Во што готвите? Избор на кујнски прибор (тави, тенџериња, ножеви и тн.)

  • Креатор на темата Креатор на темата Сабазиј
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.667
Немаше ваква тема.
Освен што е важен квалитетот на она што го јадеме, верувам дека е важно во што се подготвува храната.
Во што е најпожелно да се готви? Во што готвите вие или вашите дома? Во метални тавчиња и тенџериња, во стаклени садови, во глинени тави,
Готви ли некој на пареа? Гледам дека се продаваат некои апарати наменети за тоа па ме интересира, дали некој пробал.
 
Имам варено зеленчук на пареа.
 
Последен пат успеав да се запалам со вода ( да убо прочитавте со вода ) и од тогаш имам забранет пристап во кујната така да не готвам -.-
 
Секоја храна си бара, користам соодветно со храната, за варење, за пржење, за печење.
 
Пред некој ден готвев во кинески вок она длабоко тавче и ко божем турив зејтин да пржам храната испадна нешто како варена/динстана многу чудо неможе да се запече и стане црвенкасто-кафеаво месото. Чудно како формата на тавчето влијае врз готвењето на храната.
 
Последен пат успеав да се запалам со вода ( да убо прочитавте со вода ) и од тогаш имам забранет пристап во кујната така да не готвам -.-

Па што не си фрлил оган за да се изгаснеш!?
Ми требаа 5 минути за да го протолкувам УБАВО твојов пост.
 
зависи, некад во тенџере (кога праам за сите) а некад во тава (кога пржам јајца или зеленчук само за мене)
 
^исто мислам готвам и онака на брзинка нешто јајца компирчиња пржени салатичиња и не е некое готвење али тавче е :)
 
Со оглед на тоа дека знам само кајгана и шпагети да правам, не сум многу пребирлив...
 
Па што не си фрлил оган за да се изгаснеш!?
Ми требаа 5 минути за да го протолкувам УБАВО твојов пост.

хахахаха. Па правев макарони пошто мајка ми беше на болница и јас батето паметен преку телефон ми кажуваа како да прам и се напрајв ко шо треба само никој не кажа дека се дотурва вода по потреба и јас си се заиграв на PC,водата си испари тие се залепија и толку пожар :)) Ова беше пред едно 5 години али сепак од тогаш..
 
Убавите работи не се забораваат :)
 
Не е прашањето за овде, ама каде може да најдам квалитетни тави и тенџериња? Многу е полесно да се најдат чинии и прибор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom