Облека за матурска вечер [за машки]

  • Креатор на темата Креатор на темата Epics™
  • Време на започнување Време на започнување

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Локација
Skopje
Здраво

Искрено незнам дали има ваква тема за облека за матурска вечер ( исклучиво за машки ), но бидејќи се ближи матура, јас се решив да отворам една ваква тема.

Иначе ми треба помош од вас. Би ве замолил доколку може некој да ми помогне и да ми каже од каде ( да ми даде некој совет можеби ) би можел да купам облека ( посвечена ).
На располагање имам 9.000 денари и би сакал да се опремам комплет од глава до пети :)

Па ве молам за ваши мислења и совети.

Благодарам однапред.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~

Друже,не фрлај пари на свечена облека која потоа нема ни да ја погледнеш.Јас на пример,на матура носев фармерчиња(се разбира нови :) ),кошулче и сако кој потоа ги утепав од носење.Така да мој предлог ти е купи си нешто што ќе си го носиш и понатаму.
 
Не се замарај со одела, кондури и чуда освен ако не ти е мерак да ги носиш. Јас си бев со патики, кошула и фармерче искомбинирано во некој опуштен рок стил. По завршувањето на матурата истите работи ги носев, другарите мои по завршувањето на матурата никогаш не го облекоа оделото и кондурите.
 
Би ве замолил за некоја слика, отприлика како би изгледало тоа не толку свечено ( ако не ви е проблем )
Фала :)
 
Еве ти еден мој предлог, се надевам ќе ти се свиѓа.
Да почнеме од пети.
- Мокасинки темно плави ниски (има и со подебел ѓон,не се арни тие).Ако бараш може да се најдат од 1500/2500 ден,квалитетни!
-Кремасти фармерки во теранова моментално има по 1499 се,одлични се!
-Кремас каиш @бит-пазар,шутка пазар итн..итн.. 150 ден.
-темно плава кошулица , имаш во тивеш (лептокарија) одличен материјал , од 750 до 1000 ден.
-Сако исто темно плаво имаш исто во тивеш некој 3000/4000 ден ,а исто така има во гтц (кога ќе влезеш од према плоштат одма од десна страна до поранешна Nike продавница) доста квалитетни иста цена.
-Саат ако не си на располаѓање уште некој 2000/3000 илјади,би ти препорачал некој од 200/300 ден од шутка да си земеш со ремче што се.

плус/минус негде 8000/9000 ќе те фати се на се.

Оваа е малце по модна комбинација,според мене му стои на секаков тип на човек,доколку не ти се свиѓа пиши,имам доста идеи во моментов :)
позз!
 
ако си на брзање да се жениш тогаш да купиш нешто отмено, галантно во стилот како Џуд Ло.Џорџ Клуни нешто слично,а ако не тогаш облечи нешто кежуално со модерен впечаток за да можеш и понатаму да си носиш;)
 
Трговски(влезот од кај Холидеј Ин) после тоа со знамињата во истиот ред (од десна страна ќе ти биде) ќе видиш продавница за сакоа...баш пред некој ден со женска ми ги загледавме, имаш комплет одело со кошула и вратоврска (машна) за 4000,5000,6000 денари....иди провери,јас од таму се облеков за свадба и до ден денес оделото го користам:)
 
Може и без сако ако не сте при пари толку...... Ипак 20 мај е топло веќе,нема ни да го облечеш :)
 
mens-loose-denim-jeans2.jpg

menoxfordshirt.jpg

Brand-Men-s-Jeans.jpg

sport_snaker_adidas_plimcana_3384.jpg
 
Ништо полошо нема од тоа да се облечеш премногу свечено, ако у принцип фураш некој сосема друг стил... Како прво, нема да се чувствуваш пријатно во нешто такво, па може дури и да изгледаш смешно. А освен тоа, како што веќе рекоа останатите, која е поентата да ги фрлиш парите на нешто кое веќе никогаш нема да го облечеш??? Мојот предлог е наместо нешто класично, да се одлучиш за спортска елеганција. На пример, некои црни или бели пантолончиња, кошула (без кравата), сако (ама не од оние класичните, туку повеќе накај спортско) и црна патика...евентуално добро би изгледал и некој саат. Можеш да погледнеш у бутикот Џордано у ГТЦ на приземје. Ја лани бев таму со другар кога он се спремаше за матура, имаат баш такви младешки комбинации. Е сега, малку забегуваат со цените, ама се наоѓа и нешто што може човек да си го дозволи. Нему целата комбинација (панталони, кошула, сако и каиш) му излезе 7500 денари, ама тоа беше 2 дена пред матурата, ако погледаш сега може ќе најдеш и нешто поефтино, и остануваат само обувките. Моја препорака: НИКАКО не купувај свечени кондури, ако не си тип што редовно носи такви... Патики исто така ќе завршат работа, а после матурата нема да ти скапуваат во некој орман. Поздрав
 
Абе не си играјте стапот, со фармерки со патики на матура, не за нешо, сепак тоа е свечена вечер и ќе биде ,,црна овца,, во однос на другите. Не да одите на класични одела( може и на тоа ако сакате да поминете поефтино) но пантолонче и сако модерно со чевла-патика тоа е best combination. Само треба 300 евриќи минимум да си одвоите.:D
 
Не се оптоварувај толку де, јас си бев најнормално облечен.
Нема да купувам работи кои не ги сакам да го ебам.
Немав ни сако, ни селска ципела, ни свтлуцава кошула...

Доле патиче во овој стил:
230831_366_45.jpg

Имав темно-зелена кошула со кратки ракави од Спрингфилд ми се чини, и црни летни пантолони со незабелжливи бели вертикални линии :)

Спортски си бев облчечен, тип-топ ми се сложуваше :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom