За идеали гинат будали?

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
А, идеалот наречен слобода? И тие што изгинаа за него се будали?
Да не ми зборуваш за борците како оние од втора светска војна да речеме?
Слободата има две страни, слобода од и слобода за. Второто е побитно од првото. Ниедна таканаречена борба за слобода до сега го немала ова второто. Поточно кажано било илузија, створено од системот за да се смени самиот со воља на луѓето што се во системот. Затоа што многу е битно народот да си го сака системот, или ако не новиот што ќе го добие секогаш да биде со воља на поданиците.
За која слобода зборуваш?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
За која слобода зборуваш?
Индивидуална слобода. Право да имаш еднакви можности со другите. Да не си репресиран за тоа што си. Слобода да имаш право и да се побуниш против системот на крајот на краиштата.

Имаш став за идеали гинат будали, а не ти се допаѓа системот како таков. Малку си контрадикторен.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Индивидуална слобода. ПравоИ офците да имаш еднакви можности со другите. Да не си репресиран за тоа што си. Слобода да имаш право и да се побуниш против системот на крајот на краиштата.

Имаш став за идеали гинат будали, а не ти се допаѓа системот како таков. Малку си контрадикторен.
Има два типа на живот, едниот како индивидуа без власт над тебе и другиот како офца. И офците и индивидуите гинат за идеали.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Има два типа на живот, едниот како индивидуа без власт над тебе и другиот како офца. И офците и индивидуите гинат за идеали.
Тоа не значи дека заради овците треба да бидат исмевани идеалите на индивидуите па макар и не ни се допаѓале.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Тоа не значи дека заради овците треба да бидат исмевани идеалите на индивидуите па макар и не ни се допаѓале.
Не станува збор за допаѓање, состојба е во прашање.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Често налетувам на оваа реченица и не знам... често ме замислува.
Нели е малку цинично да се вели вака?
Зарем голем дел од луѓето кои загинале за своите идеали не придонеле ние тука вака да си се убедуваме до Австралија и назад? Зарем голем дел од луѓето кои живееле според одредени принципи и идеали не се избориле за голем дел од бенефициите кои ние денес ги уживаме?

Понекогаш ми се чини дека идеализмот како таков (без разлика за какви идеали се работи) е исмејуван, додека пак апатијата спрема се е прифатена како нешто нормално.

Не знам, јас лично сметам дека секој човек треба да има одредени идеали според кои се води, колку и да биле тие различни од моите. Дури ми е сосема здраво кога ќе седнам и ќе дискутирам со некој кој има сосема спротивни гледишта за тоа ’како треба да биде’.

Има ли нешто лошо во тоа луѓето да се борат за своите идели, макар најразлични од нашите?
Од каде тој песимизам дека идеали не можат да станат вистина и да променат нешто?

Ваши мислења?
Идеализмот и исмејуван поради една причина а тоа е појавата на нов светски поредок кој го здроби светов КАПИТАЛИЗМОТ.А за таа реченица што те замислува често,има до некаде логика,Хитлер,Мусолини и други биле идеалисти и тие успеале да ја придобијат свеста на народот да ги замрази другите нации,самите да се сметаат за супериорна раса и да урнат некаква си хармонија меѓу народите.Тие имале желба за тоа,имале можност,биле паметни и го искористиле народот како проста раја (што би се рекло) да игра според нивната мелодија.А зошто е тоа така?Зошто народот не застанал против тоа?? Е тоа е прашањето!! Во денешно време се соочуваме со капитализмот кој наеднаш го промени светот демек на подобро а уствари човештвото се соочува со многу пострашна работа него старите идеологии,комунизам,фашизам,нацизам и тн.Сеа незнам ти како ја разбираш фразава од мој аспект е така.Kako предлог би ти дал да ги разгледаш Zeit geist movement има 2-3 филмчиња како документарци нешто слично,и они (познати филозофи,психолози) говорат за денешниот поредок и за тоа дека целиот свет го контролира група на луѓе,што според мене не можеме да го вброиме во идеологија пошто не е проучено,но е премногу слично и се работи за целиот свет,а порано биле само држави...
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Индивидуална слобода. Право да имаш еднакви можности со другите. Да не си репресиран за тоа што си. Слобода да имаш право и да се побуниш против системот на крајот на краиштата.

Имаш став за идеали гинат будали, а не ти се допаѓа системот како таков. Малку си контрадикторен.
Убав идеал е ова навистина, но има еден основен проблем. Ако сакаш да си слободен, мора да се откажеш од безбедноста. Ти и ја даваш својата слобода на системот, за тој да ти гарантира безбедност. Ти можеш да живееш слободен и независен од никого, но за кратко време. Оти ќе умреш.
Идеалите бараат преголеми жртви, иако вака многу убаво звучат и ако се применуваат со мерка може да бидат добри водачи.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

"Тој што жртвува слобода за безбедност на крајот ќе остане без двете" Бенџамин Франклин

Не постои такво нешто како добар водач.
--- надополнето: Jun 1, 2012 3:43 AM ---
Идеализмот и исмејуван поради една причина а тоа е појавата на нов светски поредок кој го здроби светов КАПИТАЛИЗМОТ.А за таа реченица што те замислува често,има до некаде логика,Хитлер,Мусолини и други биле идеалисти и тие успеале да ја придобијат свеста на народот да ги замрази другите нации,самите да се сметаат за супериорна раса и да урнат некаква си хармонија меѓу народите.Тие имале желба за тоа,имале можност,биле паметни и го искористиле народот како проста раја (што би се рекло) да игра според нивната мелодија.А зошто е тоа така?Зошто народот не застанал против тоа?? Е тоа е прашањето!! Во денешно време се соочуваме со капитализмот кој наеднаш го промени светот демек на подобро а уствари човештвото се соочува со многу пострашна работа него старите идеологии,комунизам,фашизам,нацизам и тн.Сеа незнам ти како ја разбираш фразава од мој аспект е така.Kako предлог би ти дал да ги разгледаш Zeit geist movement има 2-3 филмчиња како документарци нешто слично,и они (познати филозофи,психолози) говорат за денешниот поредок и за тоа дека целиот свет го контролира група на луѓе,што според мене не можеме да го вброиме во идеологија пошто не е проучено,но е премногу слично и се работи за целиот свет,а порано биле само држави...

Решението на Zeitgeist е на принцип на истиот пропаднат социјалистички модел и е осудено да пропадне уште во старт.

Таа група на луѓе што ја спомнува Zeitgeist во никој случај не ни посакува капитализам затоа што тоа е нивниот крај.Они ги користат се поголемите моќи на државите да ја уништат секоја конкуренција и да направат монопол.Нешто што во капитализмот е невозможно.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Секој човек има некакви идеали, дури и луѓето кои делуваат апатично и крајно незаинтересирано и тие имаат некакви идеали ........ идеалите кај луѓето се јавуваат и развиваат уште како деца, па потоа со растењето се надоградуваат и зацементируваат !
Е сега сите луѓе да имаат потполно исти идеали е невозможно, сите сме различни психо-физички, а и сите имаме различни домашни воспитувања, во различни средини сме растени и.т.н. значи невозможно е сите да имаат исти идеали, доколку сите луѓе имаат исти идеали тоа би било едноумие, кое е крајно непожелна и ретроградна работа !
Како што кажа еден член претходно поголем идеал од идеалот за слобода нема, слободата и демократијата во една држава се основен столб, да имаш право на живот, да имаш право на слободно искажување на својата национална, верска, идеолошка припадност... да имаш право на сопствени сфаќања, сопствен начин на живот, право на приватна сопственост, да бидеш со еден збор слободен граѓанин ................ демократијата е широк поим, а денеска светот е плурален ......... постојат луѓе кои сакаат Капитализам, постојат луѓе кои сакаат едноумие(Социјализам), постојат луѓе кои сакаат да живеат под Шеријат, постојат луѓе кои се залагаат за бездржавно и безкласно општество(Анархија) и.т.н. значи сите сме различни со различни идеали .................. но сепак колку и Капитализмот да е лош и суров систем сепак е далеку подобар систем од претходните пропаднати системи, бидејќи се базира на Либерализам, Секуларизам, Плурализам, Индивидуализам и.т.н. Невозможно е еден систем(Социјализмот на пр.) да биде идеален систем кога тој систем се базира на едноумие, ограничување на граѓанските права и слободи, утопија(или си еднаков или си мртов), колективизам, тоталитаризам и.т.н. исто така и Нацизмот/Фашизмот е срање систем кој се базира исто така на едноумие, колективизам, тоталитаризам, ограничување на граѓанските права и слободи и секако промовира Расизам т.е. омраза кон различните(неариевците) и нивно елиминирање/истребување !
И да не заборавиме дека светот даде милионски жртви да се избори за слобода и демократија ........... овие два системи во 20 век однесоа преку 200 милиони жртви !
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
...........
И да не заборавиме дека светот даде милионски жртви да се избори за слобода и демократија ........... овие два системи во 20 век однесоа преку 200 милиони жртви !
Ти ако сакаш не заборавај, ама немој да проповедаш дека жртвите биле за демократија.
 
B

Black Guard

Гостин
Ти ако сакаш не заборавај, ама немој да проповедаш дека жртвите биле за демократија.

А за што??

Како сега ти си слободен и се филмаш со ОШО и Буда-ааа да те пратиме во Иран па да откриеш што те чека.

Незнам дали си дете ама памтиш пред десеттина години талибанците уништија со Динамит споменик на буда стар илјадници години а воедно и Голем-штета-тој споменик беше под заштита на ООН.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom