Од денеска во Албанија само со лична карта

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Македонците од денеска може да патуваат во Албанија само со лична карта.
Албанскиот амбасадор во Македонија Арбен Чејку, рече дека за ова се информирани сите гранични премини на границата со Македонија со што државјаните на двете држави може да ја преминуваат границата само со покажување на лична карта.

“Овој настан е важен, не само поради олеснување на комуникацијата помеѓу граѓаните на двете држави, туку и дава една европска димензија на односите меѓу двете земји и пошироко во регионот. Тој ќе придонесе и за поголема посетеност на албанското крајбрежје во претстојната туристичка сезона“, рече албанскиот амбасадор.

Тој рече дека во подготовка се договори за признавање на возачките дозволи, за прашања од економската сфера и други.

Договорот кој стапува во сила денеска, а со кој е регулирано преминувањето на границата со лични карти, во Тирана во декември, минатата година го потпишаа министрите за надворешни работи на Албанија и на Македонија Едмонд Хаџинасто и Никола Попоски.

pa moze nekoj vikend da se skokne do Pogradec :)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Добра вест. Ќе патуваме со лични карти во НАТО земја со излез на Јадранско море :D
 
T

Tetro

извади си пасош, ќе можеш и подалеку да појдеш
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
- после север, еве го и запад го отворивме
„Север-Северозапад“ - ( добра епизода )
поточно ова е само журнал
Филмот е „Македонија без граници“
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Е сеа во Охрид таму веќе ми е досадно, друго е на Јадранско море. :D
baska i prijatelkive od videoto ne se losi :LOL:, sala na strana ama cenite se prifatlivi smestajot e ok moi prijateli lanska godina super si pominale vo valona ova godina ako se e ok bi trebalo i jas da trknam do tamu :)
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Одлична вест.Корист ќе имаат двете земји.Нас од Охрид морето ни е на 2-3 сати возење.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.900
Поени од реакции
8.477
Сега конечно ќе можеме да го доловиме амбиентот во Африка без да мораме да вадиме визи, патуваме илијадници километри или пак да вадиме специјално пасоши за таа намена :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom