Dekemvri
Неписмен уличар
- Член од
- 8 декември 2010
- Мислења
- 338
- Поени од реакции
- 247
Ќе се обидам да се задржам само на поедини делови на ова писание.Не дека и денешниов систем е цвеќе, ама Социјализам/Комунизам(или како и да го наречам) е срање систем !
Социјализам/Комунизам ти е утопистички и колективистички систем, кој се базира на едноумие и тоталитаризам !
Во економски поглед пак Социјализмот е чергарска идеологија, демек се залага за некаква социо-економска ’’еднаквост‘‘ во смисол треба да се земе од едни и да се даде на други, со цел да не постојат различни класи во општеството, што секако е крајно спротивно на човековата природа !
Ако јас на пр. сум успешен како човек, работам, заработувам, инвестирам и.т.н. зашто да треба дел од тоа да го давам на некои неспособни голтари, ваквиот систем е дури и бетер и од Нацизам/Фашизам и сл. шуќур што пропадна ваквиот систем !
Во принцип сум млад и претежно сум либерален во политичките гледишта, не сум ниту пак некој јак десничар, ама левичарскава идеологија да признаеме е невидено срање !
Ако за еден систем некој знае каков е и го наречува така како е наречен погоре а за друг систем или уредување како денешниот не знае како да го нарече тогаш не треба да дискутира во однос на валидноста, квалификациите и примената на уредувањето.
Во колективистичкиот систем нема ЕДНОУМИЕ И ТОТАЛИТАРИЗАМ затоа што со давањето право на управување и одлучување на работничката класа заедно со работничкиот синдикат не е ТОТАЛИТАРИЗАМ.
За разлика од тогаш, пост соц/комунизмот донесе шверцмафијаши, пљашкаши капиталисти од направеното од потта и грбот на работниците, анархистички систем кој се базира и поистоветува на тотализам и право едноумие во денешниот 21-век.
Во економскиот поглед "чергарската идеологија"... уништеното разрушено тотално се од инфраструктурата во втората светска војна успеа да изгради и обнови се за 50-тина години... фабрики, мостови, болници, училишта, бањи, електрификација, патишта ......... а се залагаше за еднаквост на работниците во работата да нема мајоризација и искористување на работната сила на работникот.
Детски чаршиски имуабети и на седенки во кафичи не слушај чедо божје-треба да се земе од едни и да се даде на други,- за ова или си прочитал некаде или ти излегло на сон
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Таков бил системот иако социјалистички во кој немаше забрана за приватни занаетчиски работилници и приватна работа во кој имаше различни калси во општеството и тоа средно имотни, малку имотни и повеќе имотни за разлика од т.н.демократија која ја уништи средно имотната класа и останаа бедно сиромашните и капиталистичките олигарси кои се награбаа.....присвоија фиктивно се приватизирајќи ја со минимизирање вредноста на капацитетите без работа.
Чедо божје "неспособните голтари" немој веќе да ги наречуваш работниците ако ти е мислата за нив, не е јасна дефиницијата "неспособни голтари" за кој се однесува?.
Да не пропаднеше тој систем немаше да пропадне целата економија и целата инфраструктура и да останат илјадници работници надвор од работа кои работеле и имале стаж по 30 години..да не набројувам и се повторувам пак оти погоре кажав.
Капиталистичко десничарката идеологија е видено срање (иако сум во капиталистичка земја) не знаеш за која идеологија треба да даваш квалификации како што тврдиш дека не си некој јак десничар ниту левичар ...никаков.
Но темата не е за идеологиите и системите, тука престанувам со реплики вон зададената тема.
Тито во Скопје, Мај, 1945 година
П.С.
Велиш дека си млад. Никој не може да зборува за тогашниот систем кој не живеел во него и дава паушални чуени квалификации од нешто чуено. Имало и тогаш како и сега противници на тогашниот состем, и секогаш после промена на состемот во секоја земја излегуваат разни историчари и разни други квази патриоти.