Бразил-Македонија (8.4.2012 14:15 ч), Скандинавиум арена, Гетеборг

  • Креатор на темата Креатор на темата olaf
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
абе играчиве очи не сакаат да си видат меѓусебе бе.. така мене ми изгледа секој со секого се мрази oсвен браќава... имаме високо искомплексирани и ниско мотивирани особи во екипа читај Борко и Кире и шо сакате појќе.. не им треба психолог им треба по еден СТАП по глава на сите... убаво викаше Колозов на времето "кај шо не помага зборо помага стапо"..
 
Ако се оди како што прогнозирам не верувам дека ќе ја поминеме Австрија.

Откако ни се случи Египет се спремавме за следните евроквалификации и ни се падна Исланд.Од нив изгубивме доста можности за пласман на светска/евро завршница.Кога мислевме дека ќе се скрши малерот кога за у бараж ни се падна Израел пак студен туш-Израел не декласираше со 10 гола на нивни терен,па потоа дојде Унгарија.
 
Дури сега сваќам зашто Раде Стојакович рече нема да играм са репрезентација дур не се сменат некои нешта ова го кажа кога ко демек го избракле поради недисциплина пред светско во Хрватска
 
Да бе гледам Раде и Манасков коа играле сите медаљи ги имавме....Абе Кире да не ни е немаше ни квалификации за европско да минеме а камоли 5-то место у Европа...

А сега што направи Кире на овие квалификации па не можеме Бразил да го победиме. Кај Бразил имаше некој играч со екстра квалитет како што е кире? Немаше, играа како репрезентација сите тимски, а кај нас еден човек е репрезентација. јас сакакм да маме репрезентација како бразил, без ѕвезди и да играат со срце, и тогаш никој нема да биди критикуван и да изгубат, и да не се палсираат, ама знам дека се борат за макеоднија и за знамето и за химната.
 
абе голманине на бразил имаа 5 одбрани цела утакмица и пак не тепаа...нека одат нека се утепаат нашите во три утакмици имаат 100 грешки
 
А сега што направи Кире на овие квалификации па не можеме Бразил да го победиме. Кај Бразил имаше некој играч со екстра квалитет како што е кире? Немаше, играа како репрезентација сите тимски, а кај нас еден човек е репрезентација. јас сакакм да маме репрезентација како бразил, без ѕвезди и да играат со срце, и тогаш никој нема да биди критикуван и да изгубат, и да не се палсираат, ама знам дека се борат за макеоднија и за знамето и за химната.
 
Морам да признаам дека не се подготвувавме за Бразил премногу, повеќе акцент ставивме на првите два натпревари. Бразил во текот на целиот меч ги препознаваше нашите акции, играа во длабока зона, па можеби оттаму имате констатација дека играчите премногу солираа. Јас не се согласувам со тоа

Овој нормален ли е :pos:

Ова е ВРВ! :facepalm:
 
Кога веќе ја почнавте темата сакам да напишам нешто.
Голема е разликата помеѓу Шундо и Марин.
Марин е се она што Шундо не е и нема да биде. Стратег, авторитет, знае да влијае на психа, знае да сподели емоции, анализира, скенира противнички тимови, знае да повлече потег кога треба но и да бара тајм аут кога е значајно.
Исто така голема е разликата и помеѓу Антич и Кире. Не го оспорувам квалитетот на Кире и на се она што го даде со својата игра, но според мене Кире е премногу во облаци, Антич не е таков.
Голема е разликата и помеѓу Дејан Лекиќ и Врба Стефанов од една страна и Михајло и браќата Начевски од друга страна. Едниве се трудат и модернизираат, другиве се трудат само околу бизнис интересите.

Се плашам но и не сакам уште од сега да им се направи притисок на кошаркарите, вие сте единствена надеж, вие мора да успеете по секоја цена. Ако тоа го очекуваме од нив тешко дека ќе успееме. Мора да извлечеме поука од ова што се случи сега и да не направиме и таму непромислен потег.
Тука Крејзи над мене со постот убаво си напиша да не се повтараме. Психолог, психијатар, физичка кондиција, анализа, специјален режим на исхрана, работа, тренинзи, КАРАНТИН (а не да ми се сликаат во фан зона со фановите)
Потполно во право си за се...
Видете кој стои зад РФМ(Начевци-читај дилери на карти),и се е кажано...
Се додека во РФМ се шетаат такви потрчковци и мешетари ќе имаме вакви скандали со селектори(од нафталин извадени),со играчи кои сосила се туркаат во репрезентација....
Треба професионалализиција во ракометот,а не терање бизниси со најсветиот дрес.....
П.С.
Капак на се,се степаа меѓу себе пезетајрите од фалангата...
Така е кога на кадро не кадро се овозможува ГАГА да седи 3 дена во хотел....
За ваква стока и шатор пред сала е многу....
Секоја чест "TIFOZI":гик:
 
Дури сега сваќам зашто Раде Стојакович рече нема да играм са репрезентација дур не се сменат некои нешта ова го кажа кога ко демек го избракле поради недисциплина пред светско во Хрватска

Па кажа јасно имаше гз да зборува додуша од Михајло промени не треба да се очекуваат, сега Шундо нема одговорност ќе не носи на нови искушенија во Јуни.
--- надополнето: 8 април 2012 во 18:23 ---
абе играчиве очи не сакаат да си видат меѓусебе бе.. така мене ми изгледа секој со секого се мрази oсвен браќава... имаме високо искомплексирани и ниско мотивирани особи во екипа читај Борко и Кире и шо сакате појќе.. не им треба психолог им треба по еден СТАП по глава на сите... убаво викаше Колозов на времето "кај шо не помага зборо помага стапо"..

Тоа е така бидејќи нема ауторитет се прави како ќе се стигне.
 
Пред да ме искритикувате ЗНАМ(!!!) дека кире бил најдобар и ни носел победи и бил најјак и бил рекордер и имал давано највише гола и све тоа го знам - не ме цитирајте и да ми ги пишувате овие работи!!!
Меѓутоа, горенаведениве успеси не му помогнаа на Кире на никој начин и не придонесоа во овие квалификации! Баш напротив, мислам дека реномето што го носи на некој начин го натера да се искурчи и да се стави над другите и оддма ФАУЛ, грешка во чекори или како сакате, така колектив не се прави на никој начин, неможе да биде прв меѓу еднаквите затоа што најверојатно не се сметаше за еднаков! Единствено повеќе мерак ми направија Мојсоски посебно денеска и Миркулоски, другиве барем мене лично мене ме разочараа, кој помалку пој повеќе! не дека се лутам и дека нема да гледам повеќе ракомет или дека му посакувам на андерсон детето мртво да му се роди:facepalm:, едноставно тоа е спортот од 4 екипи мораше некој да испадне, а тука владеат многу различни фактори, од тренер па се до врвките од патиките и несакам да кажам многу лоши зборови поединечно освен оние за кои што тие зборови се веќе општо познати факти.
И со оглед на усковите кои ги има македонија за развој на спортот во споредба со скандинавциве и остали, богами добро е што колку толку сме надвор од мртва точка.....
 
Морам да признаам дека не се подготвувавме за Бразил премногу, повеќе акцент ставивме на првите два натпревари. Бразил во текот на целиот меч ги препознаваше нашите акции, играа во длабока зона, па можеби оттаму имате констатација дека играчите премногу солираа. Јас не се согласувам со тоа

Овој нормален ли е :pos:

Кој го кажал ова? Кире? Има некаде линк?

И ме нервира во ситуацијава што упорно не признаваат дека згрешиле. Кажете бе, се зезнавме, што би рекол СреЌко “То је то“ и готово. Постојано бараат оправдувања и ниеднаш не рекоа - до нас е, ние ја зезнавме работата, лоша ни беше одбраната, стратегијата, ватевер.
Излага работава Цацко е крив или немањето среќа, а не самите играчи/Шундо. Или моментот ние сме топ, ама малку фалеше. Ме нервира кога нема самокритичност, не само кај спортисти, туку и општо кај луѓето.
 


на терен мислев, да не себичат, да не играат со роднински врски, џабе химна ми пее ког ауценува брат м уда игра, истот важи иза мојсо. имали ли вакво нешто во бразил?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom