Во својата колумна, Венко (а и секој друг колумнст) може да каже што сака, затоа што зборува од свој агол со чисто сопствено мислење, без притоа да се грижи да додава нечие друго мислење тука или пак да мисли “што ако на читателите не им се допадне?“
Тоа што во неколку наврати ја споменува тетоважата е исто така негов суд, не е прв ни единствен кому не му се допаѓаат луѓе со тетоважи! А, пак, тоа што зборува за некултурата и непрофесионалноста на месарот... Само ќе речам БРАВО што некој се сети вака убаво јавно и без влакна на јазик да се пожали на таквите. Ги има насекаде, во такси, во продавница, во месарница...
Зарем заслужува поинаков третман младич што зад грб озборува муштеривка, која верувам била дупло постара од него, само заради тоа што се пожалила за начинот на неговата работа??
За образованието на месарот, нема што да коментирам, не може некој добро и квалитетно образован да се однесува така и да бара 40 000 денари плата за сецкање месо..
Не можам да речам дека колумната е напишана “гледајќи“ од горе, туку е баш на место во односот Венко - Месар. Сигурно дека Венко не би го напишал ова ако младичот молчејќи и уредно си ја работел својата работа.