LaChupacabraLoca
jedi master
Па неможе да изеде една туба протеин.Но тврдам дека човек може да искористи повеќе од 50 грама протеин.
А шо фајда од тоа , коа ти треба аминокиселини низ крвотокот во текот на цел ден ?
Може една лекција по Биохемија ?
Прво , мускулот расте со помош на аминокиселини кои се внесуват во него со крвта , шо значи колку повеќе крв , толку повеќе нутриција за мускулот. Пред тренинг и после тренинг се најважни периоди за внес на протеин , одма после нив се првиот оброк и последниот оброк.
Не мора на секој 3 саата да внесуваш протеин , доволно е пред и после тренинг по 30 г , од сабајле и пред спиење ( препорачувам казеин ) по 20 г.
Исто Ј.Х. ти се исто важни за големината на мускулот , гликогенот им дава исто големина кога се складира во мускулот , тоа ти е најважно после тренинг да се врати нивото на гликоген во мускул , оти тоа е горивото шо мускулот го троши за време на тренинг ( коа се потроши се брка од резервите на протеин и преку гликонеогенеза се разложуват на ЈХ ).
Второ , јас лично со BCAA имам подобри резултати отколку со протеин , BCAA се само 3 вида на амино кои ти се есенцијални за синтеза на протеин во мускулот. Тие 3 вида ти се најважни. не мора протеин ( мада и протеините имат BCAA во нив , али имат и ЈХ. , BCAA нема ).
Значи , не ти треба некое огромно количество на протеин , доволно е 2 пати дневно BCAA ( пред и после тренинг ) , и уште 4 здрави мали обрози за да си го убрзаш метаболизамот.
Е сега ако ти е целта да се направиш 200 кг вол , јади шо сакаш , али ако сакаш издефинирано тело ко модел , не мора да внесуваш огромни количини на протеин. Плус тоа знаеш дека големи количества на протеин резултира со големи количества на метаболички продукти ( нитро продукти ) кои можат да му наштетат на црниот дроб и мозокот ( зборам ако одеднаш ги внесеш или ако на подолг период внесуваш константно).
Ко шо кажав погоре , од лично искуство , 30 грама пред и после тренинг , и по 20 г од сабајле и пред спиење , ми се најдобра опција.