Дали треба да има повеќе вакви паркови?
Да, ама останува прашањето кој ќе плати за тоа... и зошто некој што нема ништо заедничко со чување кучиња би требало да плаќа за изградба на паркови за кучиња во иста мера како сопствениците на кучиња.
Наместо да се поздрави првиот парк за кучиња, се пљука и се пцуе. А всушност проблемот не го имате со условите во паркот туку со фактот дека има најави за конечно почнување на примена на законот за домашни љубимци (маска, ланец, забрана за дефецирање (шетање) по тревни површини во парковите).
Логиката е дека твојот I-phone не дефецира по тревни површини (за разлика од кучето)....
Изгледа, слабо ме прочита што напишав, а уште помалку и си ме сфатил. Не плукам по идеатата, како таква. Плукам по реализацијата на истата. Доколку сакаш да направиш нешто, кое што ќе им го олесне секојдневниот терор на еден добар процент од народот кој чува кучиња, ондак тоа треба да го реализираш на пристоен начин, ако целта ти е навистина да сакаш да помогнеш со изградба на ваков парк. Но, доколку правиш нешто, само за останатиот дел од народот да земе сила и да јаде бурек на овој претходниов народ, дека кучињата треба да се шетаат само во тој одреден простор, кој реално не е доволен, ондак си ја утнал работата. Ако веќе се прави парк (а се направи, каков-таков), треба малку да се распрашаш, од што имаат потреба сопствениците. Значи, тој парк, според мене, е наменет само за мали кутриња.
1. Оградата е премногу ниска, моето куче може да рипне повеќе, причина прва зашто не би го пуштила таму.
2. Просторот е премногу мал, џабе патот ми е да идам до тој парк, кога дома имам поголем двор од паркот за кучиња.
3. Пренатрупан е со триста чуда и врагови кои, едноставно немало потреба да бидат таму.
Единствена добра работа е што, бар има фонтана за кучиња, и тоа е единствената причина поради која ја би влегла со моето куче во тој тн. парк.
Доколку, јас знам дека и да дадам одредена сум на пари и тие пари ќе се користат за павилни цели (извини Аргаси), ондак не би имала проблем со тоа да платам за таа изградба, а да, тие што немаат кучиња, немаат ни потреба да плаќаат за изградба на повеќе паркови? Ондак, ако и тие не сакаат да плаќаат, нема ни што да се бунат за тоа дека кучињата се шетаат и по други тревни површини. Ако гледаш така, јас немам никаков ќар од проектов 2014, па пак и јас сум придонела за да се изгради еднакво како тој што има ќар од истиот.
Мојот проблем не е до најавата за зацврстување на законите, затоа што мислам дека сум и единствена која што ги почитуваше истите, пред да се казнува за нив (маска, ланец, забрана за дефицирање....), моето куче не оштетува ниту една јавна површина, туку (ако може да се нарече а не е така) оштетува моја лична приватна површина, за кој јас си ги сносувам трошоците за одржување. Мојот проблем е конкретен, а тоа е изградба на нефункционален парк за миленици. Али тука останува пак тој прашалник, можеби наредниот ќе биде подобар (ма да не верувам)...и сигурна сум дека сите одговорни сопственици на кучиња го делат моето размислување...