Aко некој сака да ја слуша Цеца не значи дека е полуписмен. И БЦ сака да ја слуша Цеца па беше претседател на држава... Има пратеници во Сообрание кои немаат факултети, тоа што се во Сообрание не значи дека се којзнае колку интелегентни, ама земаат поголема плата од Венко сигурно... Син му на Амди Бајрам е градоначалник, а нема ни средно... Ќе кажеш дека е глуп, ама полн е со пари. Не можеш да го процениш човека по тоа дали е касап, чистач, фризер, дали работи на благајна во маркет... цело време кажуваш дека студираш психологија, по која логика ги проценуваш луѓето на овој начин. Ете не сакав да спомнувам примери како Бил Гејтс, Стив Џобс, Цукерберг... Ама такви постојат и кај нас, се разбира не се толку богати оти условите за бизнис во Македонија се далеку поразлични од оние во Америка. Можеби тој касап во Веро штеди за да ги потроши тие пари за школување, можеби после работа учи програмски јазици, програмира, создава некој нов оперативен систем. Многу е погрешен пристапот за тоа да се проценуваат луѓето по нивното образование или по работата која е работат. Не секогаш го работиме она за што сме способни, или она за што сме учеле, и не е тоа исклучок, посебно не во Македонија, млада си, имаш време
Ни јас немам којзнае колкаво искуство, ама пристапот на писателот во колумната е сосема погрешен.