А зошто не може и не смее? Ако газдата реши да му даде 18-20 000 плата што ке направиш ти? Ке кренеш бунт?
--- надополнето: 7 април 2012 во 14:09 ---
Зошто толку ги потценуваш другите? Зошто толкава макограѓанштина?
Дефинирај полуписмен? Според тебе што е полуписмен човек? Човек кој го нема завршено твојот (колку што разбрав) факултет за психолог?
Не може секој да биде експерт во се.
На пример Бил Гејтс со откажал од школото и почнал со работа, па иако според тебе тој е "полуписмен" слободно можеш да го сметаш за твој бог на компјутерската наука, иако човекот блага веза нема од психологија на пример.
Па, психологијата дефинитивно не е единствен репер за писменост, не знам од каде го извлече тој заклучок. Башка, only in Macedonia, имаме полуписмени дипломци. Уште не знаат која е разликата меѓу кој и кои, за нив, на пример, е нормално да речат мој луѓе сте вие.
Полуписмен е оној кој врска нема од ништо, освен од чкљ музика, средно завршил, колку да се рече, и животна амбиција му е да оди на Цеца.
А повеќето месари, касапи, чистачки и фризерки.... спаѓаат во оваа категорија. Тоа што некој се двои, не значи и дека сите тие, се писмени.
А Бил Гејтс, Стив Џобс, и уште неколку други, се ИСКЛУЧОЦИ кои го потврдуваат правилото.
--- надополнето: 7 април 2012 во 15:30 ---
сигурно првите неколку денови ќе ти поминат во обука. Нема да можеш ти уште првиот ден да работиш како некој кој има долгогодишно искуство, нели?
Нели, према тебе, мерило за "знаењето" или снаоѓањето во работните обврски, беше нивото на образование. Најголем дел од луѓето кои работат на нива, земјоделците, немаат факултет, а еве ти ќе бидеш психолог со диплома. Неколку твои колеги сеуште мислат дека компирот на дрво расте, мотика немаат во рака фатено, не разликуваат кое дрво каков плод дава по цветот, мислат дека во секоја почва може да се посади зелка и да израсне голема,... и низа низа бисери од секојдневните случувања.
И јас не сум експерт во оваа област, ама имам основни познавања, знам како се стартува трактор, знам кај да купам семе за моркови и што е команден пулт на комбајн.
Да, но платена ми е обуката.
Мерило на платата која некој треба да ја добие како и општествениот статус, е интелектуалната способност и труд.
Земјоделецот ќе работи физичка работа, но тој што ги смислил/произведува/усовршува тракторот ќе зема поголема плата од него. Како што архитектот ќе добие повеќе пари од плочкарот. Машинскиот инженер од работникот на некоја машина... итн.
Сосема нормално. Првиот осмислува, планира, изведува, другиот работи тоа што ќе му кажат - не вложува интелектуален труд поголем од неговиот претпоставен.
--- надополнето: 7 април 2012 во 15:31 ---
Е кој труд, стрес и одговорност ја има Венко во пишувањето на колумни?
Месарот има одговорност да не даде старо месо и да отруе илјадници, има стрес поради напорните купувачи кои бараат кашкавал во форма на Лејди Гага, и труд да лупаш цело време во месо и коски...
Не си компетентна да кажуваш за вреднување на трудот, бидејќи има доста теории за ова, а ти успеа да кажеш во еден пост на кајгана како треба да се вреднува трудот за што илјадници економисти тумачеле и дебатирале...
На крај, ќе ставам само еден цитат, кој задира во вреднувањето на трудот и платите:
"Why should a financial engineer be paid four to a hundred times more than a real engineer? A real engineer builds bridges. A financial engineer builds dreams and, when those dreams turn out to be nightmares, other people pay for it." - Andrew Sheng
По таа логика, ни јас не знам зошто еден фудбалер заработува повеќе од полицаец.
Но сосема е нормално еден детектив повеќе да заработува од полицаец.
--- надополнето: 7 април 2012 во 15:33 ---
се тоа во ред, тука и јас се сложувам, само имам впечаток дека повеќето тука на форумот барем мислат дека со самото тоа дека имаат диплома а се невработени вредат повеќе од некој невработен со средно.
и како што кажав работа ни за лек, ама нееееее. јас учев толку години вложив и нема да работам за 12000 пошто ми е испод чест. морам да земам повеќе плата од некој си таму со средно.
е добро утро. не немора да значи.
ако не се снајдат таа дипломата ке им служи само за декорација на ѕидот. а тоа дека вложиле толку многу во образование им е само погрешна проценка на реалноста.
п.с ги има повеќе одколку што мислиш. треба да имаш дарба за да успееш во животот , а не диплома. како викаат родиме мајко со ксмет и фрлиме на буниште.
јас лично многу малце знам со дипломи кои имаат свои фирми и се газди во права смислам на зборот, се нешто за друг работат за плата.
Па сигурно нема да си го потценам моето знаење. Има работа, треба да знаеш да ја најдеш. Со спиење, не се наоѓа.
Башка, да, интелектуално вредам повеќе од повеќето фризерки. Познавам многу од нив, и нивните способности и амбиции... жал ми е, но навистина ми е под чест да се споредам.
Тоа не мора да значи за ,,сите,,. Другар мој нема ни средно, па верувам дека знае за автомеханика итн. во поглед на автомобили повеќе од многу автомеханичари.