Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито


  • Вкупно гласачи
    153
Статус
Затворена за нови мислења.

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Не дека и денешниов систем е цвеќе, ама Социјализам/Комунизам(или како и да го наречам) е срање систем !
Социјализам/Комунизам ти е утопистички и колективистички систем, кој се базира на едноумие и тоталитаризам !
Во економски поглед пак Социјализмот е чергарска идеологија, демек се залага за некаква социо-економска ’’еднаквост‘‘ во смисол треба да се земе од едни и да се даде на други, со цел да не постојат различни класи во општеството, што секако е крајно спротивно на човековата природа !
Ако јас на пр. сум успешен како човек, работам, заработувам, инвестирам и.т.н. зашто да треба дел од тоа да го давам на некои неспособни голтари, ваквиот систем е дури и бетер и од Нацизам/Фашизам и сл. шуќур што пропадна ваквиот систем !
Во принцип сум млад и претежно сум либерален во политичките гледишта, не сум ниту пак некој јак десничар, ама левичарскава идеологија да признаеме е невидено срање !
Ќе се обидам да се задржам само на поедини делови на ова писание.

Ако за еден систем некој знае каков е и го наречува така како е наречен погоре а за друг систем или уредување како денешниот не знае како да го нарече тогаш не треба да дискутира во однос на валидноста, квалификациите и примената на уредувањето.

Во колективистичкиот систем нема ЕДНОУМИЕ И ТОТАЛИТАРИЗАМ затоа што со давањето право на управување и одлучување на работничката класа заедно со работничкиот синдикат не е ТОТАЛИТАРИЗАМ.
За разлика од тогаш, пост соц/комунизмот донесе шверцмафијаши, пљашкаши капиталисти од направеното од потта и грбот на работниците, анархистички систем кој се базира и поистоветува на тотализам и право едноумие во денешниот 21-век.

Во економскиот поглед "чергарската идеологија"... уништеното разрушено тотално се од инфраструктурата во втората светска војна успеа да изгради и обнови се за 50-тина години... фабрики, мостови, болници, училишта, бањи, електрификација, патишта ......... а се залагаше за еднаквост на работниците во работата да нема мајоризација и искористување на работната сила на работникот.

Детски чаршиски имуабети и на седенки во кафичи не слушај чедо божје-треба да се земе од едни и да се даде на други,- за ова или си прочитал некаде или ти излегло на сон:facepalm: ... од едни на други не ти е јасно тврдењето, затоа е паушално сето.
Таков бил системот иако социјалистички во кој немаше забрана за приватни занаетчиски работилници и приватна работа во кој имаше различни калси во општеството и тоа средно имотни, малку имотни и повеќе имотни за разлика од т.н.демократија која ја уништи средно имотната класа и останаа бедно сиромашните и капиталистичките олигарси кои се награбаа.....присвоија фиктивно се приватизирајќи ја со минимизирање вредноста на капацитетите без работа.

Чедо божје "неспособните голтари" немој веќе да ги наречуваш работниците ако ти е мислата за нив, не е јасна дефиницијата "неспособни голтари" за кој се однесува?.

Да не пропаднеше тој систем немаше да пропадне целата економија и целата инфраструктура и да останат илјадници работници надвор од работа кои работеле и имале стаж по 30 години..да не набројувам и се повторувам пак оти погоре кажав.

Капиталистичко десничарката идеологија е видено срање (иако сум во капиталистичка земја) не знаеш за која идеологија треба да даваш квалификации како што тврдиш дека не си некој јак десничар ниту левичар ...никаков.

Но темата не е за идеологиите и системите, тука престанувам со реплики вон зададената тема.


Тито во Скопје, Мај, 1945 година

П.С.
Велиш дека си млад. Никој не може да зборува за тогашниот систем кој не живеел во него и дава паушални чуени квалификации од нешто чуено. Имало и тогаш како и сега противници на тогашниот состем, и секогаш после промена на состемот во секоја земја излегуваат разни историчари и разни други квази патриоти.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Јас си го пишав само моето лично мислење, а ти можеш да си мислиш што сакаш, исто како што и јас може да си мислам што си сакам !
Инаку под тоа ’неспособни чергари/голтари‘, не мислев баш на работниците, незнам како си ме сфатил, али нема везе !
Јас сум претежно либерал со одредени про-десничарски идеи, но сепак не сум прав десничар, а левичар па најмалку !
Тоа му доаѓа нешто како либерал-конзервативец или либерална-десница т.е. од центар кон десно !
И секоја идеологија или политичко-општествен систем кој се базира на едноумие, колективизам, тоталитаризам и утопија за мене е ништовен и неможам да бидам следбеник и поддржувач на таквите недемократски идеологии и системи !
Не за џабе повеќето држави во светот(и капиталистички и пост-социјалистички) го сместија Социјализмот/Комунизмот во ист кош заедно со Нацизам/Фашизам, ама нели како и секогаш ние сме во право, а другите се во грешка !
Е сега за темава, јас лично ниту го сакам, ниту пак го мразам Тито, едноставно сум рамнодушен по ова прашање, но секој си има право да си го каже своето мислење и тие што го почитуваат ликот и делото на Ј.Б.-Тито и тие кои што не го почитуваат, јас лично неможам да се изјаснам, бидејќи како што кажав, ниту го мразам, ниту го сакам, едноставно неутрално мислење !
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.335
Поени од реакции
26.291
Ја промашуваш поентата. Посети го музејот, слушај го водичот и верувај ќе се изненадиш (имајќи во предвид дека имаш вакви ставови) како борците од НОБ се прикажани во позитивно светло, Ванчо Михајлов е прикажан како предавник. Не гледам зошто е понижување да бидат сите на исто место. Едните се позитивни, другите негативни ликови.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Кај Македонците преовладуваат следниве два става:
  1. Без Тито Македонија ќе имаше повеќе од ова што сега го има.
  2. Без Тито Македонија немаше да го има ни ова што сега го има.
Точно, кај Македонците преовладуваат овие две мислења, отприлика(фифти-фифти) !
Јас на пр. како млад човек(25-6 год.) имам неутрално мислење, ниту го обожавам и почитувам ликот и делото на Тито, но од друга страна не го ни мразам, бидејќи едноставно сметам дека сето тоа е Историја/Минато, Тито почина пред 32 год. а Социјализмот, како и С.Ф.Р.Југославија не постојат веќе цели две децении, така да мислам дека е време Макед.народ да престане да се дели на вакви и онакви, левичари и десничари, Југоносталгичари(Комунисти) и Македонисти(Патриоти) и сл. Сите сме еден ист народ Македонци, без разлика на политичко-идеолошката матрица !
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Не го почитувам стариот систем од причина што сме биле присилени да влеземе во него,но за делото на Тито дека бил мангуп гласав за ДА.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Не го почитувам стариот систем од причина што сме биле присилени да влеземе во него,но за делото на Тито дека бил мангуп гласав за ДА.
Ниеден систем не те прашува дали го сакаш или не го сакаш, едноставно те проголтува ............... во ’45 без да не прашал не проголтал Социјализмот, а пак пред 2 децении без да не праша не проголта Капитализмот .......... така да како и да се свртиш, г’зот секогаш ќе ти биде одзади ! ;)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Ниеден систем не те прашува дали го сакаш или не го сакаш, едноставно те проголтува ............... во ’45 без да не прашал не проголтал Социјализмот, а пак пред 2 децении без да не праша не проголта Капитализмот .......... така да како и да се свртиш, г’зот секогаш ќе ти биде одзади ! ;)
Во право си можеби не се изразив како што треба,мислев сме биле присилени да влеземе во таа федерација а и кога сме искочиле од истата за да нема војна сме им го дале пола од оружјето и голем број на авиони.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Да Тито навистина бил легенда, според она што ние помладите генерации родени после неговата смрт го знаеме и сме го чуле за него, било од телевизијата, било од постарите...
Тито, иако Комунист успеал за време на 2 с.в. да ја добие поддршката и од Комунистичкиот исток(СССР) но и од Капиталистичкиот запад(САД, Британија, Франција...) се со цел победа и уништување на Хитлер(Нацистичка Германија) !
На почетокот западниве Капиталистички земји претежно им биле наклонети повеќе на четниците(Српските ројалисти), но подоцна во текот на војната тие својата поддршка му ја даваат на Ј.Б.-Тито и неговото партизанско движење !
После војната Тито одиграл многу мудро, му го свртел грбот на Сталин(СССР) и повеќе се доближил кон западот, но сепак СФРЈ не била никогаш ниту под сенката на Сталин(СССР), ниту под сенката на западните Капиталистички сили, туку Тито бил покровител и креатор на движењето пакт на неврзаните, кое мислам дека сеуште постои?, иако ова движење било со Социјалистички/Комунистички предзнак сепак не било под влијание на другите големи Социјалистички сили како СССР или НР Кина !
Според мене Тито навистина бил контроверзна и интересна личност, светска фаца и светски играч кој им пркосел и на истокот и на западот, а не било баш шала во тоа време да му пркосиш на еден диктатор No1 Сталин(СССР), како и на една Америка !
Накратко кажано Социјализмот како систем е ѓубре(според мене), ама Тито стварно бил светски мангуп и светски играч, мислам снаодлив лидер, за разлика од денешниве наши ’’лидери‘‘ кои незнаат ни врвките на кондурите да си ги заврзат, а камо ли па да водат држава и да бидат познати по светот !
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Тито, иако Комунист успеал за време на 2 с.в. да ја добие поддршката и од Комунистичкиот исток(СССР) но и од Капиталистичкиот запад(САД, Британија, Франција...) се со цел победа и уништување на Хитлер(Нацистичка Германија) !
Ниту комунистичкиот исток ниту капиталистичкиот запад не ги даде 1.700,000-те жртви антифашисти борци партизани комунисти и жртви цивили против фашисттичката оска Рим-Берлин-Токио помогнати од бугарија, Маџарска, Албанија и домашните заеднички ЈУ предавници усташи, четници, домобрани, бугарофили и разни други коекакви предавници во втората светска војна.
ЈУ републиките во заедничката борба на чело со КПЈ и Тито со сојузниците СССР, Америка, Англија, Франција сите посебно водеа борба против заедничкиот фашистички непријател што значи дека тоа е заедничка меѓусебна антифашистичка подршка на сојузниците против тројниот фашистички пакт.
На почетокот западниве Капиталистички земји претежно им биле наклонети повеќе на четниците(Српските ројалисти),
Нов историски податок !

На српските четници, хрватските НДХ усташи, албанските балисти, бугарските врховисти во Македонија, домобраните и на другите фашистички групации на домашни предавници им беа наклонети тројниот пакт.
Тито и неговото партизанско движење !
Партизанското "движење" не е Титово туку сенародна антифашистичка ослободителна борба.
Тито бил покровител и креатор на движењето пакт на неврзаните,
Тито не е ПОКРОВИТЕЛ туку КРЕАТОР како што си навел. Покровител е термин за кога се одржува некој собир во земја во која се одржува собирот за поднесување на трошоците направени за време траењето на такво нешто.
Според мене Тито навистина бил контроверзна и интересна личност, светска фаца
*Тито не бил ниту контроверзна ниту интересна а понајмалку ФАЦА. фаца е детски израз за дрн-дрн јарина.
*Тито стварно бил светски мангуп и светски играч ... во БЕЗБОЛ
Ако е според тебе мислењето, за кое не верувам, мисли така според сопстевеното убедување.
кој им пркосел и на истокот и на западот, а не било баш шала во тоа време да му пркосиш на еден диктатор No1 Сталин(СССР), како и на една Америка !
:drk::drk:
Потполно точно
Накратко кажано Социјализмот како систем е ѓубре(според мене),
Според мене НЕ е така.

Како ќе го го наречеш денешниот благодетски во раат животен систем.... ???

по мене контејнерски и анархистички.... реа систем.


Тито во Македонија дошол 16 пати. Првпат тоа било на 11 октомври 1945 година. На 13 ноември 1946 година беше прогласен за Почесен граѓанин на Скопје. Веднаш, заедно со тогаш Советскиот претседател Никита Хрушчов, дојде во Скопје по катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година. Последен пат, Тито ја посети Македонија на 5 октомври 1978 година.
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
215
Баш како Тито сега имаме еден куп, тогаш беше еден зато му успеваше да изигра, а сега имаме 1000дници како него, манипулатори и лажговци.
Мојот прадедо, учел со Дража Михајлович и со Владимир Ваухних во Франција, а дедо ми ко ми ги раскажваше приказните за мојата фамилија, ми кажа дека на Дража Михајлович многу му помагале Британците, бидејќитие се плашеле од комунизмот. Имам многу информации за то дека вистина Британија, Франција и САД му давале помош на Дража Михајлович, ама то ќе го има во книгата што ја потготвувам, а во преговори треба да влезам и со еден режисер можи и да излези добар филм, за едно историско битно семејство уништено од Кумунистичкото братство и единство ......
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.877
Поени од реакции
12.410
Мојот прадедо, учел со Дража Михајлович и со Владимир Ваухних во Франција, а дедо ми ко ми ги раскажваше приказните за мојата фамилија, ми кажа дека на Дража Михајлович многу му помагале Британците, бидејќитие се плашеле од комунизмот. Имам многу информации за то дека вистина Британија, Франција и САД му давале помош на Дража Михајлович, ..
Од Дража Михајловиќ до Тито, ликот и делото...црното да е бело, белото, црно.
Ако си ти за краља, ти си знаеш...ама не чини да кружиш као киша око Крагујевца та почнуваш со неправедно одземени фабрики (кои е прашање како е стекнат толкав имот под туѓа окупација)...прочитај низ нетот за што се залагале Дражиќевци и Светосавскиот Конгрес (Башка Резолуција), а прочитај за што антифашистичкото движење. Едните за Тројна Федерација (со Македонски територии, без права за Македонија), другите за познатата југословенска федерација каде Македонија ги имала сите можни права кои сега ти ги уживаш како Македонец.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Баш како Тито сега имаме еден куп, тогаш беше еден зато му успеваше да изигра, а сега имаме 1000дници како него, манипулатори и лажговци.
Мојот прадедо, учел со Дража Михајлович и со Владимир Ваухних во Франција, а дедо ми ко ми ги раскажваше приказните за мојата фамилија, ми кажа дека на Дража Михајлович многу му помагале Британците, бидејќитие се плашеле од комунизмот. Имам многу информации за то дека вистина Британија, Франција и САД му давале помош на Дража Михајлович, ама то ќе го има во книгата што ја потготвувам, а во преговори треба да влезам и со еден режисер можи и да излези добар филм, за едно историско битно семејство уништено од Кумунистичкото братство и единство ......
Ги има и Дражичевци, Недичевци, Љотичевци, цар Борисовци и Кадри Салиовци.

А.... дали знаеш што направи комунизмот за 45 години после војната?
Дали знаеш на чија страна бил твојот дедов Дража Михајловиќ.
Дали знаеш на чија страна биле Британците во втората светска војна?

Дали нешто ќе напишеш за фашистичкото хумано единство и во какво светло ќе ги опишеш дедовиот твој Дража и погоре спомнатите фашистички светски хуманитарци на чело со Хитлер..

Четници во борба заедно со Германците против НАЦИСТИЧКИТЕ СС АНТИФАШИСТИ.

И нивниот газда



Срам да ги биде комунистите се бореле против фашистите и Дражо.
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
215
Од Дража Михајловиќ до Тито, ликот и делото...црното да е бело, белото, црно.
Ако си ти за краља, ти си знаеш...ама не чини да кружиш као киша око Крагујевца та почнуваш со неправедно одземени фабрики (кои е прашање како е стекнат толкав имот под туѓа окупација)...прочитај низ нетот за што се залагале Дражиќевци и Светосавскиот Конгрес (Башка Резолуција), а прочитај за што антифашистичкото движење. Едните за Тројна Федерација (со Македонски територии, без права за Македонија), другите за познатата југословенска федерација каде Македонија ги имала сите можни права кои сега ти ги уживаш како Македонец.
Тука не станува збор јас дали го подржувам Дража или не и јас не водам агресивен разговор со цел да навредам некој шо не го познавам како ти шо се обидуваш, а и нема да си дозволам да погодувам шо подржуваш ти и не ме ни интересира.........
Вака сега да бидиме јасни, на малите деца од 6то одд. му ка кажва наставникот по историја дека в Британија, Франција и САД водат многу чудна војна.........
Сите знаеме дека Дража бил Ројалист, не заборавајте дека постојат неколку битки во кои Дража се судрил со Бугарско- Италијанските војски во почетоците на војната. Подоцна Дража почнува да прави тоа што правел, а само за потстување, Српскиот народ и официјално се извина за тоа што го осудиле Дража и на неговата внука му врачија орден за заслуги, ама то не е ни битно....
Припаѓам на фамилија која го искусила лицерието на Тито, само заради тоа што биле во про Македонскиот табор, кој се залагаше за независна Македонија. Мојот Предок Стојан Идризов Јосифовски, е еден од најголемите богаташи за време на Османлиската Империја во Битола, еден од покровителите на Тајната Македонска Револуционерна Организација и исто така голем покровител на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Одржаваше постојани односи со Властите во Битолскиот Вилает и игра голема улога во разознавачките акции. Неговиот син Ташко Идризов Јосифовски, го продолжува цело дејствие се до ослободување на Македонија и недомакинска поделба по Првата светска војна, кога дефинитивно и се потврдени границите. За време на НОБ игра исто такви некои разознавачки улоги, Агентот В или Владимир Ваухних му дава точни информации за сите планови на фашистите, а тој сам Ваухних по вртењето на Дража кон фашистите станува командант на една единица на Драженовите сили, и од таму почнува да црпи информации за дејствијата на Ројалистите........ Многу чудно испреплетено, ама ви тврдам дека цела оваа работа е од страна на САД, В.Британија и Франција како случаен минувач (хахахаахаха) ........
Тито точно си ги знаеше сите негови соработници, но на крајот извисија про Македонците, шо во ова работа ме клава доста лично и можиме до утре да полемизираме, ама јас ќе бидам на оваа страна , а ти на таа и никој неможи да ме убеди во добронамерноста на Тито, не велам Комунизмот, затоа што Комунизмот кој е "сервиран на масата" не е оној кој требаше да се "јаде".
И БРАТУ ЈАС НЕ СУМ ПОДРЖУВАЧ НА ДРАЖА, А ВОЕДНО ГИ МОЛАМ СИТЕ НАТАМОШНИ УЧЕСНИЦИ ДА НЕ МИ ЛЕПАТ НИКАКВИ ЕТИКЕТИ БЕЗ МОЈА ДОЗВОЛА !!!
МИСЛАМ ДЕКА ИМАМ ПРАВО МОЈОТ ИДЕАЛ ДА СИ ГО ЗАДРЖАМ ЗА МЕНЕ, СЕПАК ТУКА ПИШУВАМЕ ПОД ПСЕВДОНИМИ !!!
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Без меѓусебни напади и лепење на етикети, ти си ваков, ти си таков, тоа е Историја и овдека само правиме дискусија, на културно ниво, никој нема право да лепи етикети ниту пак да плука и навредува по други членови, впрочем такви се и правилата на форумот, дискусии да, но без лични навреди, дисквалификации, етикетирања, навреди, плукања... !

Точно е тоа дека фашистите/нацистите скоро во секоја земја си имале свои поддржувачи т.е. петоколонаши или колаборационисти: хрватски усташи, српски четници?, албански балисти, муслиманска(бошњачка) Ханџар-дивизија, словенечки домобрани, црногорски зеленаши, бугарски и про-бугарски врховисти, унгарски(маѓарски) колаборационисти, романски колаборационисти, руски, украински, белоруски колаборационисти и.т.н.
Но навистина ми е чудно за српскиве четници, како прво тие биле ројалисти, националисти и антикомунисти, но незнам баш дали биле про-фашистички ориентирани како хрв.-усташи на пр. !
За време на 2 с.в. четниците се бореле и против партизаните(комунисти), но и против усташите, особено во пределите на БиХ(тогаш во склоп на НДХ) се со цел спречување на усташкиот геноцид врз српското население !
Имало доста битки помеѓу четниците(ројалисти и националисти) и партизаните(комунисти), но и помеѓу четниците и усташите ............ усташите биле десна рака на германците и италијаните, а многумина исто така велат дека и четниците биле десна рака на фашистите/нацистите, епа како тогаш борба помеѓу две про-фашистички формации ? Од чиста љубопитност имам по интернетов најдено разни ствари за четниците, како прво и прво српски колаборационисти и петоколонаши биле движењето ЗБОР на Милан Недиќ и Димитрије Љотиќ, додека пак формацијата на Дража М. била ројалистичка, националистичка и антикомунистичка, но сепак не била баш про-фашистичка ....... б.т.в. има едно видео на ЈуТјуб како за време на војната четниците дури и спасуваат 500 американски војници на кој им се урнал транспортниот авион некаде во БиХ и биле готови да паднат во германски и усташки раце, но четниците на време ги извлекле и спасиле од сигурна смрт, ова не го измислувам го има по интернетов, исто така западните капиталистички сили кои истовремено биле антифашистички, но и антикомунистички, на почетокот му давале поддршка на движењето на Дража М. но потоа во текот на војната увиделе дека движењето т.е. формацијата на Дража М. е недоволно спремна и силна, па затоа својата поддршка му ја дале на комунистот Тито и на југословенските партизани, се со цел конечна победа над фашизмот !
2 с.в. всушност била војна не толку помеѓу народите, колку што била војна помеѓу различните идеологии и светски системи .............. на исток - комунизам, на запад капитализам и во средината фашизам/нацизам, зборам за во тој период !
После победата над фашизмот/нацизмот, доаѓа до поширока инсталација на комунизмот од исток(СССР) према запад(полска, чехословачка, унгарија, ист.германија, романија, вклучувајќи го и целиот балкан, без грција) и всушност со самото завршување на 2 с.в. и со самиот пораз и пропаст на фашизмот/нацизмот, доаѓа до почеток на полувековниот судир помеѓу капиталистичкиот запад и социјалистичкиот/комунистичкиот исток, глобален/светски судир познат како студената војна !
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
BitolaFanatik LSSAH
И БРАТУ ЈАС НЕ СУМ ПОДРЖУВАЧ НА ДРАЖА, А ВОЕДНО ГИ МОЛАМ СИТЕ НАТАМОШНИ УЧЕСНИЦИ ДА НЕ МИ ЛЕПАТ НИКАКВИ ЕТИКЕТИ БЕЗ МОЈА ДОЗВОЛА !!!
МИСЛАМ ДЕКА ИМАМ ПРАВО МОЈОТ ИДЕАЛ ДА СИ ГО ЗАДРЖАМ ЗА МЕНЕ, СЕПАК ТУКА ПИШУВАМЕ ПОД ПСЕВДОНИМИ !!!
И..... што изнакажа сега со тоа погоре?
Или треба да ќутиме и да ни држиш метании за твоите идеали и убедувања.

Како читаме така ќе читаш

Тука сме секакви и со различни ставови па не сме толку осетливи и кој ти брани да не си ги задржиш идеалите само ако некој има различни ставови од друг не мора веднаш да се дига врева.

На пример ова твое:
Баш како Тито сега имаме еден куп, тогаш беше еден зато му успеваше да изигра, а сега имаме 1000дници како него, манипулатори и лажговци.
Ако некој има спротивен став спрема нешто твое напишано, ова е етикета за него...И кој лепи етикети.

Канец филма
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom