Аргентина пак сака плескање?

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Не дека е веќе сигурно, ама Аргентина повторно мрчи околу Фолкландските Острови. Деновиве Аргентинци протестираа пред Амбасадите на Британија во Аргентина, а официјален Буенос Аирес испратил и жалба до ОН за Британска "милитаризација" на Јужниот Атлантик.

Не ќе беше нешто трагично ако жителите на Фолкландските Острови сакаа да се спојат со Аргентина, но тие самите имаат изјавувано дека сакаат да останат под Британската капа, но како одделна земја која нема да зависи економски од Британија.

Плус,
Бродот треба да исплови од поморската база во пристаништето Портсмут во среда на 4 април.
Еден од најновите и најмоќни британски воени бродови, „Даунтлес“ (Dauntless), треба да биде испратен кон бреговите на Фокландските Острови, објави денеска британскиот весник „Индепендент".
Бродот треба да исплови од поморската база во пристаништето Портсмут во среда на 4 април.
Аргентина упати жалба до Обединетите нации за британската „милитаризација“ на јужниот Атлантик, откако беше соопштено дека „Даунтлес“ ќе биде испратен во јужниот Атлантик.
Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти, дека станува збор за рутинска мисија со која ќе биде преземено патролирањето од воениот брод „Монтроз“.

Извор: Press 24


Последниот пат Аргентинците први започнаа со агресија за на крај да се предадат, а не верувам дека и овој пат ќе биде нешто поразлично, доколку дојде повторно до војна...

 
Кој ги прашува жителите? :-) Тие си се Англичани така да нормално сакаат со Обединетото Кралство да останат. А Аргентинциве си имаат проблеми со економијата и сега пробуваат да го оттгрнат вниманието. Иначе која е логиката еднаш пробаа нормално го папаа сега што? Да не ја појачаа армијата?
 
Не ја појачаа армијата туку Британската ослебе.

Моментално ако не се лажам Британија нема носач на авиони а ке треба троа време дур се изгради нов.

Мада треба да се луди пак да нападнат.
 
Кој ги прашува жителите? :) Тие си се Англичани така да нормално сакаат со Обединетото Кралство да останат. А Аргентинциве си имаат проблеми со економијата и сега пробуваат да го оттгрнат вниманието. Иначе која е логиката еднаш пробаа нормално го папаа сега што? Да не ја појачаа армијата?

Не ја појачаа армијата туку Британската ослебе.

Моментално ако не се лажам Британија нема носач на авиони а ке треба троа време дур се изгради нов.

Мада треба да се луди пак да нападнат.

Британската армија е ослабена уште за време на Втората Светска војна, не е тоа Британија што беше со векови и го имаше колонизирано цел свет. Но сепак сеуште се далеку појаки од Аргентина и имаат подршка од НАТО ако дојде до војна. И да, точно е дека Аргентинциве за да ја закријат економската криза прават вакви работи за да го свртат вниманието на народот, тоа го изјавија неколку Аргентинци за CNN вчера.

Носачи на авиони имаат останато околу 7-8 од постарите класи ( што ги исплескаа на Аргентинците во првата војна ) кои ќе служат додека да излезе новата генерација во 2016 година.
 
Кој ги прашува жителите? :) Тие си се Англичани така да нормално сакаат со Обединетото Кралство да останат. А Аргентинциве си имаат проблеми со економијата и сега пробуваат да го оттгрнат вниманието. Иначе која е логиката еднаш пробаа нормално го папаа сега што? Да не ја појачаа армијата?

Да али сега имаат изградено воен аеродром со еурофајтери и антиавионски одбрана на островот.

Претходниот пат кога Аргентинците го пробале истото јазот меѓу нив и Велика Британија во технологија бил многу помал.Денеска можеби морнарицата на Велика Британија е сенка на тоа што била но сепак нема шанси аргентинците да припарат до островот не па да го освојат.
--- надополнето: 3 април 2012 во 12:31 ---
Британската армија е ослабена уште за време на Втората Светска војна, не е тоа Британија што беше со векови и го имаше колонизирано цел свет. Но сепак сеуште се далеку појаки од Аргентина и имаат подршка од НАТО ако дојде до војна. И да, точно е дека Аргентинциве за да ја закријат економската криза прават вакви работи за да го свртат вниманието на народот, тоа го изјавија неколку Аргентинци за CNN вчера.

Носачи на авиони имаат останато околу 7-8 од постарите класи ( што ги исплескаа на Аргентинците во првата војна ) кои ќе служат додека да излезе новата генерација во 2016 година.

Немаат ни еден носач на авиони сите се исечкани за старо железо но прават нови 2 кои ќе им бидат готови во 2016
 
Не ќе беше нешто трагично ако жителите на Фолкландските Острови сакаа да се спојат со Аргентина, но тие самите имаат изјавувано дека сакаат да останат под Британската капа, но како одделна земја која нема да зависи економски од Британија.
Абе ако така гледаш и целото население во Тетово/Гостивар се смета себе си за Албанија и не се смета за македонска територија па незначи дека се во право...

Не дека ја подржувам акцијава на Аргентина али само коментирам дека ова не е некој доказ за нешто...
 
30 годишнина од кога започна војната. Затоа мрчи.

 
Малку географија...
atlantic-ocean.jpg


Што к.. бара Великата Британија на другата хемисфера од планетава?

Помина времето на колонии и робовладетелство. (барем на хартија)
 
имаше еден добар текст на off.net ми се чини пред две три недели,знам насловот му беше Далеку стига раката на Британецот,е демек Фолкландските острови се 13 000 километри одалечени од Mainland а за споредба Македонија од Токио околу 8 000 километри
 
А од каква важност се островиве за UK, за да вреди и војна да се почне за нив?
 
А од каква важност се островиве за UK, за да вреди и војна да се почне за нив?
Последните фрки се затоа што Британија испрати истражувачки тимови за откривање нафта во реонот. Британците се држава затоа што се грижат за секое парче земја што го имаат освоено. Изумреа колонизациите и империјализмот но да не заборавиме кои се Аргентинците? Потомците на колонизаторите(Шпанци,Италјани, Германци, Англичани). Така да од тој аспект нема разлика меѓу нив и денешните Англичани. Во случајов ако мора да се бира ја сум за Англија, иначе воопшто не ме засега :-)
 
. Но сепак сеуште се далеку појаки од Аргентина и имаат подршка од НАТО ако дојде до војна.

Појаки се економско - политички а НАТО нема(ше) мандат за јужен Атлантик. Не дека нема да им помогнат на своите сојузници (и тоа Британија нели) али трупи нема да пратат.
Најверојатно........

Носачи на авиони имаат останато околу 7-8 од постарите класи ( што ги исплескаа на Аргентинците во првата војна ) кои ќе служат додека да излезе новата генерација во 2016 година.
Моментално ни еден немаат како што е кажано. Сите ги исекле и чекаат да се направат нови, поголеми.

Малку географија...
Што к.. бара Великата Британија на другата хемисфера од планетава?

Помина времето на колонии и робовладетелство. (барем на хартија)
Но за жал реално колонијализмот па и робовладетелството сеуште се живи и здрави.

А од каква важност се островиве за UK, за да вреди и војна да се почне за нив?
Меѓу 5-те најисплатливи региони во морињата за риболовната индустрија. Милијарди вредна индустрија годишно.
И Курилските острови се во таа група, одтаму е спорот Русија - Јапан.

Нема да има ништо, Аргентина дури и да ги земе островите (а нема ни да проба) нема да има полза, само штета. Санкции од ЕУ и НАТО, замрзнување на средства и најбиното, што ке прават со тие острови? Еве да се истоварат и довлечкаат авиони пошто Британците немаат носач, модерните Британски подморници потпомогнати со сателити ке потопат се што ке плови кон и од островите. Фактички тие што ке се истоварат таму ке бидат во заробенички камп, само што сами ке се чуваат и хранат.
 
Кој сака да прочита нешто повеќе http://en.wikipedia.org/wiki/History_of_the_Falkland_Islands

до сега читав, интересна историја има архипелагов. И овие се до некаде во право и тие се донекаде во право ама најдобро да си остане како што е :-) Во секој случај не се некои острови што имале домородно население па да има некој некое историско право...
 
Кој сака да прочита нешто повеќе http://en.wikipedia.org/wiki/History_of_the_Falkland_Islands

до сега читав, интересна историја има архипелагов. И овие се до некаде во право и тие се донекаде во право ама најдобро да си остане како што е :) Во секој случај не се некои острови што имале домородно население па да има некој некое историско право...
Мене интересен ми е делот кај што спомнува дека Британија ја тужела Аргентина во Хаг и го добила спорот, но Аргентина одбила да ја слуша одлуката (и ете на крај што се довело тоа и на што дошло).... Некако ми звучи познат случајов :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom