Мачорка
Shining Star of Paektu Mountain
- Член од
- 25 февруари 2011
- Мислења
- 1.955
- Поени од реакции
- 12.543
Милитантен феминизам?!Не само тоа, туку и опасна, со силен потенцијал да метастазира кај неусвитени тинејџерски умови. Јас затоа и првично се вмешав на темава, оти во крајна линија дебатава не само што не е конструктивна, туку и се оди на тоа дека прифаќање на абортусот треба да се изедначи со одење по голема нужда, па како што никој нема право да ја прашува жената за тоа каква столица имала, нема право ни да и се меша во одлуката да абортира (а абортирала бидејќи многу мачнина ќе и стварал паразитот, па повраќања, чуда....)
Ова е иднината на милитантниот фенимизам.
Be afraid. Very afraid.
Во Македонија, каде се`уште е нормално синовите да го наследуваат цел имот од родителите, а ќерките добиваат чеиз од 3 јамболии и 2 ќебиња и ајт сиктер кај мажот?
Каде што се пука со калашњикови ако се роди син, а ако се роди ќерка жената е неспособна затоа што ја оплодил женски сперматозоид, а не машки? Каде што се очекува жената да му биде слепо покорна
на мажот, а ако промрчи нешто е сосема нормално да изеде ќотек?
Каде што се`уште се очекува од жената да влезе невина во брак, а за мажот е сосема нормално, па дури и пожелно да има што поголем број партнерки
И во ваква Македонија, ти ми зборуваш за милитантен феминизам?
Феминизмот во Македонија, ако и воопшто постои, е само реакција на милитантиот шовинизам кој постои со векови и се смета за сосема нормална појава.
Далеку сме ние Разиел од милитантен феминизам, а ако се појави таков, јас прва ќе застанам во одбрана на мажите, верувај.
А во врска со абортусот, мислам дека претеруваш, никој не го изедначува абортусот со одење по голема нужда, никој не го смета за секојдневна појава, ниту за пријатно искуство.
Јас лично не сум била во таква ситуација, а ако некогаш ми се случи непланирана бременост, искрено не знам дали би абортирала, мислам дека не би можела, освен во некои екстремни околности, а и тогаш не би ми било сеедно.
Ама ако Јанка, Станка или Петранка решиле да абортираат, немам право јас да одлучувам за нив. Ќе си одлучат тие, нормално не на своја рака, туку во консултација со нивните партнери.
Никој овде не се залага за абортус, туку за право на избор. А пролајферите, колку што разбрав стојат на ставот дека абортусот треба да се забрани. Нема да се постигне ништо со тоа, тие што решиле да абортираат и понатаму ќе го прават тоа, само во нелегални ординации, со многу поголем ризик по нивното здравје, или па евентуално ќе одат во некоја соседна држава.
Што се однесува до pro-life аргументите , јас ги разбирам тие што се против абортус чисто од емотивни причини и со нив воглавно и не се конфронтирам, ама дволичните ултрадесничари ама баш ич не можам да ги сфатам. Демек, ќе раѓаме деца и после ќе ги праќаме на фронт да гинат за да ја бранат македонштината? Жалосно е да се убие зигот, само затоа што мајката не сакала да го жртвува своето образование или кариера, ама не е жалосно кога млади луѓе гинат за остварување на некакви националистички агенди?!
Друга работа, не сме во Холивуд, ова е Македонија, ретки се жените во Македонија (не знам ни дали постојат такви) кои абортираат заради градење кариера или за да ја задржат линијата, или поради утринските мачнини, претежно абортираат малолетни девојки, или жени во брак кои се свесни дека едноставно не можат да си дозволат уште едно дете.
Ако се прашувам јас, наместо да се млати празна слама за абортусот, подобро би било да се едуцираат младите луѓе и на тој начин непланираната бременост да се сведе на минимум. Подобро да спречи отколку да се лечи. И да, темава е ептен досадна, а постов ми е предолг.
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)