Македонија - Шведска (7.4.2012, 16:00 ч.),Скандинавиум арена-Гетеборг

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па нема да има бркотница, кога нашиов селектор не успеа цела година да изработи полуконтра и контра напад. Тие лесни голови на секого му се потребни па и на нас.Кои се тие спори играчи кај нас кои играат во одбрана кои неможат да итрчаат во полуконтра и контра напад?

Инаку мислам дека Шведска се послаби од Унгарија.
Но селекторот наш е дефинитивно промашување....искрено мислев дека има некоја тактика со Марковски Никола замислено , он навистина да ти го однел за да седи на клупа....

Квалитетот на репрезентацијата го надмина Шундовски тука има вистина, меѓутоа ако почнеме да навлегуваме во тоа зошто е тој поставен, и зошто нема авторитет над играчите, ќе треба да ги критикуваме и сопствените наши играчи во моменти кога им е најбитна поддршката пред клучниот меч утре во кој влегуваме во нова шанса.
 
Осеќам дека Crazy е среќата :D
 
Така е во право си ама криво ми е што ова денес им се случи....неможам да се оправам :( Врвен играч како Лазаров не примети дека има слободно крило цело врторо полувреме на крајот се освести...(затоа реков дека играа без мозок) Поддршка имаат....... за никој не реков дека коњ,неспособен и слично.
Ама затоа е таа клупа па довикни му на Лазаров од клупа немораш тајмаут да викаш за да укажеш на таква работа дека крилата се слободни. Ама финтата е што и Шундовски примети на крајот изгледа,а тоа е прво на кое треба да мисли кога има играч повеќе.
 
Ајде беше што беше одиме утре рестарт одново...математиката е едноставна, МОРА ДА СЕ ТЕПА БАРЕМ 1 разлика, секако и повисоко е уште подобро. Така во евентуалниот круг на Унгарија, Шведска и ние...ние би имале 2 бода и гол разлика -1. Секако ја рачунаме со Бразил обврзувачка победа, не е битна разликата таму. После се надеваме на победа на Унгарија со Шведска или во обратен случај победа од 4 и повеќе голови на Шведска.

Ајде почнаја математиките... :D
 
Ајде ајде не е ништо изгубено и така ја искерно не ни сметав дека ќе ги победимо унгарциве едноставно не ни иде и тоа е и плус денеска не игравмо како што знаемо утре мора да ѓи сведемо техничките грешке и да го сопремо андерсен
тој е моторот на тимот и ако него го сопремо мислим дека сигурно победувамо
 
Така е во право си ама криво ми е што ова денес им се случи....неможам да се оправам :( Врвен играч како Лазаров не примети дека има слободно крило цело врторо полувреме на крајот се освести...(затоа реков дека играа без мозок) Поддршка имаат....... за никој не реков дека коњ,неспособен и слично.
Ама затоа е таа клупа па довикни му на Лазаров од клупа немораш тајмаут да викаш за да укажеш на таква работа дека крилата се слободни. Ама финтата е што и Шундовски примети на крајот изгледа,а тоа е прво на кое треба да мисли кога има играч повеќе.

Да не се навраќаме наназад, ама Маџарите одиграа маестрална игра во одбрана, многу грубои паметно ги неутрализираа прво Кире па покасно и Мојсо одкога се распуца и тука настапи нашиот проблем немање на бекови посебно лев да се сменат комбинации во напад, нашите грешки беа едно меѓутоа тие играа скоро 20 минути без играч помалку, имаат тешкашка одбрана, утре со Швеѓаните лично очекувам да биде полесно. И уште една работа вреди да се напомене ротацијата на Унгарија, беше поголема од нашата имаа поголема разновидност во нападот први 15 минути играа без Кривокапич и Перез. Додатно тоа што им недостигаше Ференц, се работи за многу квалитетен и искусен состав, според мене посилен од Шведска. Швеѓаните утре ќе имаат проблеми во нападот, бидејќи се ограничени на Додер и Андерсон вториот кој скоро и да кривеше на денешниот меч со Бразил и повеќе одмораше на клупа. Тоа значи со наша поконцентирана одбрана поголеми падови да имаат, Маџарите денес одиграа на ниво скоро од кога поведоа.
 
Да, на Унгарциве се им појде денес од рака. Ама виде ли каква длабока одбрана им одиграа Бразилците? Нас Шундо ке не постави на 5-1 или 6-0 и пак ќе не бушат како Унгарците што ни направија....
 
Абе гледајте го видеото од погоре, направена е одлична анализа од Стевче Стефановски и за денешниот и за утрешниот меч. Него Унгарците имале 10 стрелци а? Таа е таа клупа што ние ја немаме..
 
Ја би играл утре второ полувреме на коцка.Со брз центар додека одбраната не им е формирана, тука Киро,Мојсо и Миркуловски би ги напнал в крај. Додека не им е формирана одбраната Киро може да е убиствен така, се е потешко одкако ке се формира одбраната. А и Миркуловски и Мојсовски полесно би поминале низ зона на недобро формирана одбрана. Најнакрај ке го истрчаат еден натпревар сите се скоро во кондиција, скоро сите играа во лига на шампиони до вчера.
 
ЗА ТЕБЕ! ПЕЕМЕ! НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
Швеѓаните се добар искусен состав но не верувам утре да ни пружат голем отпор,најголема опасност се знае од каде ќе доаѓа,Ким Андерсон,но не голгетерски туку асистенциите...разигрува неверојатно,голема креативност има човекот и очекувам крилата да распалат...мало невнимание излет на него и баш приметете утре какви дијагонали дава за крилните играчи.
И за пивотите исто така.Е сега проблемот е што ова тешко се избегнува,доколку не се излезе остро на него има многу прецизен и разорен удар...ако брани ко денес Борко ќе не потепа;)
Арно ама,ние сме Македонци ,играме со срце и лавовски.Ќе изгинат момците и очекувам утре Кирца и Стоилов да ги откорнат.Прогнозирам победа од 2-3 гола.
ЗА КОГО?!
 
Ја би играл утре второ полувреме на коцка.Со брз центар додека одбраната не им е формирана, тука Киро,Мојсо и Миркуловски би ги напнал в крај. Додека не им е формирана одбраната Киро може да е убиствен така, се е потешко одкако ке се формира одбраната. А и Миркуловски и Мојсовски полесно би поминале низ зона на недобро формирана одбрана. Најнакрај ке го истрчаат еден натпревар сите се скоро во кондиција, скоро сите играа во лига на шампиони до вчера.

Со брз центар против Швеѓаните, без Темелков, и со толку ротации, ти е исто како да си ја шитнал утакмицата...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom