Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Еве по милионити пат ќе го повторам она што Ниче го нарекуваше напомена за магариња.

Човечката желба за некој ентитет да постои никако не го гарантира и постоењето на тој ентитет.

Од ова појасно, тешко...

Ако не ја признаваш Слободата како реалност, хабитус во човекот, тогаш се сложувам со тебе.
--- надополнето: 5 април 2012 во 00:18 ---
Ама не сите имаат потреба од една иста негова верзија. Некој има потреба од бог кој е родителски настроен да казнува и наградува, некој пак има потреба од индиферентен бог кој не се меша во животот на луѓето....итн. Сите тие имаат потреба, нивната верзија на бог да постои, нели?
За таа верзија и јас зборувам.:)
 
За таа верзија и јас зборувам.:)
Јас не издвоив ниедна верзија, напротив ти кажувам дека секој човек има потреба од некоја своја верзија на бог. Потребата за постоење на нешто, не е и аргумент за неговото постоење.
 
Ако не ја признаваш Слободата како реалност, хабитус во човекот, тогаш се сложувам со тебе.

Ништо нема да добиеш ако истргнеш некој збор од природниот хабитус во кој настанал, и го напишеш со голема буква. Не постои Слобода, постојат различни врсти на слободи, кои ги разбираме како лишеност од одредени врсти на ограничувања.

Смртта како неизбежен факт на нашето постоење, не зависи многу од тоа дали ние ја прифаќаме или не. Како што велеше премудриот Сенека,

Ducunt volentem fata, nolentem trahunt.

Добра ноќ...

;)
 
Се сложувам, но на човекот му е потребен Бог.;)
Не, не му е потребен, на некои им требало и си го измислиле, а вие верувајте си во прикаските.
Оној што не создал.
Нашите родители, тие се “богови“ за нас.
Зар, ја прифаќаш смртта, ај преиспитај си малку. Што е со инстиктот за живот, или желбата за истиот.
Нималку нема да биде поразличен тој истинкт и кај тој што верува и кај тој што не верува. А ти као ќе се спасиш од смрта?
 
Јас не издвоив ниедна верзија, напротив ти кажувам дека секој човек има потреба од некоја своја верзија на бог. Потребата за постоење на нешто, не е и аргумент за неговото постоење.
Така де, тоа се креира со личниот, слободен однос, човек со човек, човек со Бог...
--- надополнето: 5 април 2012 во 00:32 ---
Не, не му е потребен, на некои им требало и си го измислиле, а вие верувајте си во прикаските.
Значи ја прифаќаш смртта, како нормална работа!?
Нашите родители, тие се “богови“ за нас.
За жал смртни.:(
Нималку нема да биде поразличен тој истинкт и кај тој што верува и кај тој што не верува. А ти као ќе се спасиш од смрта?
Нема да се спасам, мора сите да ја поминеме, како искуство.
 
Така де, тоа се креира со личниот, слободен однос, човек со човек, човек со Бог...
Тогаш зошто во новиот завет го пишува следново:
Јован 14:6
Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.
 
Така де, тоа се креира со личниот, слободен однос, човек со човек, човек со Бог...
Човек со бог? Човек со.......ништо??
Слободен однос оди во две насоки, не само еднонасочно....
 
Тогаш зошто во новиот завет го пишува следново:
Јован 14:6
Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.
Се мисли, само преку Мене(Исус Христос, Синот Божји), може човекот да влезе во Личносна, Слободна заедница со Троединиот Бог( Отецот, Синот и Св. Дух).
А, што е твоето прашање?
--- надополнето: 5 април 2012 во 00:45 ---
Човек со бог? Човек со.......ништо??
Слободен однос оди во две насоки, не само еднонасочно....
Мудро, нема што.:cuc:
 
Еве по милионити пат ќе го повторам она што Ниче го нарекуваше напомена за магариња.

Човечката желба за некој ентитет да постои никако не го гарантира и постоењето на тој ентитет.

Од ова појасно, тешко...



Уште помалку пак го негира;)

Ниче е мртов, и тоа одамна.

Има една фраза:

Подобро да живееш верувајќи во Бог и потоа откриеш дека го нема, отколку да живееш не верувајќи во него, а потоа откриеш дека го има.

Во првиот случај не губиш ништо, во вториот веројатно загубата е ненадминлива.

Мислам дека токму оваa горенаведена фраза е она што многумина ги прави верници, или како некои што тука велат wanna be christians:P

Многумина ќе негираат дека е така, и ќе велат дека осознале еден куп работи околу Бог и неговото дејание тука на планетава, а никојпат нема да можат да одговорат како тоа го сториле.

Угоре високо, удоле длабоко, статус кво.

Бог, или ентитет, битие , апсолутна свест или што и да е, веројатно ја има моќта да си игра со каузалноста, односно причинско последичните односи врз кои почива целиот универзум, а со самото тоа и да влијае над ништожните животи на хомосапиенс единки на планетава.

А тие пак хомосапиенс единки веќе ја осознале неговата моќ и со помош на молитва се обидуваат да го натераат да ги нареди каузалните односи во нивна корист. Некогаш и некои успеваат во тоа, некои не. Неправда. Јеби га.

Откако веќе увидовме дека Бог ја има таа моќ, ни останува да одгатнеме зошто токму ние сме избраните, толку љубените што во име на таа љубов дури ни е одземена бесмртноста, која пак ќе ни биде вратена откако ќе ја заслужиме повторно!?!?!.

Кадија те тужи, кадија те суди.

А, бесмртност - што е тоа? Не верувам дека имаат одговор и самите Христијани. Само парафразирани реченици во стилот бесмртноста следи после отслужената казна.

Чудно но вистинито, прво имаш сурова казна, а после тоа следи залужена награда (за добро отслужената казна), наречена бесмртност и може да се користи единствено во рамките на некој просторно-временски континуум наречен РАЈ.

Значи имаш прво смрт па после тоа бесмртност.
Сумњиво до бесвест.



Често пати поставувано прашање е што ќе се случеше ако Хитлер ја добиеше војната? Којзнае.

Што ќе се случи ако рогатиот ја добие војната:P (изгледа доста битки добил досега)? Има ли одговор на тоа?
 
Мудро, нема што.:cuc:
Мудро или не, тоа е вистината
Ако човек разговара со бог, тоа се нарекува молитва, а ако бог разговара со човек, не знам.... изгледа.... шизофренија
 
Се мисли, само преку Мене(Исус Христос, Синот Божји), може човекот да влезе во Личносна, Слободна заедница со Троединиот Бог( Отецот, Синот и Св. Дух).
А, што е твоето прашање?
Епа нели секој си имаше потреба за различна верзија на бог, за тоа се согласивме. Ти рече дека дека сите тие се вистинската верзија, т.е дека таа се креира со личен, слободен однос со бог. Јас на пример преку моето субјетивно искуство, имам сосема поинаква перцепција за бог од христијанската.
Прашањето е, ако само со личен, слободен однос може да се спознае бог, тогаш зошто христијанството вели дека мора да има посредник - Исус? Зошто вели само преку мене може да дојдете до Отецот?
 
Мудро или не, тоа е вистината
Ако човек разговара со бог, тоа се нарекува молитва, а ако бог разговара со човек, не знам.... изгледа.... шизофренија


Ксмет:P:vozbud:
 
Јас не издвоив ниедна верзија, напротив ти кажувам дека секој човек има потреба од некоја своја верзија на бог. Потребата за постоење на нешто, не е и аргумент за неговото постоење.
Дали? (се однесува на болдот)
Има една фраза:

Подобро да живееш верувајќи во Бог и потоа откриеш дека го нема, отколку да живееш не верувајќи во него, а потоа откриеш дека го има.

Во првиот случај не губиш ништо, во вториот веројатно загубата е ненадминлива.
Веројатно мислеше на често користениот “аргумент“ на хистијаните, не верувам дека е и твој став.
 
Епа нели секој си имаше потреба за различна верзија на бог, за тоа се согласивме. Ти рече дека дека сите тие се вистинската верзија, т.е дека таа се креира со личен, слободен однос со бог. Јас на пример преку моето субјетивно искуство, имам сосема поинаква перцепција за бог од христијанската.
Прашањето е, ако само со личен, слободен однос може да се спознае бог, тогаш зошто христијанството вели дека мора да има посредник - Исус? Зошто вели само преку мене може да дојдете до Отецот?

За да те индуцира и насочи на вистинското спознание, оти рогатиот демне од секаде и во секој момент. Само чека на грешки и лови.

Твојот личен слободен однос може да те однесе во амбис. За да не се случи тоа имаш посредник, еден од Светата Тројца.

Другите ќе ги спознаеш веројатно откако ќе поминеш преку првиот праг.

Тежок и трнлив е патот до вистината.

Покајанието е единствениот пат.

Покај се и си завршил половина од работата.

Покај се и свиркај си.

Тогаш Бог ќе те најде тебе, а не ти него:D

Се разбира ако во меѓувреме одолееш на сите стапици и искушенија на рогатиот.:vozbud:
 
Епа нели секој си имаше потреба за различна верзија на бог, за тоа се согласивме. Ти рече дека дека сите тие се вистинската верзија, т.е дека таа се креира со личен, слободен однос со бог. Јас на пример преку моето субјетивно искуство, имам сосема поинаква перцепција за бог од христијанската.
Прашањето е, ако само со личен, слободен однос може да се спознае бог, тогаш зошто христијанството вели дека мора да има посредник - Исус? Зошто вели само преку мене може да дојдете до Отецот?
Во тоа е слободата, кога комуницираме личносно подразбира слобода на откривање на личноста онака како и колку сака. Субјективноста, спецификата на личната слобода е запазена.

Мора Посредник да биде Христос за да се премости јазот меѓу создаденото(смртното, човечкото)и несоздаденото(бесмртното, божјото).
Затоа стана Човек, умре за да Воскресне.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom