Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
@the_kop, не ни одговара нам брз центар да се игра, ќе се издишат нашите... За играва денес, исто да го пофалам Манасков, изигра феноменално и ако не се лажам немаше промашување, супер беше, не ги правеше оние негови грешки во контри. Исто така да кажам дека ќе имаме голем проблем на десно крило, Темелков три пати промаши од зицер, а можеби беа и повеќе пати, знам дека два пати имаше „бунари“, за нигде беше, а и Златко Мојсоски е тапа, даде еден гол од контра, ама па од крило за нигде. Интересно е што првите пет гола ги дадоа играчи кои не сме навикнати да предводат во реализација, по два Манасков, два Филип Лазаров и еден Велко Маркоски. Убаво е кога повеќе играчи стрелаат. Добра игра имаа и пикерите со оглед на тоа што Романците играа како да е финале на светско, Столе неколку пати имаше и по тројца играчи на грб, и беа доста груби. Исто така добро беше што не правевме многу грешки со играч повеќе (со исклучок на една ситуација во второ полувреме) и обично знаевме добро да ја материјализираме ситуацијата кога имавме играч вишок. Голманите беа феноменални, а нашите судии кои ќе судат и на Олимпијада беа тотален промашок, многу лошо беше судењето. Инаку, имаме силна репрезентација и заслужуваме да играме на Олимпијада, со голема поддршка во Шведска мора да ги совладаме сите пречки, па зашто и да не бидеме први во групата.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558

Знам оти не ни одговара ама можиме барем некогаш да го користиме брзиот Манасков, немора сите напади да ги играме позициони, некогаш можи и да се ризикува секако тоа прво треба да го извежбаат на подготовкиве....
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Убаво рекоа и Киро и Мојсо по мечот славата им удри во глава односно со други зборови летнаа во облаци мислејќи дека го дофатиле Господ. Епа ако треба утре да заминат на Европско ќе бидат меѓу последните бидејќи немаме очигледно капацитет за едно ниво кое ќе трае без осцилации, тоа во минатото беше голем проблем откако се избори и првото учество на првенство во 2009 потоа имавме голема пауза... Ако сакаат да докажат дека имаат капацитет ќе мора да ја повторат играта од втора фаза во Белград, без многу калкулации се надевам и без притисок дека мора да го добијат тој меч со Унгарија така полесно ќе играме. Ова ќе биде добар тест можеби и последен да се провери колку е кадарна оваа генерација ако успејат тогаш секоја им чест.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
И во Петок, и во Сабота, па и во Недела. :)
Мислев на натпреварот со Унгарија, знам дека во петок е, не знам зашо неписмениве новинари наши пишат Сабота.
--- надополнето: 2 април 2012 во 12:37 ---
http://www.kurir.mk/sport/rakomet/66381-Ungarcite-bez-najdobriot-lev-bek-protiv-Makedonija

Не е априлилили.:D
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Добра новина за нас :)

Унгарците без најдобриот лев бек против Македонија!

Најдобриот лев бек на Унгарија, Илиеш Ференц се повреди на пријателскиот меч против Алжир одигран викендов, а според извештаите тој ќе го пропушти квалификацискиот турнир во Гетеборг, пренесуваат унгарските медиуми.

Селекцијата на Унгарија на олимпискиот турнир во Гетеборг, Шведска кој ќе се одигра од 6-ти до 8-ми април, ќе настапи без нивниот најдобар лев бек, Илиеш Ференц. Ракометарот на Веспрем се повреди на пријателскиот меч против Алжир кој се одигра викендов, а според првичните прогнози тој ќе паузира два до три месеци.
Ова значи дека Ференц нема да настапи на дуелот против Македонија на турнирот во Шведска, во натпревар кој веројатно ќе биде клучен за двете селекции за пласманот на Олимписките игри во Лондон.
Инаку, Ференц е еден од најдобрите ракометари на Унгарија. За сениорскиот тим досега има одиграно 155 натпревари на кои постигнал 425 голови.

http://www.kurir.mk/sport/rakomet/66381-Ungarcite-bez-najdobriot-lev-bek-protiv-Makedonija
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А ова ни оди во прилог, ама поентата е што мора нашиве да ги поправат грешките што ги прават и брзоплетоста, премногу се опуштаат кога мислат дека се во поволна ситуација. Во суштина овие вести не треба да допираат до нас, треба да мислиме дека играат со сите најдобри играчи и да удриме најјако што можеме. И да, падот од 10 минути во второ полувреме (35-45 минута) мора да се поправи. Не смееме да дозволиме концентрација толку да ни паѓа.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
:(

Мојсовски неизвесен за во Гетеборг?

Плејмејкерот на македонската ракометна репрезентација, Наумче Мојсовски, е неизвесен за настапот викендов во Гетеборг, на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Лондон, поради обновување на повредата на коленото. Мојсовски не играше на вториот контролен меч со Романија, пладнево во салата „Кале“, а мечот го следеше од трибините.

http://www.mkd.mk/23284/sport/mosjovski-neizvesen-za-vo-geteborg/
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Што направија нашите на вториот контролен натпревар?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Мислам дека Мојсо ќе стегне заби и ќе игра макар и со инјекција во колено :icon_mrgr:
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.871
Поени од реакции
20.444
Абе го видовме во банка прееска арен беше... од кај па сеа повреден?.. хмм ај ке смогне сили номче ЗА кого ЗА Македонија!
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Мислам дека Мојсо ќе стегне заби и ќе игра макар и со инјекција во колено :icon_mrgr:

И јас мислам. Ова им е тактика некоја:)

Се сеќавам порано кога требаше да се играат вакви пријателски турнири и ние ке отидевме со најјак состав и таму на турнирот ги правиме решето сите, ги победуваме со по 5 гола разлика и кога ќе дојдеше квалификациски турнир ке не издуваа нас. :) Така да ова ништо не ми значи.

Во Шведска ке се преобразат сите ( и Грингер стана необичен):vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom