Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас нема да навлегувам во тоа колку се издржани аргументиве на едната или на другата страна. Има триста глупости изнапишано меѓу аргументите. Мене една друга работа ми е симптоматична. Јасно ми е дека маж нема никогаш да сфати како е да си бремена и да го лишиш некого од живот, ама па не знам ни јас, нити Пума, нити Велвет. Во суштина зборувате напамет. А да не зборувам теоретски колку ви е смешна издржаноста. На што личат муабети од типот: мое тело, мое право, ако сакам ќе правам маникир, ако сакам абортус? До толку го девалвирате потенцијалниот живот што го изедначивте со маникир, кариера итн итн. Е кога ќе ви се фатат за таа девалвација, го вклучувате бојлерот и викате, ама ако жената е силувана, ако плодот не е во ред? Се е тоа во ред, речиси и да нема човек што не би оправдал абортус во такви случаи. Но, што со регуларните случаеви. Да видиме еден сосем прост пример. Дознавате дека сте бремена во брак таман кога ви ја нудат работата од соништата. Според она што го пишала Пумата, мажот кој го врти дали сака да го задржи детето, она ќе си го абортира пошто нели не сака да остане нереализирана. А пази тоа ви го зборува дете со 21 година, уште недошколувано, со став дека сите верници се дегени и треба да бидат хоспитализирани. Она битно уште сега се чувствува загрозена од потенцијален плод, да не случајно заради него остане нереализирана.

Мене ми е гајле со кој ниет си терате во животот, сите ваши мислења и постапки вас ќе ве чинат цена. Она што ми пречи е што толку ревносно го поддржувате абортусот, што речиси и да не видов да ги пишете контраиндикациите. Јас во семејството имам починато лице од несоодветно направен абортус, има луѓе кои останале стерилни заради такви процедури, психички се пореметиле итн итн. Форумов е место кое го читаат којзнае колку луѓе, некоја помлада недозреана личност, може да добие којзнае каква идеја ако се најде во ситуација да може да бира. Сфаќате дека може да поттикнете некого да се изложи на опасност, без притоа барем да му објасните кои се лошите последици од таквиот потег?

Јас сум за абортус само во исклучителни случаи. Тука подразбирам болен плод, силување, инцест итн итн. А дете да се аборитра заради кариера ми е тотален нон сенс. Таквите луѓе треба да се хоспитализираат.:sneaky:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Не до 12-та. Законот дозволува абортус до 10-та недела, а после тоа (до 13-та недела) мора да биде одобрен од комисија. За Полска не важи ова, таму е дозволен до 20-та недела.
Тогаш изгледа вака... http://fotografija.com.mk/images/qfQJD.jpg


Знам. Дека никогаш немаш слушнато од жена која била повредена од абортус. ;)



ок. Дали за тоа време мрда нешто на ехо преглед?
Човеку.... си извадил слика од ГЛАМСТИК :facepalm: кои пак, ја извадиле од АБОРТУСНЕ:facepalm:
Не постои доволно голем фејспалм, за жал. Не зезај, имаш години, не треба да те учам што се овие два сајта и колку релевантни и точни информации можеш да добиеш од нив....
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Најбавната и најочигледната а воедно и најидиотската поента во обид на темава од 267 страни.
said the Grand Jury....
Да, имаше рефлекси. Башка беше 24 недела во прашање.

А тоа е далеку од законски пропишаната рамка. Знаеш нели?
Ајде сега од почеток. Три, четири...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Видела на слика. Доволно е па ти.

Јас нема да навлегувам во тоа колку се издржани аргументиве на едната или на другата страна. Има триста глупости изнапишано меѓу аргументите. Мене една друга работа ми е симптоматична. Јасно ми е дека маж нема никогаш да сфати како е да си бремена и да го лишиш некого од живот, ама па не знам ни јас, нити Пума, нити Велвет. Во суштина зборувате напамет. А да не зборувам теоретски колку ви е смешна издржаноста. На што личат муабети од типот: мое тело, мое право, ако сакам ќе правам маникир, ако сакам абортус? До толку го девалвирате потенцијалниот живот што го изедначивте со маникир, кариера итн итн. Е кога ќе ви се фатат за таа девалвација, го вклучувате бојлерот и викате, ама ако жената е силувана, ако плодот не е во ред? Се е тоа во ред, речиси и да нема човек што не би оправдал абортус во такви случаи. Но, што со регуларните случаеви. Да видиме еден сосем прост пример. Дознавате дека сте бремена во брак таман кога ви ја нудат работата од соништата. Според она што го пишала Пумата, мажот кој го врти дали сака да го задржи детето, она ќе си го абортира пошто нели не сака да остане нереализирана. А пази тоа ви го зборува дете со 21 година, уште недошколувано, со став дека сите верници се дегени и треба да бидат хоспитализирани. Она битно уште сега се чувствува загрозена од потенцијален плот, да не случајно заради него остане нереализирана.

Мене ми е гајле со кој ниет си терате во животот, сите ваши мислења и постапки вас ќе ве чинат цена. Она што ми пречи е што толку ревносно го поддржувате абортусот, што речиси и да не видов да ги пишете контраиндикациите. Јас во семејството имам починато лице од несоодветно направен абортус, има луѓе кои останале стерилни заради такви процедури, психички се пореметиле итн итн. Форумов е место кое го читаат којзнае колку луѓе, некоја помлада недозреана личност, може да добие којзнае каква идеја ако се најде во ситуација да може да бира. Сфаќате дека може да поттикнете некого да се изложи на опасност, без притоа барем да му објасните кои се лошите последици од таквиот потег?

Јас сум за абортус само во исклучителни случаи. Тука подразбирам болен плод, силување, инцест итн итн. А дете да се аборитра заради кариера ми е тотален нон сенс. Таквите луѓе треба да се хоспитализираат.:sneaky:
1. Не е вистина. Сум била сведок на абортус. Онаков, со 3 потписчиња. Оној кој ти го одобруваш.

2. На темава, на пример, имаме родители кои тврдат дека е погрешен абортусот. На пример, абортусот, да се потсетиме, е мерка со која не сакаш да бидеш родител. Колку што јас имам право да зборувам за абортусот, толку има право и некој што е родител, толку и ти што имаш индирекно лошо искуство. На тоа што ме праша ти одговорив, а одговорот не го измислив јас. Туку луѓе за кои ти веројатно си недоизградена, недоволно искусна, несоодветно образована за проблематиката..... па те удостоив со одговор без да се обидам да го омаловажам твојот став.

3. А јас токму тоа го зборувам. На млада личност ли да и зборувам дека е ,,божји грев,, и ,,чедоморство,, абортусот? Јас ваква недоквакана, сум најгласна за сексуалното образование. Другиве некако, многу ми забегуваат со морализирање. Да, згрозена сум што децата учат што е секс, што е бременост и што е абортус од гламстик, абортусне, форуми..... И најчесто, добиваат погрешни информации. За сите три работи. Да не ја спомнувам најстрашната - СПБ.

4. Твое лично право на избор. Ниту јас, ниту ти, имаме моќ било кого да хоспитализираме. Затоа јас убаво си објаснив дека моите субјективни чувства не мора да значи и дека се реални. Реално верниците не се за хоспитализација. Реално, тоа е мое лично мислење, кое не е, и не мора да биде точно за целата популација.

5. Жал ми е за личноста која починала од абортус. Се надевам дека касапот кој го извршил, ја платил цената.
--- надополнето: 2 април 2012 во 13:48 ---
said the Grand Jury....

Ајде сега од почеток. Три, четири...
You are very boring. I am not interested.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Не само тоа, туку и опасна, со силен потенцијал да метастазира кај неусвитени тинејџерски умови. Јас затоа и првично се вмешав на темава, оти во крајна линија дебатава не само што не е конструктивна, туку и се оди на тоа дека прифаќање на абортусот треба да се изедначи со одење по голема нужда, па како што никој нема право да ја прашува жената за тоа каква столица имала, нема право ни да и се меша во одлуката да абортира (а абортирала бидејќи многу мачнина ќе и стварал паразитот, па повраќања, чуда....)
Ова е иднината на милитантниот фенимизам.
Be afraid. Very afraid.


Се согласувам со тоа дека дебатава стана крајно неконструктивна.

And yet...

Прво, многу ми боде очи терминот „милитантен феминизам“
Милитантниот (како што ти го нарекуваш) феминизам е далеку порадикален, и по млад во историјата, отколку девизата „мое тело мој избор“. Правото на абортус во историјата на феминизмот се појавува уште во првиот бран на феминизам. Аргументите за абортусот се појавуваат многу рано во феминистичкото движење и се темелат на ставот дека жената треба да има контрола над своето тело и можност за самоопределување бидејќи тие се најпогодени од репродукцијата. Правото на избор не смее да се поистоветува со каприц.

Во некој од моите претходни постови пишав дека само жена треба да биде мајка. Не дете на 14 години, не девојче, туку жена. Жена која ќе е спремна на одговорноста која ја носи новиот живот. Некој член во темава имаше напишано за тоа како наштите баби имале по десет деца и живееле во колиби па ништо не им фалело. Исто така нашите баби баби раѓале на 16 години, тоа е неоспорно. Проблемот овде, и во сите pro life аргументи е тоа што го исклучуваат општествениот аспект од приказната. Општеството во времето на нашите баби го наложувало таквиот начин на функционирање. Затоа се родил феминизмот како движење. Затоа што нашите баби немале право на образование, немале право на кариера, немале право ниту да го изберат својот партнер, и доколку останеле немажени до 25 години практично биле бескорисни.
Денес општествените прилики се поинакви па не можеме да го земеме како репер тоа однесување. Денес поголем дел од девојките на 16 години не се соодветни за да бидат мајки. Не се доволно зрели.

Имаш напишано некаде дека тој чин ќе овозможи да созреат. Според мене тоа е крајно неправилно. Не треба бременоста да биде онаа која ќе присили некого да созрее. Настаните треба да се случуваат по инверзен редослед.

Одговорност во сексуалното однесување секако дека е потребна, но немаме контрацептивни средства кои овозможуваат 100% сигурност. И доколку гледаме логично на работите, и контрацепцијата е една форма на абортус. Лет3 има пишано на темава дека ако сакаш да дознаеш дали ембрионот е бебе, остави го неколку месеци па ќе дознаеш. Истото важи и за контрацепцијата. Доколку не го спречиш патот на сперматозоидите, за одреден временски период и тие ќе станат бебе. Зарем и контрацепцијата е убиство?
Од ова произлегува дека ако една девојка избере абортус како форма на регулација на репродукција, сама себе си наштетува. Таа повторно го спречува формирањето на живо битие, но со абортусот се изложува на поголем ризик себеси, затоа што колку и да е рутинска и софистицирана метода, сепак си носи ризици. Сигурно поголеми од користење на кондом.

Ултимативен аргумент на pro choice движењето е желбата. Доколку една жена не сака да биде мајка тогаш апсурдно е некој што не ја чуствува нејзината тежина да ја осудува или уште помалку да и кажува што да прави. Сигурно и таа размислила за опциите кои што и се понудени и резултатите од сето тоа. Јас мислам дека и најнеодговорната личност во овој случај ќе ги согледа придобивките и последиците од нејзиниот избор. И секако дека треба да се консултира со партнерот, со стручни лица, со мајка и, другарка и, или кој таа го смета за соодветен во ситуацијата, но никако не смее да биде притисната од општествени стеги да донесе одлука со која таа нема да биде задоволна. Затоа што улогата на мајка не е само да го носи и да го роди плодот, треба и да го израсне, да го воспитува, да се грижи за него. Овие одговорности не можат да бидат исфорсирани и препишани на некоја личност без прво таа сама да ги прифати. Погрешно е. Можеби ќе има среќен живот а можеби и ќе го задави детето за време на постнаталната депресија. Тоа не го знаеме. Затоа одлуката за абортус се донесува со емоциите и размислувањата со кои располагаш во моментот.


И на крај, абортусот може да се ограничи на само два статути: дозволен или не.
Не може да се создадат поткатегории затоа што жена која не сака да роди, ќе најде начин да се ослободи од плодот.
--- надополнето: 2 април 2012 во 14:20 ---
Мене ми е гајле со кој ниет си терате во животот, сите ваши мислења и постапки вас ќе ве чинат цена. Она што ми пречи е што толку ревносно го поддржувате абортусот, што речиси и да не видов да ги пишете контраиндикациите. Јас во семејството имам починато лице од несоодветно направен абортус, има луѓе кои останале стерилни заради такви процедури, психички се пореметиле итн итн. Форумов е место кое го читаат којзнае колку луѓе, некоја помлада недозреана личност, може да добие којзнае каква идеја ако се најде во ситуација да може да бира. Сфаќате дека може да поттикнете некого да се изложи на опасност, без притоа барем да му објасните кои се лошите последици од таквиот потег?

Јас сум за абортус само во исклучителни случаи. Тука подразбирам болен плод, силување, инцест итн итн. А дете да се аборитра заради кариера ми е тотален нон сенс. Таквите луѓе треба да се хоспитализираат.:sneaky:

Баш поради тоа што некој е свесен за можните последици кои бесусловно ги прифаќа кога се согласува на оваа процедура треба да даде до знаење колку е очаен некој за да го направи абортусот. И затоа што последиците од двата избора паѓаат на жената, затоа таа треба да биде онаа која ја носи одлуката. Во двата случаи мажот е само посматрач, ништо повеќе. Тој никогаш нема да почуствува низ што поминуваа таа жена.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Морам да те прашам нешто.
Најхипотетички што може. Еве да речеме имаш девојка и останува бремена. И таа ти вика дека не сака да чува дете, ти и викаш, јас сум против абортус. На тоа таа ти одговара, „ Во ред, јас ќе го родам детето, ама ќе те напуштам една недела по раѓањето, и ке те оставам да го гледаш.“
Што ќе и речеш ти тогаш? Не абортирај?
убаво прашање.....да не развлекувам - СЕ и сешто може да се случи(иако кај некого се поголеми шансите,кај други се минимални),но секако дека нема шанса да “оставам туку така МОЕ чедо така на улица“......ете ти запрашај се на пример дали сакаш нешто лошо да им се случи на твој близок роднина,па ќе го најдеш одговорот
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
убаво прашање.....да не развлекувам - СЕ и сешто може да се случи(иако кај некого се поголеми шансите,кај други се минимални),но секако дека нема шанса да “оставам туку така МОЕ чедо така на улица“......ете ти запрашај се на пример дали сакаш нешто лошо да им се случи на твој близок роднина,па ќе го најдеш одговорот
Јас не зборувам откако ќе се роди. Јас зборувам веднаш откако девојката ќе дознае дека е бремена. Да речеме дека е 4 недела на бременост. Таа ти вели „или јас ќе абортирам или ти ќе бидеш самохран татко“
Што ќе избереш.
Само без инаетење и идеализирање. Согледај ги сите последици од тоа.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Јас не зборувам откако ќе се роди. Јас зборувам веднаш откако девојката ќе дознае дека е бремена. Да речеме дека е 4 недела на бременост. Таа ти вели „или јас ќе абортирам или ти ќе бидеш самохран татко“
Што ќе избереш.
Само без инаетење и идеализирање. Согледај ги сите последици од тоа.
и што очекуваш да го повторувам постот и одговорот ?! со кого се јас реплицирам :facepalm:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
и што очекуваш да го повторувам постот и одговорот ?! со кого се јас реплицирам :facepalm:
Јок, не даде одговор. Демек, мое чедо, ќе си го чувам.
Чедото не ти е родено, далеку е од чедо.
Имаш секс со некоја, онака у сабота навечер, на пијано.
Ти вика - јас деца нејќу, ако го сакаш, ќе ти го родам, и твое си е.
Оди лажи друг дека ќе и речеш - нема проблем срцка, само ти роди го, се останато е моја работа.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
и што очекуваш да го повторувам постот и одговорот ?! со кого се јас реплицирам :facepalm:
Јас очекував ти да ја имаш увидено разликата меѓу ембрион од 4 недели и твое чедо. Затоа што ако гледаш така и генетскиот матријал во спремата е твое чедо, па имбецилно би било да не користиш контрацепција.
Немаш потреби од фејспалм, јас гледам со кого реплицирам, од фактот што толку брзо ми реплицира. Не ти требаа ни две минути. Тоа значи дека ни две секунди немаш размислено како би ти било да бидеш самохран тактко. Кои последици ги носи тоа во животот. А убаво те замолив да не ми се инаетиш.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Јок, не даде одговор. Демек, мое чедо, ќе си го чувам.
Чедото не ти е родено, далеку е од чедо.
Имаш секс со некоја, онака у сабота навечер, на пијано.
Ти вика - јас деца нејќу, ако го сакаш, ќе ти го родам, и твое си е.
Оди лажи друг дека ќе и речеш - нема проблем срцка, само ти роди го, се останато е моја работа.
мерак имаш да вадиш од контекст нечиј одговор само да си оправдаш нешто лично твое мислење или став или вотевер

одговорот е даден во првата реплика,а заради вакви постови ја натежнавте темата од преку 250 страници :facepalm:
--- надополнето: 2 април 2012 во 14:38 ---
Јас очекував ти да ја имаш увидено разликата меѓу ембрион од 4 недели и твое чедо. Затоа што ако гледаш така и генетскиот матријал во спремата е твое чедо, па имбецилно би било да не користиш контрацепција.
Немаш потреби од фејспалм, јас гледам со кого реплицирам, од фактот што толку брзо ми реплицира. Не ти требаа ни две минути. Тоа значи дека ни две секунди немаш размислено како би ти било да бидеш самохран тактко. Кои последици ги носи тоа во животот. А убаво те замолив да не ми се инаетиш.
девојко каде гледаш инает,треба само да го прочиташ од неутрален агол мојот пост па да видиш што е напишано,проста математика 2+2
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
мерак имаш да вадиш од контекст нечиј одговор само да си оправдаш нешто лично твое мислење или став или вотевер

одговорот е даден во првата реплика,а заради вакви постови ја натежнавте темата од преку 250 страници :facepalm:
--- надополнето: 2 април 2012 во 14:38 ---


девојко каде гледаш инает,треба само да го прочиташ од неутрален агол мојот пост па да видиш што е напишано,проста математика 2+2

Го прочитав јас ама ти изгледа не читаш. И само копираш реплики од други членови. Ама не знаеш каде да ги употребиш очигледно. Убаво беше прашањето, само немаш одговор на него.
Ти ќе си ја жртвуваш иднината за сам да гледаш дете кое си го направил ненамерно со некоја која не ја ни познаваш доволно. А и да ја познаваш, децидно ти рекла дека нема да учествува во тоа.
Вакви хуманисти ретко се раѓаат.

Е да, ако некогаш забременам ненамерно, имам идеално решение. Нема да се изложувам на непотребни ризици и ќе ти го оставам тебе.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Баш поради тоа што некој е свесен за можните последици кои бесусловно ги прифаќа кога се согласува на оваа процедура треба да даде до знаење колку е очаен некој за да го направи абортусот. И затоа што последиците од двата избора паѓаат на жената, затоа таа треба да биде онаа која ја носи одлуката. Во двата случаи мажот е само посматрач, ништо повеќе. Тој никогаш нема да почуствува низ што поминуваа таа жена.
Толку ли неразбирливо пишувам? Не ме разбирате ли што сакам да кажам? Да упростам ли? Било кој што има став по било која тема, посебно кога се работи за животно чувствителни прашања треба да ги постави двете страни на приказната. Јас како жена, не би можела да му сугерирам на некое девојче абортус, без притоа да и кажам про и контра тоа. Не може да поддржувате абортус, а да не кажете кои се лошите страни на тој избор. Зашто, избор е. Мислите дека секој е свесен за последиците? Дека секој е толку зрел? Ако ве чита некоја тинејџерка која е бремена, бидете сигурни дека таа зад грб на родители ќе го направи абортусот во којзнае каква клиника.

Личноста која ви ја наведов како пример од моето семејство, е пример зошто треба да си ја чукнете главата пред да скокнете во одбрана на абортус по секоја цена. Зашто другата страна е многу грда, погрда од живот без кариера. Во случајот кој ви го наведувам, жената заради мачниот абортус кој не бил добро направен, прво ослепе, а потоа два дена умираше дома пред очи на сите. Затоа направете ми услуга, нареден пат кога ќе сугерирате абортус, кажете ги и лошите страни, за било која жена да знае на што се изложува.
 
T

Tetro

Гостин
Човеку.... си извадил слика од ГЛАМСТИК :facepalm: кои пак, ја извадиле од АБОРТУСНЕ:facepalm:
Не постои доволно голем фејспалм, за жал. Не зезај, имаш години, не треба да те учам што се овие два сајта и колку релевантни и точни информации можеш да добиеш од нив....
јој љепото. Нормално дека ќе ја извадам од негде. Нема рачно да ја цртам, аман. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom