Желбите си се желби и ги има реални и нереални и треба да внимаваме да не бараме нешто што е нереално, оти навистина некогаш иритира кога некој се преценува и бара без да се заврти околу себе, да погледне зад себе и пред себе и да си побара она што реално го заслужува. Тоа ти е пример кога некој посакува некоја екстра девојка а не е кадарен да ја ќари ниту најнеатрактивната стара мома од неговото маало, и не ја посакува само онака во фантазија туку тој навистина мисли дека е од нејзин ранг и се занесува и само ја гледа како таа поминува на улица и во моментот судирајќи се со реалноста дека тој за неа е трета лига, неможе ниту доброутро да и рече, почнува да те убедува дека ја заслужува и дека каде и да е ке ја ќари а ти неможејќи ниту на сон да ги споиш се иритираш од неговата слепост и нереалност, те нервира.... Исто и во колумната, иритира желбата на саламарот да зема плата од 40.000 за да си ја брка работата која прифатил да ја работи за онолку за колку што е платен и не гледа дека ниту еден друг саламар не зема 40.000. Сите саламари таа работа ја работат за 10-12 000 и тоа повекето си ја работат работата коректно и сега ако нашиов саламар земал 10 000 реално би било да посака да зема 12-13 а не од ракав 40.000. Нека погледне колку земаат луѓето позади него и оние пред него и нека ја најди реалноста колку треба да биде платен за таа работа. Нормално е секој да посакува повеке, пари никогаш доста, но посакувањата треба да се усогласат со реалноста. Со оглед на висината на платите во државата желбата на саламарот е нереална, во спротивно саламар би била најпосакуваната професија во државата, секој би сакал да зема 40 000 за таа работа. Како што реков, некогаш иритира дури и вреѓа нереалноста на луѓето. Венко повикува да бидеме реални во животот, фантазиите да си ги оставиме за себе си и да си играме со нив во слободното време. Оти враќањето од светот на фантазијата во светот на реалноста е сурово....почело је, почело политичари, доктори, писатели и разни интелектуалци ја почнаа својата кампања за забрана и за желби.ах пусти желби, ќе дојде ден и на желби данок.
ова во контекст на саламарот и неговата желба за поголема плата
Венко дефинитивно ја посра работата во колумната
а колку за инфо, јас во моето зенаетчиско дуќанче, веќе повеќе од 21 година, тврдам и потпишувам, гореспоменатите се најлошите муштерии и неплаќачи, да можат црното од под ноктот ќе ти го земат, луѓе полни со непочит према другите и луѓе кои мислат дека само тие вредат во опшеството! луѓе кои никогаш не ценеле туѓ труд освен својот, луѓе кои за ЗАСЛУЖНА добра оценка даваат лоша само таткото плочкар да им го дотера капатилото за гага, или да добие прасенце гага или механичарот да им ја ремонтира колата гага!
ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ кои ги има многу, многу малку!
А, ДА, заборавив да пофалам мислења од типот не ми е гајле за месарот, не ми е гајле за мајсторот, не ми е гајле за овој-оној, само за себе ми е гајле.ете до каде стасавме, чаша вода не би му дале на друг затоа нема ни да мрдеме од местово каде што сме!грижењето за други е во стварност грижа за себе, само многу вода треба да помине додека ни влезе тоа во главата!
--- надополнето: 6 април 2012 во 18:53 ---
Дипломата не е важна (посебно денес кога знаеме на кое ниво е образованието), ниту на Венко ниту на саламарот доколку нели ја има, важно е знаењето и умешноста и нормално е дека на газдите повеке не му се важни дипломите туку што тоа знаеш да работиш. Ако имаш знаење и умешност кои му требаат газдата ке те чува како китка и ке те плаќа солидно оти нема кој да те замене.... дипломата сама по себе не кажува ништо за квалитетот на работникот. Тој што има знаење и умешност и не чека некој да го вработи, самиот нешто ке работи и ке го биде што секогаш е поубаво и поисплатливо оти никој не спечалил од работа за друг... И платите се горе долу определени баш од тоа, од потребата и заменливоста на одреден работник. Само да ја имаме во предвид разликата во поимите плата и добивка. Добивката е ќарот на оној кој го има бизнисот или на оној кој си работи за себе си. И тука најмногу се гледа потребата од знаење и умешност а не само диплома. Ако си на пример добар механичар и работиш за себе ке имаш многу повеке добивка од некој кој има диплома и чека некој да го викне од заводот за вработување, без разлика што од образование механичарот можеби има само основно и занает кај некој мајстор. Но тоа е бизнис. Венко не зборува за бизнис туку за плата.Е не е исто кога си свој газда, и кога работиш за друг. Не е само физичката работа, туку што газдата може да си дозволи да ти каже што сака, да те викне да редите роба у недела, и не смееш да кажеш „не“, нема веза што си планирал да се посветиш на семејството. или на себе, сеедно.
Имам пријател којшто е машински инженер и кариерата ја започна како продавач во продавница за бои и лакови и 3 месеца му требаше да ги запомни артиклите. Ниту спиеше мирно, ниту збор прозборуваше, туку мораше да ја слуша газдарицата дека нејзе не и е важно што тој има диплома. Кариерата ја продолжи, се разбира во Нов Зеланд.
Венко живее у држава каде што вискообразовани луѓе работат свашта само да извадат крај со крај и многу е повозможно некој истетовиран месар да е со факултет, отколку со средно.
И кога веќе почнав: тој заработувал уште од 17 години. Како? Продавал старо железо? Не.