На темава...да се смират страстите прво.После, нема да видиме скоро никаква промена ако не видиме промени во врвот.Мислењето ми е вака, иаок сум свесен дека пола е неостварливо поради различни интереси и притисоци.
- Менување на раководството на РФМ.Влегување во РФМ на Пепи Манасков, Стевче Стефановски, Боро Чурлевски, Брестовац и слични поранешни играчи комбинирано со добар спортски менаџмент, ама најмалку од сегашниот состав
- Митков и Филип во аут.
- Поголема минутажа за Диви, за малку да го спуштат Борко на земја.Исто и за третиот голман поголема минутажа, да не е само за украс
- Јоноски да го користат во напад почесто
- Воведување функција психолог во репрезентацијата.Победнички, истовремено и реалистички менталитет, да не се креваме во облаци.Исто и екипа за скаутинг, по можност со нормално секојдневно работно време
- Носење тренер со авторитет, ама не домашен, Балканец или Червар/Вујовиќ.Некој од подалеку, со овие пак ќе се снајдат во врските од типот Металург/Вардар
- Наоѓање начин за намалување на влијанието на Лазаров врз репрезентацијата и трошење место за брат му
- Посветување големо внимание на младинските екипи, таму ситуацијата воопшто не е сјајна.Голем дел од сегашниве играчи се пред залез на кариера, мораме да гледаме долгорочно.Да ги ставаме од млади во оган 18-19 години да стекнат искуство и помалку грешки во иднина, а не да гледаме дебитирање на 25-6.За овие таленти да е задолжена скаутинг екипата во секојдневно работно време, настрана од посебните задачи пред битни натпревари, ЕП/СП.