Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
И јас ќе прашав да не живееш ти у друга држава, а не у Македонја? Можеби во Скопје е така, ама во малите градови никако!
Па сите мои другарки и јас со нив, имаме завршено факултет и сите ја почнавме кариерата како анкетарки и продавачки!!! И и за тоа ни требаа врски, препораки и дури извинувања што имаме факултет.
.
Што знам јас сум од Скопје...Инаку да знам има луѓе кој чекаа 3-4 години за работа и си најдоа соодветна на образованието и струката. Ако сакаш веднаш работа може ќе треба и несоодветна на образованието. После ќе си најдеш тоа што ти одговара. Не никаков проблем тоа. Дека некој доктор на науки работи трајно како сечач на салми мало морген...Не се филмајте.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.821
Поени од реакции
8.836
Малограѓанштина, предрасуди....
Кажа тој, за кого сексуално активните девојки се курви :facepalm:
Ај троа замети си го твојот двор, прво.
--- надополнето: 7 април 2012 во 20:16 ---
Aко некој сака да ја слуша Цеца не значи дека е полуписмен. И БЦ сака да ја слуша Цеца па беше претседател на држава... Има пратеници во Сообрание кои немаат факултети, тоа што се во Сообрание не значи дека се којзнае колку интелегентни, ама земаат поголема плата од Венко сигурно... Син му на Амди Бајрам е градоначалник, а нема ни средно... Ќе кажеш дека е глуп, ама полн е со пари. Не можеш да го процениш човека по тоа дали е касап, чистач, фризер, дали работи на благајна во маркет... цело време кажуваш дека студираш психологија, по која логика ги проценуваш луѓето на овој начин. Ете не сакав да спомнувам примери како Бил Гејтс, Стив Џобс, Цукерберг... Ама такви постојат и кај нас, се разбира не се толку богати оти условите за бизнис во Македонија се далеку поразлични од оние во Америка. Можеби тој касап во Веро штеди за да ги потроши тие пари за школување, можеби после работа учи програмски јазици, програмира, создава некој нов оперативен систем. Многу е погрешен пристапот за тоа да се проценуваат луѓето по нивното образование или по работата која е работат. Не секогаш го работиме она за што сме способни, или она за што сме учеле, и не е тоа исклучок, посебно не во Македонија, млада си, имаш време :) Ни јас немам којзнае колкаво искуство, ама пристапот на писателот во колумната е сосема погрешен.
ОК, се ова јас разбирам, ама дали ти ме разбра, тоа не гледам.
Без оглед дали јас сум хирург по професија, а тој е со основно... ако работиме како касапи, иста плата ќе земаме. Без оглед на дипломата која што ја имам - работното место не заслужува плата како за доктор,професор,пилот,генерал,директор........ сосема е ирелевантна дипломата во овој случај, но утре, јас како хирург ќе најдам работа во болница, а тој нема да може. И кога ќе ја најдам таа работа, ќе земам поголема плата од него - сосема заслужено.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Кажа тој, за кого сексуално активните девојки се курви :facepalm:
Ај троа замети си го твојот двор, прво.

Зошто наметнуваш зборови? Каде сум кажал такво нешто?
Ако немаш нешто паметно да кажеш, а очигледно немаш, тогаш претрај си, не биди мизерна со наметнување твои зборови како туги, колку да не испаднеш будала во очите на другите.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Незнам за вас, но јас повеќето лица кои што лично ги познавам, а кои имаат завршено високо образование, во поголемиот дел од случаите(не 100%) работат по струка, значи зборам конкретно за овде во Скопјево, незнам како е во другите градови и гратчиња низ Републикава !
ОК точно има и такви(несреќници) кои учеле и завршиле некаков факултет, дури и со висок просек, но сепак работат сосема некоја друга струка, а и платени се мизерно, но тие се во помал број и затоа ги нареков несреќници т.е. баксузи !
Е сега тие што завршиле факултети во минатото(повозрасните) скоро сите работат по струката, но проблемот е со новиве факултетлии, денеска е малку потешко да најдат веднаш работа по струка откако ќе го завршат факултетот !
Еве на пр. само на моја улица има тројца тазе дипломирани Економисти, двајца тазе дипломирани правници и еден тазе дипломиран инженер(мислам дека машински) кои завршија со високи просеци, но во неможност да најдат веднаш работа си продолжија и понатака со образованието !
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.078
Поени од реакции
23.529
абе луѓе незнам како не ви е јасно.
порано си беше порано.
сега е сега.
работа нема за никој, а овде само се штанцаат дипломи.
па ајде се штанцаат па уште и сите очекуваат дека одма ке најдат работа, па уште за тоа што учеле. па и пребираат.
не гледате дека 30 % невработеност има. треба да бидат среќни и воопшто што нашле работа.
мислам дека очекувањата ви се преголеми од реалноста.
а вреднувањето дека имате диплома некако ептен си го ставате на срце. не сте вие криви, така ве учеле вашите. е да ама вашите ко завршиле факултет одма оделе на работа( требало не требало), државно беше. кадри стручни немаше баш. не беше македонија високо развиена земја туку бачило.
сега читам некој предлага да не можат сите да одат на факултет.
е добро кој да оди. богатите??
тие што веќе нивните родители се начукани на такви високоплатени места. нешто лозата да не им се прекини.
глупости на квадрат.
ако веќе се ограничува бројот има друг начин за тоа далеку пофер. после средно еден тест за интелегенција па кој има капацитет нека оди и нека му плати државата онаму каде што сака да оди. наместо да имаме 1000 души со диплома ке имаме 10 ама ке вредат повеќе од 1000.
така да ни роднини ни пријатели, ни крвна слика ни лоза.
само гени. што дека е од сиромашна фамилија или од непозната кога детето им е капацитет, и што дека двата родители му се доктори а овај има интелигенција на ниво на растение.
а веќе ако е глупо толку и не го помини тестот, а родителите им се богати нека го пратат и му платат некаде приватно во странство. да не му го троши вниманието на тие тука кои стварно заслужуваат. па после нека му отворат бизнис и нека се курчи.
пофер од ова амин. на тест на интелигенција или ја имаш или ја немаш, па кој сака нека се твоите.
 
T

Tetro

Гостин
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Муабетов му е јас мозок, ти лопата!
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Незнам за вас, но јас повеќето лица кои што лично ги познавам, а кои имаат завршено високо образование, во поголемиот дел од случаите(не 100%) работат по струка, значи зборам конкретно за овде во Скопјево, незнам како е во другите градови и гратчиња низ Републикава !
ОК точно има и такви(несреќници) кои учеле и завршиле некаков факултет, дури и со висок просек, но сепак работат сосема некоја друга струка, а и платени се мизерно, но тие се во помал број и затоа ги нареков несреќници т.е. баксузи !
Е сега тие што завршиле факултети во минатото(повозрасните) скоро сите работат по струката, но проблемот е со новиве факултетлии, денеска е малку потешко да најдат веднаш работа по струка откако ќе го завршат факултетот !
Еве на пр. само на моја улица има тројца тазе дипломирани Економисти, двајца тазе дипломирани правници и еден тазе дипломиран инженер(мислам дека машински) кои завршија со високи просеци, но во неможност да најдат веднаш работа си продолжија и понатака со образованието !
Побрзо расте бројот на високо образовани без работа. Додека тој на со средно и основно стагнира. Во денешно време полесно е да најдеш работа со средно во градежништво одколку со факултет посебно економски и општествените науки. Не дека е лошо што создаваат многу високо образовани. Тоа е добро економијата се прешалтува од техничари на високо образовани. Проблемот е што тие високо образовани ја чината државата пари кој ги дала за нивно образование.
Инаку можам да ти кажам за мојава струка порано имаше тон кандидати за Медицински факултет сега има се помалку и помалку. Порано сите сакаа на клиника сега сите што ги бива отидоа во приватните болници. Плус многу лекари во последните години заминаа во странство посебно во Слованија и сега Германија. Има пак невработени од тие што се тазе завршени ама после 2-3 години гледам сите се снајдоа некако.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.011
Поени од реакции
34.409
Во првиот дел малку елитистички ама не дека не се согласувам, овде кај нас уште не слушнале дека муштеријата е секогаш во право.

Вториот дел инаку, е хајлајт на текстот. Одлично!
Впрочем ова е колумна, човекот има право го напише сопственото мислење... а дали вам тоа ќе ви се допадне -тоа е веќе ваша работа.
 
Дали и ти работиш по струката т.е. како доктор, бидејќи самиот кажа дека си завршил Медицински факултет уште пред неколку години или пак специјализираш, магистрираш... !
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Дали и ти работиш по струката т.е. како доктор, бидејќи самиот кажа дека си завршил Медицински факултет уште пред неколку години или пак специјализираш, магистрираш... !
Работам по струка а во меѓувреме завршив магистериум кај и да наскоро и докторат. Не работам со пациенти само научно-истражувачка работа во главно за странски приватни компании.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.821
Поени од реакции
8.836

Зошто наметнуваш зборови? Каде сум кажал такво нешто?
Ако немаш нешто паметно да кажеш, а очигледно немаш, тогаш претрај си, не биди мизерна со наметнување твои зборови како туги, колку да не испаднеш будала во очите на другите.
Мене ми зборува за предрасуди, човек кој е полн со нив.
Навистина, навистина морам да се замислам.....
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Во првиот дел малку елитистички ама не дека не се согласувам, овде кај нас уште не слушнале дека муштеријата е секогаш во право.

Вториот дел инаку, е хајлајт на текстот. Одлично!
Впрочем ова е колумна, човекот има право го напише сопственото мислење... а дали вам тоа ќе ви се допадне -тоа е веќе ваша работа.
Погрешно е тоа дека муштеријата е секогаш во право ;)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.078
Поени од реакции
23.529
Во првиот дел малку елитистички ама не дека не се согласувам, овде кај нас уште не слушнале дека муштеријата е секогаш во право.

.
кој ти рече.
од каде таква идеја дека муштеријата е секогаш во право.
то само онака лице кога се прави, иначе не муштеријата скоро никогаш не е во право , само така се чувствува.
ова некако како напамет зборување ми иди, практично искуство ич.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.011
Поени од реакции
34.409
Правило број еден: муштеријата е секогаш во право.

Правило број два: ако муштеријата некогаш не е во право, прочитај го повторно правилото број еден.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom