Да, мислам дека си доволно јасен, си се потрудил.Оваа реченица( Бог е Еден, во Три Лица ) е реченица на Тертулијан una usia tres personas, која предизвикала св. Атанасиј Велики да ја обработи, а подоцна уште по потполно во ипостасната (личносна), тријдаологија на Кападокиските отци итн.
Тоа го направиле за да се разграничи терминот усиа(суштина, природа), и ипостас кој првично се користел како суштина или природа, а потоа го заменува терминот просопон или личност.
Сето ова е многу важно, за да се разбере правилно учењето, догмата за Св. Троица(зошто Бог е еден...?),кое пак овозможува да се разбере последователно христологијата и еклисиологијата.