Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Верата не се заснова на догма. Ти ветер си видел во животот? Од каде знаеш дека ветрот постои? Тоа што гледаш дека гранките и лисјата на дрвата се нишаат не значи дека е од ветер. Ветерот сам по себе се гледа? Не, ама не се сомневаш во неговото постоење иако не го гледаш. Така и делата говорат за Бога... бркај си работа, наместо да вреѓаш.
Ветер е струење на гасови, во случајов кој го опишуваш, воздухот и не се сомнева никој во постоењето на истиот.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ќе се обидам: Бог е Еден, во Три Лица, Неделив. Значи секоја личност е посебна, со сопствени карактеристики кои што веќе ги набројав. Никогаш не постоел само Отецот, без да постои Синот, ниту Синот без да постои Отецот. Истото Важи и за светиот Дух. Никогаш не постоел Отецот без да постои Светиот Дух и обратно. Истото важи и за Христос со Светиот Дух. Тоа исто значи декоа неможе да постои секоја од трите личности сама за себе бидејќи е поврзана (во љубов, што значи дека врската на Трите Лица е чиста љубов која не љубомори, чиста добрина, кои пак се карактеристики или кажете ги особености на самиот Бог - значи Тој е Љубов, Тој е Добрина). Значи еден е Бог (Неговата Природа или со посоодветен збор Суштина) и затоа е и единствен, или уникатен. Незнам дал бев доволно јасен. Ако треба нешто ќе дообјаснам.
Да, мислам дека си доволно јасен, си се потрудил.Оваа реченица( Бог е Еден, во Три Лица ) е реченица на Тертулијан una usia tres personas, која предизвикала св. Атанасиј Велики да ја обработи, а подоцна уште по потполно во ипостасната (личносна), тријдаологија на Кападокиските отци итн.
Тоа го направиле за да се разграничи терминот усиа(суштина, природа), и ипостас кој првично се користел како суштина или природа, а потоа го заменува терминот просопон или личност.
Сето ова е многу важно, за да се разбере правилно учењето, догмата за Св. Троица(зошто Бог е еден...?),кое пак овозможува да се разбере последователно христологијата и еклисиологијата.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Ветер е струење на гасови, во случајов кој го опишуваш, воздухот и не се сомнева никој во постоењето на истиот.
Абе има чоек тука да разбира
македонски? Одговорот беше наменет за Ставрета на смешниот одговор кој му гласеше дека верата се заснова на догма. Тоа е најсмешното и најглупаво нешто што сум го чул. Значи не вадете го заклучокот off контекст!
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Абе има чоек тука да разбира
македонски? Одговорот беше наменет за Ставрета на смешниот одговор кој му гласеше дека верата се заснова на догма. Тоа е најсмешното и најглупаво нешто што сум го чул. Значи не вадете го заклучокот off контекст!
Сакаш да кажеш дека верата се заснова на евиденција аквизирана експериментално, со научни методи? Примери може?
Еве, објасни како невина девојка останува бремена, а тоа не е случај на партеногенеза?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Да, мислам дека си доволно јасен, си се потрудил.Оваа реченица( Бог е Еден, во Три Лица ) е реченица на Тертулијан una usia tres personas, која предизвикала св. Атанасиј Велики да ја обработи, а подоцна уште по потполно во ипостасната (личносна), тријдаологија на Кападокиските отци итн.
Тоа го направиле за да се разграничи терминот усиа(суштина, природа), и ипостас кој првично се користел како суштина или природа, а потоа го заменува терминот просопон или личност.
Сето ова е многу важно, за да се разбере правилно учењето, догмата за Св. Троица(зошто Бог е еден...?),кое пак овозможува да се разбере последователно христологијата и еклисиологијата.
Дечко, тоа е мелење во празно. Лица, усии, проспони, ипостаси, Германци со камиони, манџи и питулици.

Илјадници и илијадници напишани томови со чисти глупости. Кога ќе почнете вака да мелете напразно, крај нема.

Ниедна христологија не може да објасни на кого Исус му се обраќаше закован на крстот. Сам на себе, онака шизофренично, или на татко му. Човечката логика е таа. А = А и А е различно од Б.

А потоа можеш да мелеш до мила воља.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Да, мислам дека си доволно јасен, си се потрудил.Оваа реченица( Бог е Еден, во Три Лица ) е реченица на Тертулијан una usia tres personas, која предизвикала св. Атанасиј Велики да ја обработи, а подоцна уште по потполно во ипостасната (личносна), тријдаологија на Кападокиските отци итн.
Тоа го направиле за да се разграничи терминот усиа(суштина, природа), и ипостас кој првично се користел како суштина или природа, а потоа го заменува терминот просопон или личност.
Сето ова е многу важно, за да се разбере правилно учењето, догмата за Св. Троица(зошто Бог е еден...?),кое пак овозможува да се разбере последователно христологијата и еклисиологијата.
Поточно кога бог го убил исус на крстот, всушност се самоубил....
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Да, мислам дека си доволно јасен, си се потрудил.Оваа реченица( Бог е Еден, во Три Лица ) е реченица на Тертулијан una usia tres personas, која предизвикала св. Атанасиј Велики да ја обработи, а подоцна уште по потполно во ипостасната (личносна), тријдаологија на Кападокиските отци итн.
Тоа го направиле за да се разграничи терминот усиа(суштина, природа), и ипостас кој првично се користел како суштина или природа, а потоа го заменува терминот просопон или личност.
Сето ова е многу важно, за да се разбере правилно учењето, догмата за Св. Троица(зошто Бог е еден...?),кое пак овозможува да се разбере последователно христологијата и еклисиологијата.
Просопо(н) или πρόσωπον не е соодветен и затоа светите Отци го користат Ипостас Υπόσταση што е мноогу појасен и ја објаснува врската на Трите Ипостаси меѓусебно (Ετοτριαδικές Σχέσεις). Ама тоа кој може да го разбере! Голема е науката на Православието.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Абе има чоек тука да разбира
македонски? Одговорот беше наменет за Ставрета на смешниот одговор кој му гласеше дека верата се заснова на догма. Тоа е најсмешното и најглупаво нешто што сум го чул. Значи не вадете го заклучокот off контекст!
Добро, не приметуваш дека немаш интелектуален капацитет да дискутираш на темава?
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Поточно кога бог го убил исус на крстот, всушност се самоубил....
Кога НЕШТО ќе се сведе на НИШТО тогаш НЕ ПОСТОИ!!! Голема е оваа мудрост кабалистичка, кој ќе ја сфати!!!
--- надополнето: 4 април 2012 во 00:04 ---
Добро, не приметуваш дека немашп интелектуален капацитет да дискутираш на темава?
Темата на подфорумот е Прашања за Христијансво. Да не си помешал некоја брзина, или тоа искомплексираноста говори наместо тебе!
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Кога НЕШТО ќе се сведе на НИШТО тогаш НЕ ПОСТОИ!!! Голема е оваа мудрост кабалистичка, кој ќе ја сфати!!!
Де бре Невски не се нервирај. Дискутираме... За мене тоа што го учи христијанството за светото тројство баш на тоа ми личи... Бог преку светиот дух ја тиииит Марија, за сам да се направи и да се роди ... за на крај да се самоубие.
Ти не го сфаќаш напишаното во библијата на тој начин?
едит: Ако одиме во обратна насока ќе добиеме Едипов комплекс... just saying...
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Сакаш да кажеш дека верата се заснова на евиденција аквизирана експериментално, со научни методи? Примери може?
Еве, објасни како невина девојка останува бремена, а тоа не е случај на партеногенеза?
Сметам дека ако го прочиташ Светото Писмо, можеш да сознаеш на кој начин се случило. Имаш Библија на македонски што ти ја олеснува задачата.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ништо од интересна расправа, продужив ја со пиво.
Се најубаво дечки, и без карање.:)
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Де бре Невски не се нервирај. Дискутираме... За мене тоа што го учи христијанството за светото тројство баш на тоа ми личи... Бог преку светиот дух ја тиииит Марија, за сам да се направи и да се роди ... за на крај да се самоубие.
Ти не го сфаќаш напишаното во библијата на тој начин?
едит: Ако одиме во обратна насока ќе добиеме Едипов комплекс... just saying...
Веќе одговорив дека нема Свето Тројство. Вие мислите со главата или само копи пејст од седмограм?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom