Минати примери можат да послужат за да се увиди како се однесуваат нашите репрезентативци кога имаат тренер кој има свое јас, кој сака да го воспостави својот авторитет.
Не навлегувајќи во тренерските квалитети на Вујо (иако две раце ставам дека е 5 пати подобро тактички поткован од Шундо и барем има некаков game plan) несомнено е дека човекот има глас, има авторитет и го користи врз секој. Тој беше селектор кога игравме бараж со Словенија која тогаш ако не се лажам беше водена од Каменица. На првиот натпревар имавме поднослив пораз од 4-5 гола, нека ме поправи Др.Томасино, но на вториот натпревар кој се играше на Кале ни се случи распад на системот на игра и неуспеавме да се пласираме
Многу повеќе заклучоци може да се извлечат од однесувањето на нашите ракометари кон Цевак. Е тоа беше класично рекетирање од страна на сите, почнувајќи од Борко кој беше најгласен и потоа го избрка и од Вардар, па Кире и целокупниот контингент на Металург. Тоа што ни се случи во Турција на тој турнир беше срамно. Не би сакал сум бил на место на Савевски тогаш. Твоите играчи да те изневерат така и да те остават цедило. Од целата таа епизода можеше да се види дека нашите не трпат авторитети на клупа, не сакаат некој да им укажува на грешките и не им го гали егото.
Прескокнувајќи ја епизодата на Темелковски, потоа наголемо се зборуваше за преземањето на репката од страна на Лино. Јас, иако сум навивач на ВАРДАР, и се согласувам со Naumdb,Illumnious и Др.Трупер
околу недостатоците на Лино, сакав да видам што тој може да постигне со овој тим. Тогаш дојде оноа интервју на Лазаров ако се сеќавате, кога збореше за целосно македонски тим со македонски тренер и јасно можеше да се види дека не го сака Червар за селектор.
Сума сумарум, длабоки резови во сопствените ега треба да има и кај Кире,Мојсо,Михо,Минчо и компанија за да се постави авторитетен тренер кој ќе си брка своја работа.
А тоа изгледа далечна желба.