Какви малери бе ќе играат сите.
Еве на Унгарците исто им се повреди еден од најдобрите во состав.
Унгарците без најдобриот лев бек против Македонија!
Најдобриот лев бек на Унгарија, Илиеш Ференц се повреди на пријателскиот меч против Алжир одигран викендов, а според извештаите тој ќе го пропушти квалификацискиот турнир во Гетеборг, пренесуваат унгарските медиуми.Ова значи дека Ференц нема да настапи на дуелот против Македонија на турнирот во Шведска, во натпревар кој веројатно ќе биде клучен за двете селекции за пласманот на Олимписките игри во Лондон.Инаку Ференц е еден од најдобрите ракометари на Унгарија. За сениорскиот тим досега има одиграно 155 натпревари на кои постигнал 425 голови.