Полуписмен е оној кој врска нема од ништо, освен од чкљ музика, средно завршил, колку да се рече, и животна амбиција му е да оди на Цеца.
А повеќето месари, касапи, чистачки и фризерки.... спаѓаат во оваа категорија. Тоа што некој се двои, не значи и дека сите тие, се писмени.
А Бил Гејтс, Стив Џобс, и уште неколку други, се ИСКЛУЧОЦИ кои го потврдуваат правилото.
Значи, секој што оди на концерт на цеца, мора да е полуписмен?
Онака,успеал да прочита од плакат дека ќе настапува цеца..и ништо друго!
“Касапи,Чистачки,Месари,Фризерки ако се неписмени тогаш што за тебе е писменост?
Морам да ти одговорам на ова, али прво да знаеш дека овие 4 работи што ги наброи не се поим за неписмен човек туку се поим за занает. Е сеа, како тука занает, така што не може секој касап да биди туку треба да има анатомско познавање од глава до пети на животното пред да го заколи и да знае убаво да го раздели дел по дел...тоа нешто е што не го можи секој, колку само се гадат од крв и ред други работи. И да, касапите земаат добра плата, имам вујко касап, завршил економски на времето, и никако не се вработил а денес работи како касап, секој 3 месеци оди романија и си иди со добра пара. Ете ти го скршив стереотипот за касапите.
Чистачка, како што кажа можи секој да биди што не сакал да се помачи за друга работа,али што кога некому не му се отворил никаков пат до вработување па почнува со чистачка?Чистачка ја викаат таа што мети по возовите, градски автобуси и станови за 100 денари.Во државните институции има ХИГИЕНИЧАР назив, е сеа тука има луѓе што успеале да се снајдат,значи може да зема повеќе плата и од некој стоматолог што завршил и работи во некоја приватна ординација за 10.000
Фризерите не ги чепкај, зашто има разлика од локален бербер што знае кец-фризура да стрижи, до фризер-стилист. За фризер треба да се има уметничка жица, некој црта,некој пее, некој свири, а типов е еден вид на „вајар“ со косата. Ако е добар ќе знае да направи од тебе лепота ако не, јебига, смени го фризерот. За фризер не е само 6 месечниот курс за како се држи машината и се менуваат “чешлите“ за стрижење. Има , многу, многу работа и труд за таа професија што ја сметаш за ниска и полуписмена.
Мерило на платата која некој треба да ја добие како и општествениот статус, е интелектуалната способност и труд.
Земјоделецот ќе работи физичка работа, но тој што ги смислил/произведува/усовршува тракторот ќе зема поголема плата од него. Како што архитектот ќе добие повеќе пари од плочкарот. Машинскиот инженер од работникот на некоја машина... итн.
Сосема нормално. Првиот осмислува, планира, изведува, другиот работи тоа што ќе му кажат - не вложува интелектуален труд поголем од неговиот претпоставен.
Значи према тебе, доколку нивата даде добар род, треба да му се поклонат на тракторот кој ја изорал нивата, на мотиката која копала, или на цревото со кое се наводнувала?
Дефинитивно овие работи немаат клучна улога во земјоделието туку само ја олеснуваат работата на земјоделецот, кој пак е само клучен фактор дали нивата негова ќе има добар род или не.
Имаш тука тактики, дали е орана нивата, дали е посна или “мрсна“ земјата, како се садени,наводнувани овошките, па колку грижа и “техника“ вложил..значи не е само плукни залепи.Ја мислам тука дека земјоелецот има најголема улога, наспроти производителот на трактори. Производителот патентирал одредено возило и зема пара за него-нормално.Ама тракторот не дава јаболка, тракторот не сади јаболка, земјоделецот е тој кој си ја олеснува работата со тој трактор.
Па сигурно нема да си го потценам моето знаење. Има работа, треба да знаеш да ја најдеш. Со спиење, не се наоѓа.
Башка, да, интелектуално вредам повеќе од повеќето фризерки. Познавам многу од нив, и нивните способности и амбиции... жал ми е, но навистина ми е под чест да се споредам.
Тоа не мора да значи за ,,сите,,. Другар мој нема ни средно, па верувам дека знае за автомеханика итн. во поглед на автомобили повеќе од многу автомеханичари.
Значи, пред да го испуштиш твојот здив од јоносверата, симни се малку на земјата да разговараме како луѓе.Дигање его над облаци не е секогаш примерно а ниту се покажало како полезно. Само лажно пумпаш его,верувај ме барем од психолошки аспект го знаеш тоа.
Фризерка како фризерка кажа дека може да биди секој. Ама вистински фризер не. Ти можеби одиш кај некоја локална фризерка која научила како се држи ножица и да кратки влакна од главата. Тоа не е фризер тоа е СКРАТУВАЧ НА ВЛАКНА. Истото го можеш и сама дома.
Фризер е човек со мала жичка на уметност во него, стилист поточно кажано. Оној кој знае да ти ја среди косата како што треба, а и нормално нема да ти збори постојано за турски серии, пошто ако ги гледал тие работи по цел ден сигурно немало да успее да биди успешен фризер. Тоа ми е муабетот, од фризер до фризер има разлика, како што од таксист до таксист има. Иако 80 % ќе се согласиме дека таксистите се подвижна временска прогноза и платени манијаци со крш коли, сепак ќе најдеш добри интелектуалци во истата таа професија без да имаш предрасуди за таа професија.
Само еден член отворено изрази сомничавост према тетовирани луѓе.
Не е поентата колку е некој тетовиран. Јас лично обожавам тетоважи и тетовирање, сега имам една, наскоро ќе правам нова. Но не сакам кога некој треба да ме услужи (лекува, донесе храна...) да се гледа било што на него што зборува за неговиот личен живот. Еднаш лежев во болница, после операција, и ми доаѓа докторката со нокти-канџи. И што сакаш да помислам? Баш и се убави? Јас со рана, таа со нокти, а секакви чуда има по болниците.
Професионалниот однос подразбира кодекс на однесување и кодекс на облекување.
Види сега, без разлика колку членови се изјасниле за тетоважи, јас го тврдам спротивното, заради тврдењата дека ако е некој тетовиран има затворско минато,разбојник,наркоман и останати работи. Јас на пример имам 4 тетоважи на мене, и нормално летно време се гледаат. Имам и пирсеви. Али сето тоа не ме прави да сум наркоман туку сум љубител на Body-Art.Секој има различна перцепција за уметност и различно ужива во неа. Додека за еден слика нашлакана со неколку бои е тешко срање, за друг е високо-уметничко дело и истото има голема вредност. Значи секој различно ужива во уметноста.
За тоа дали ќе те служи некој со нешто што зборува за неговиот личен живот, не можеш да одбериш. Косата зборува за неговиот личен живот. Очите. Брадата. Телото. Облеката. Лузни на лицето.
Ако има попадната коса, ете ти еден доказ за неговиот личен живот дека ставал многу гел, или па генетски има наследно опаѓање на косата. Ако има помодрено око, имаш доказ дека некој го нашлакал добро. Ете ти уште еден доказ за неговиот личен живот. Ако е дебел, ете ти уште еден доказ дека неправилно се исхранува. Ме разбираш? Значи нема веза ако му се гледа тетоважата, таа слика на негово тело нема воопшто да те повреди, исто како фризура што нема да те повреди..
Се е до тоа, колку потпаѓаш на стереотипи.
Тоа ти е како, учителка во основно да им се појави во минич до пич, деколте, и мрежасти хулахопки. Како сака нека изгледа надвор од работа, пред децата треба да е пристојно облечена.
Кодексот на облекување во одредени јавни установи е одреден од самата установа. Со самото појавување на таа учителка со мрежасти чорапи, во минич и друго дозволува да биди избркана за недозвлонео облекување спрема кодексот на установата. Ни на банка нема да видиш шалтерски работник по тренерки ниту на школо ќе видиш така дотерана професорка. Е сеа, што ако дојди?
Ако истата таа жена знае да се понаша пристојно, нема ништо да биди освен што скриени погледи ќе има додека е пред учениците...така да нема на некој начин да ме иритира мене или растревожи ако син ми учи 5-то одделение и му предава таква учителка.Сигурно не е дојдена да предава сексуално образование...