечат...Мои пари, мој избор! И со оглед на тоа какви све гнасни производи продаваат по маркетите и месарниците максимално сум пребирлива...Од Тинекс дури и ден претходно не известуваат кога ќе им дојде телешко и ни чуваат парче-две...Откако ќе си отидам нека превртуваат очи колку сакаат, ама пред мене има професионално да се понашаат...Не сум му јас крива што нема тој плата од 40.000...И не значи дека ако му речам да ги нареди парчињата салама дека го потценувам што тој е месар, а јас професор па ајде ќе му се курчам сеа...
заборави да ги споменеш и муштериите кои те чекаат додека ти се изживуваш врз вработените.
пошто имав искуство во малопродажба таквите ги викавме искомплексирани. обично се со нарушено психофизичко здравје, и патат од комплекс на помала вредност. и за да си ја докажат својата супериорност пред самите себе се курчат онаму каде знаат дека нема или неможат да им вратат. на друго место обично никаде ги нема.
и аман со тој муабет мој пари, мој избор.
како само вашите пари да вредат.
незнам што си сваќаат кремчињата под професионална услуга.
професионална услуга е повелете фала пријатно. а не шо мори шо сакаш. толку. фино лепо му кажуваш што сакаш, ти го спрема и пријатно создравје. ако сакате нешто повеќе ке си доплатите. па нели вашите пари вредат, ама вреди и времето негово кое го троши на вашите каприци. а и сигурен сум дека шефот многу ке се израдува ако ради една која го тупи 15 минути за едно саламче ке заминат 15 души кои не се услужени а можеби ке оставеле многу повеќе. на секој сега му се брза и никој нејки да чека. јас лично да бев зад вас и да ве чекав сигурен сум дека ке збрзнеше малце или толку ке се устрамеше што немаше ни да купиш, а другите ке ти свиркаја на бегање. мислам дека ке ги куртулев од еден многу добар муштерија кој парите кои ги остава им ги вади низ нос.
искрено незнам досега како не ви организирале достава до дома, од толку пари што сте им оставиле, оти да не бевте вие веро ке пропаднеше. и барем нема да ве гледаат ако ништо друго.
ама пошто си премногу од големото доброутро не ни очекувам да ме сватиш што зборувам, или ке ме сватиш кога на своја кожа ке осетиш.
п.с и баш ме интересира ако работиш во продавница за чевли дали ке ми ги собуеш старите и ке ми ги облечиш новите.
мој пари мој избор и муштеријата е секогаш во право. а не барам ништо што не е во склоп на работата. некаде тоа е правило , само не е кај нас.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Ве читам неколку дена се жестите тука за колумнава...
Мене најискрено ми се допадна и потполно се согласувам со Венко...
Еве еден пример...Месо кај мене дома се купува само од Веро или Супер Тинекс, а и сувомеснати истотака...И со оглед на тоа јас коку пари месечно давам таму има да барам максимално професионална услуга од тие што работат на тоа фрижидерите...Можда им се темни кога ќе ме видат, ама нивни проблем...Има да ме трпат едно 10-15 мин дури си изберам јас што сакам и како сакам...И ако им речам да ги наредат парчињата салама, има да ги наредат...И не само тоа- им барам машината што мелеле месо претходно да ја исчистат пред мене, да ми покажат неколку парчиња месо и јас да им кажам кое да го мелат, а ако е многу големо да го пресечат...Мои пари, мој избор! И со оглед на тоа какви све гнасни производи продаваат по маркетите и месарниците максимално сум пребирлива...Од Тинекс дури и ден претходно не известуваат кога ќе им дојде телешко и ни чуваат парче-две...Откако ќе си отидам нека превртуваат очи колку сакаат, ама пред мене има професионално да се понашаат...Не сум му јас крива што нема тој плата од 40.000...И не значи дека ако му речам да ги нареди парчињата салама дека го потценувам што тој е месар, а јас професор па ајде ќе му се курчам сеа...
А она за пораките на телефон...И на мене ми стигнуваа 24/7 од ВИП за некоја наградна игра...Инбоксот на два пати го празнев, фул ми беше телефонот со глупости од нив...А кога закаснив еден ден со плаќањето на сметката ме исклучија и плус казна од 300 ден платив...
Све на све Венко има право...!

Скубла една, само твоите пари вределе на светов. Тешко на тие што треба да те послужат. Ми се блуе од такви како тебе
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.992
Поени од реакции
34.383
заборави да ги споменеш и муштериите кои те чекаат додека ти се изживуваш врз вработените.
пошто имав искуство во малопродажба таквите ги викавме искомплексирани. обично се со нарушено психофизичко здравје, и патат од комплекс на помала вредност. и за да си ја докажат својата супериорност пред самите себе се курчат онаму каде знаат дека нема или неможат да им вратат. на друго место обично никаде ги нема....

п.с и баш ме интересира ако работиш во продавница за чевли дали ке ми ги собуеш старите и ке ми ги облечиш новите.
мој пари мој избор и муштеријата е секогаш во право. а не барам ништо што не е во склоп на работата. некаде тоа е правило , само не е кај нас.
Твое право е да зборуваш за што сакаш со колегите, со нив можеш да ги озборуваш муштериите.
Тоа што не можеш е да им мрчиш на муштериите директно.

Различна тема се икомплексираните ликови кои се изживуваат врз вработените и го дрват за 100 грама салама... Но ние тука зборуваме за друга работа која се нарекува квалитет на услугата.

Ако некој што е редовен муштеријата кој остава убави пари во дуќанот, бара на раат да одбере кои производи ќе ги купи и има специфични додатни барања, тогаш тој муштеријата има право на тоа. Ако тоа прави задржување на другите муштерии тогаш одговорниот за тој оддел треба да назначи додатни вработени таму каде се насобрале повеќе луѓе.
Квалитет на услугата.


За твоето барање до продавачката на чевли: сосема валидно барање во продавница која има такво ниво на услуга. Не гледам што е спорно тука, напротив тоа е норма во полуксузните продавници за чевли.
Јас лично бев сведок на случка со мој колега во продавница во Рим. Колегата тогаш имаше проблеми со заебана габична инфекција на стопалата и истите му смрдеа како... да кажеме само дека кога ќе соблечеше чевли во соба, и пред хотел смрдеше.
Кога седна да проба сандали во продавницата продавачката му ги соблече чевлите, зема здив на страна за да се соземе и му ги облече сандалите со насмевка (кисела додуше). Колегата кога ги купи сандалите и остави бакшиш.
Вистинска приказна.

Месарница не се споредува со луксузна продавница за чевли и платите на вработените се соодветно различни... но и нивото на побаруваните услуги е различно и не гледам проблем кога барањето на муштеријата е во рамките на тоа што следува во една квалитетна услуга за тој вид на дуќан.


Впрочем одлуката кое е нивото на услугата е на газдата, не на работникот. Нивото на одлуката на работникот е дали сака да ја работи работата или не, исто како што нивото на одлуката на муштеријата е дали ќе пазарува во тој дуќан или не.
 

Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
Ако немало потреба, тогаш ни на јавен медиум нема да напишел жалопојки.Најлоша опција.Озборувал фактички.Ама и озборувањето изгледа е ок, ако е од устата/перото на академски граѓанин со 22 годишно образование и неверојатно искуство во локални и светски размери.Пример за сите.
Подобро директно да кажел на типот дека не му е по кеиф слушање таков муабет и готово.Можда ќе се разбереле полесно.Ама изгледа во таков свет сме одамна, полесно е зад грб или далеку од личноста која ја озборуваш да си јак и да јадиш пити бурек.А изгледа и немал инспирација за следната 'колумна'.Со вакво ниво на пишување како последново, слободно можат да го земат во Свет или Крема, па таму нека креираат општествени норми.
Види вака, не можам јас да му наредам на Венко да не пишува таква “трачарска“(како што велиш ти) колумна, ниту пак, кој и да е друг може да го стори тоа..
Ама затоа пак, можам, и имам право, да побарам од месарот да ми ги нареди парчињата месо уредно како што прилега, како што би направил секој совесен продавач во еден маркет. Тоа не е ниту одземање време, ниту пак муштериски каприц! Тоа е нешто кое на продавачот/месарот не треба ни да му се каже.

Гледам тебе те мачи тоа што Венко воопшто ја напишал колумната, а мене воопшто не ми е чудно, човекот се осетил непријатно, и решил јавно да го сподели тоа со читателите.
Е сега, и нам некогаш ќе ни ску*чи од нешто па ќе се фрлиме на темата “Мака ми е“ или теми слични на неа за да се пожалиме. Секој, онаму каде што може.
А мислам дека е навистина големо непочитување кон лик и дело на Академик како Венко Андоновски, да се плука само затоа што тој, ете решил да си го каже своето мислење во својата колумна, која (ќе повторам) служи токму за тоа! - Човек да го каже јавно својот став на одредена тема со доза на сатира и критика.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.992
Поени од реакции
34.383
Јас колумнава ја гледам како прилика за дискутирање на (не)квалитетот на услугите во земјава.

Совет за Венко (или некој што можеби го знае), праќањето на несакани електорнски пораки е регулирано во земјава со закон за електорнски спам. Основа за правен случај секако има, а со оглед на општествениот статус верувам и про-боно застапништво е повеќе од можно.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
заборави да ги споменеш и муштериите кои те чекаат додека ти се изживуваш врз вработените.
пошто имав искуство во малопродажба таквите ги викавме искомплексирани. обично се со нарушено психофизичко здравје, и патат од комплекс на помала вредност. и за да си ја докажат својата супериорност пред самите себе се курчат онаму каде знаат дека нема или неможат да им вратат. на друго место обично никаде ги нема.
и аман со тој муабет мој пари, мој избор.
како само вашите пари да вредат.
незнам што си сваќаат кремчињата под професионална услуга.
професионална услуга е повелете фала пријатно. а не шо мори шо сакаш. толку. фино лепо му кажуваш што сакаш, ти го спрема и пријатно создравје. ако сакате нешто повеќе ке си доплатите. па нели вашите пари вредат, ама вреди и времето негово кое го троши на вашите каприци. а и сигурен сум дека шефот многу ке се израдува ако ради една која го тупи 15 минути за едно саламче ке заминат 15 души кои не се услужени а можеби ке оставеле многу повеќе. на секој сега му се брза и никој нејки да чека. јас лично да бев зад вас и да ве чекав сигурен сум дека ке збрзнеше малце или толку ке се устрамеше што немаше ни да купиш, а другите ке ти свиркаја на бегање. мислам дека ке ги куртулев од еден многу добар муштерија кој парите кои ги остава им ги вади низ нос.
искрено незнам досега како не ви организирале достава до дома, од толку пари што сте им оставиле, оти да не бевте вие веро ке пропаднеше. и барем нема да ве гледаат ако ништо друго.
ама пошто си премногу од големото доброутро не ни очекувам да ме сватиш што зборувам, или ке ме сватиш кога на своја кожа ке осетиш.
п.с и баш ме интересира ако работиш во продавница за чевли дали ке ми ги собуеш старите и ке ми ги облечиш новите.
мој пари мој избор и муштеријата е секогаш во право. а не барам ништо што не е во склоп на работата. некаде тоа е правило , само не е кај нас.
Не можеш да споредиш месарница со продавница за чевли...Човек овде за храна се работи..Има луѓе што купуваат за мали деца месо, за да им прават кашички и сигурно нема таквите да речат - Hey dude, ај мери ми 350 гр телешко...! И овој ќе земе било кое парче кое ќе му дојде до рака, на вага и во хартија...Жими мајка! И немој да мислиш дека мене целта ми е да се изживувам врз вработените таму или да го држам редот 20 мин, а другите да ме чекаат позади...Нема врска...Еве за во Веро кога идам има по 2-3ца што работат кај сувомеснати и сирење и 2ца кај месото и морам да кажам дека се стварно фини и толерантни, за разлика од тие во Тинекс...Со едната продавачка дури и муабет си имам...И се случувало да ми рече -"немој од ова да земаш, одамна стои тука, не се троши и сл" и да ми препорача нешто друго...А ако забележам гужва ги пуштам пред мене да купат, а јас разгледувам за тоа време и после на раат си пазарам...
Не се работи за комплекси тука...И јас нема да губам време и толку да тупам ако сум сигурна дека ќе ми се даде екстра квалитетен производ, плус тазе...Ама мало морген тоа...Или ако речам да ги нареди парчињата - тоа си е мое право...Можда за сервирање купувам за гости и сл...Или треба да му се правдам таму на тој...?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom