Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Може лажица мед после тренинг? И зелениот чај од каде се купува и која му е цената?
Може за медот. Зелен чај најубаво ако можеш да најдеш што не е во кесички туку цели листови исецкани, затоа што во кесичките е преработен и има изгубено нешто од својствата. Се пие ладен, не засладен најдобро и откако ќе го спремиш треба на површината да има како масло излезено во мала количина.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
зависи какви стомачни сакаш напумпани или со линија усредина 20 мин не ми се свига мене или 10 мин со одмор на секои 3 мин 30 сек одмор или 40 мин со поголем одмор и со тегови.трчање супер ти е може само некој ден да не трчаш 7 туку 1 км али спринтови најбрзо што можеш ке си ги поделиш на 10 х 100 м за целокупно јака и стегнато тело пробај другиот ден ке бидеш цел воспален како да си бил во теретана :)

јадењето топ ти е само би ти кажал во доручекот да убациш повеке протеини бидејки преку нокта не си апсорбирал млекото според мене е најдобро преку цел ден конзумирај го најмногу навечер бидејки содржи казеин протеин кој споро се апсорбира таман преку нокта да имаш. и израцунајси да не внесувас повеке од 30 г протеин одеднаш се над тоа го исфрлаш организмот ти е презаситен иако најдобро е на секои 2-2.30 цаса по 20-22 г протеин го забрзувас метаболизмот и најдобро ги искористувас протеините.гледам спома чај најдобар ти е црн чај посебно за билдерите изобилува со антиоксиди ако можеш да го пиеш мене ми е гаден го пијам како леден цај од продавница.

Среќно
Напумпани или со линија? Значит абер немам ни едните ни другите како изгледаат, стомачни за мене се стомачни. :icon_lol:

Не те разбрав баш добро за стомачните, ако можеш малце подобро да ми објасниш. Јас ги правам стомачните од P90X кога сум дома, а в теретана комбинирам со две справи таму шо ги има и + некои на земја од P90X (не сите). И ако може да ми најдиш видео кој стомачни со тегови како да ги правам, нема да е лошо.

За трчањето ќе пробам баш, но незнам мислам дека е подобро повеќе км да трчам. :)

За доручекот, добро ќе е по едно канче кравјо млеко плус овошјето? За чајот уште утре ќе го побарам. :)

Фала. :rolleyes:
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Продавам справа за вежбање Total Gym 1000, не знаев каде да го ставам мислењево, на пример за мобилни и за хардвер има таква тема, барав и за ова, немаше. Цената и е 7000 денари, нова е, многу малку користена.
 
AquaCool

Sound Factory
Член од
25 ноември 2007
Мислења
144
Поени од реакции
0
Здраво момци, би сакал да ве прашам бидејќи претпоставувам дека би можеле да ми помогнете, дали овие full body справиве, како што продаваат на бидифит(home gym deluxe) би ми завршиле работа, за вежби за целото тело(освен стомак секако)?работам и со тежини веќе година дена, ама не можам да одам по теретани ради глупа алергија на стоен воздух и прашини. Значи, прашањето ми е дали може да ми заменат теретана(правам дефиниција, не ми е целта да се ширам многу):)? Дополнително и клупа ќе си купам, па сакам хоум џим да си направам.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522

Според мене не вреди да се фрлаат парите за таква справа. Прво заваќа многу место, на долг рок може да ја баталиш обично повеќето од нас вежбаат месец два па прават пауза итн што на долг рок е неисплатливо..., второ многу битно е што работата со слободна тежина и тегови може да даде подобар резултат отколку овие справи со сајли но и со пола од тие пари за таква справа можеш да си купиш неколку шипки, тежини и клупа кои би ти биле доволни за скоро сите вежби. Тоа е мое мислење, по нетов можеш да прочиташ дека таква справа на крајот е неисплатлива инвестиција, односно многу поисплатлива и поефективно ти е инвестирањето во тежини кои со време можеш да си ги надоградуваш на крајот средствата кои ќе ги дадеш ќе бидат многу помали.
 
Искрено и јас бев на истиот памет, ама шипките и теговите што ги имам се подесливи, и повеќе од година дена работам со нив. Се согласувам дека можеби е скапо, ама па јас секој ден вежбам, се надевам ќе ми помогне, макар со поразновидни вежби. Фала на мислење во секој случај.
 
Член од
18 ноември 2009
Мислења
73
Поени од реакции
14
здраво!
мојата трансформација почна на 24ти Јануари.До почетокот на март изгубив доста голема килажа (84 >> 74) ,на 1ви март се зачленав во теретана и се до денес 1ви април има топ резултати,зацврстени мускули,некој делови оцртани итн итн. исто така и внимавам со исхраната.Сепак, од овој ден прекинувам со теретана,сакам да го постигнам телото по природен пат. Утре 2ри Април , започнува трансформација број 2 што ќе трае 12 недели (до 11 јуни) Сакам да прашам,дали е најефикасно во тие две недели секој втор ден вежбање на сите мускули (склекови,тег,вратило и стомак) или одделено? која е вашата препорака ? + сакам да набавам рачки за склекови што доста ми ги препорачуваат,и имаат поголема ефикасност него обичните склекови.
+ ќе направам неколку фотографии ,за оние кој ги интересира што ќе испадне по 12 викенда.
благодарам , и не се штедете ,секој коментар и критика е добре дојдена.:cool:
 
Дома дефинитивно послаби резултати ќе имаш отколку да одиш во теретана, особено затоа што немаш голем избор на вежби и набрзо ќе достигнеш плато, но вреди да се проба особено ако не планираш многу да се смениш. Исто така некои делови од тело нема да можеш адекватно да ги извежбаш пример листови, трицепс, предно раме, долен дел од грб, нозе и сл.
 
Член од
9 октомври 2011
Мислења
88
Поени од реакции
15
Пошто е мала темава, едвај 514 страни, одговорот тешко ќе го најдам во целава гужва.
Ми требаат основни совети, сакам да започнам во теретана. Имам 16 и пол години, висок 189 цм и имам +/- 80 кг.
Бидејки веќе не ми е важно дали ќе прекинам со раст, сакам да направам добра дефиниција. Незнам од каде да почнам, ни како. Теретана имам многу блиску и криво ми е што не одам. Сакам да се фокусирам на горниот дел од телото . Кои вежби, колку често ?
 
Член од
18 ноември 2009
Мислења
73
Поени од реакции
14
Дома дефинитивно послаби резултати ќе имаш отколку да одиш во теретана, особено затоа што немаш голем избор на вежби и набрзо ќе достигнеш плато, но вреди да се проба особено ако не планираш многу да се смениш. Исто така некои делови од тело нема да можеш адекватно да ги извежбаш пример листови, трицепс, предно раме, долен дел од грб, нозе и сл.
Да тоа мн. јасно , но сепак теретана ме прави да се чуствувам нашминкан,затоа и овој пат го избирам.
За нозете некако не ми претставува голем проблем, физички сум активен, лист и бут со трчање и возење точак интензивно ќе се оформи.За раменици познавам домашна вежба од тренинг (нозете на sид и со рацете да се движам нанапред/наназад одлична вежба е) , а за трицепс најосновното по 150/200 склека у добра шема ке бидат.а за грб и бицепс вратило. Сепак сакам да вложам доста труд,па што биде нека биде! :)
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
4
здраво!
мојата трансформација почна на 24ти Јануари.До почетокот на март изгубив доста голема килажа (84 >> 74) ,на 1ви март се зачленав во теретана и се до денес 1ви април има топ резултати,зацврстени мускули,некој делови оцртани итн итн. исто така и внимавам со исхраната.Сепак, од овој ден прекинувам со теретана,сакам да го постигнам телото по природен пат. Утре 2ри Април , започнува трансформација број 2 што ќе трае 12 недели (до 11 јуни) Сакам да прашам,дали е најефикасно во тие две недели секој втор ден вежбање на сите мускули (склекови,тег,вратило и стомак) или одделено? која е вашата препорака ? + сакам да набавам рачки за склекови што доста ми ги препорачуваат,и имаат поголема ефикасност него обичните склекови.
+ ќе направам неколку фотографии ,за оние кој ги интересира што ќе испадне по 12 викенда.
благодарам , и не се штедете ,секој коментар и критика е добре дојдена.:cool:
прво прво да искоментирам за тие подоле што ти пишувале неможеш исто едно друго нема благе везе.

според напишаново мислам дека сакаш да имаш издефинирано и јако тело (сила) тоа според мене најдобро се постигнува надвор од теретана односно кеј или дома вратило вратилото ти е ЧУДО ОД "СПРАВА" у комбинација со склекови, и стомачни не ти треба ништо друго за горен дел на телото.со вратило Т.Е. со вежби во кои ја искористуваш својата тежина се најдобри за телото јас уште немам доволно информации за таков вид на вежбање програм едно друго. иначе дома имам вратило прослово лето вежбав секој ден се зголемив најмногу во рацете потоа во грбот.иако се чудев како е тоа возможно бидејки секој ден го исцрпував мускулот а и немав нешто посебна исхрана имав поголеми раце него кога поминував месеци во теретана.ако те интересираат повеке информации прасај во пм за видови склекови и вратило со како иако истите можеш лесно и на toutube да ги најдеш. рачки за склекови ако зимаш не зимај статични туку да се ротираат може се поскапи али затоа се 4 пати по ефективни и чекаме фотки пред и потоа :) позз
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
прво прво да искоментирам за тие подоле што ти пишувале неможеш исто едно друго нема благе везе.

тоа според мене најдобро се постигнува надвор од теретана

Нема врска. Му кажувам на дечкото затоа што пред да тргнам во теретана вежбав дома 2 години. Воглавно беа вежби на згиб со вежбање на сите начини исто така и склекови стигнав до 50, дури и импровизиррв еднорачни дома за бицепс.

Во теретана тргнав затоа што токму поради ограничениот вид на вежби дома телото несразмерно се развива (пример бицепсот и подлактот од згиб ми беа несразмерно поголеми во однос на трицепс, трапезите се развиваа побргу отколку рамето и сл)

Ова што го кажа дека само надвор од теретана се постигнува јако тело исто не важи, туку зависи од начинот на кој го имаш сватено тренингот. И покрај тоа што одам во теретана си ги практикува токму вежбите што ти ги напиша. Згиб правам секој тренинг кога вежбам грб, а склековите обавезно ги правам кога вежбам гради. Откако тргнав во теретана напреднав во склекови и стигнав до 65 склекови одеднаш на одморено. (пред тоа се заелепив на 50 и никако не напредував) и сл.

Исто така не важи и дека ќе станеш тромав во теретана, затоа што барем еднаш неделно возам велосипед на подолги релации 20-30км со просечна брзина од 20-25км/х што е солидна бројка за на MTB.

Ако правилно си го распоредиш тренингот не ограничува местото каде вежбаш туку начинот. Само треба да ги искористиш правилно предностите кои ги пружа теретаната. Многу побитно е на кој начин ќе пристапиш кон тренингот и што сакаш да постигнеш.
 
Член од
18 ноември 2009
Мислења
73
Поени од реакции
14
@alexalek
Ќе ти пишам пп да те расппрашам малце лево десно.
А да , и тоа баш размислував гледав вчера во Орка статични рачки за склекови,и што се вртат.Теткицата вработена ми кажа као статичниве ти се за горниот предел рамото и мавало мал дел на бицепсот бидејки рацете ти се прелепни уз тело дур ги правиш не ти се одвоени, а имаште и исто рачки али се вртеа,тие беа за гради. и малце ме двоумат,јас обично си ставам 3 стола и си пумпам за гради.
@sajSiGа
Секој со својост став , јас искрено да, имав поголеми резултати додека 1 месец одев во теретана , а предходно 1 месец дома склекови. Но сепак,сакам да го земам во предвид дека тренирам systema spetsnaz не сакам лигаментите на рацете да ги навикнам на кревање тегови пошто многу ќе ми штети.Вака со овие домашни во план ми е дефенирање на мускулот т.е стекнување сила и снага по природен пат,колку ми нуди природата , со толку и сум задоволен. Тоа е тоа за сега, па здравје боже ќе дискутираме за 12 недели. поздрав
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
4
Нема врска. Му кажувам на дечкото затоа што пред да тргнам во теретана вежбав дома 2 години. Воглавно беа вежби на згиб со вежбање на сите начини исто така и склекови стигнав до 50, дури и импровизиррв еднорачни дома за бицепс.

Во теретана тргнав затоа што токму поради ограничениот вид на вежби дома телото несразмерно се развива (пример бицепсот и подлактот од згиб ми беа несразмерно поголеми во однос на трицепс, трапезите се развиваа побргу отколку рамето и сл)

Ова што го кажа дека само надвор од теретана се постигнува јако тело исто не важи, туку зависи од начинот на кој го имаш сватено тренингот. И покрај тоа што одам во теретана си ги практикува токму вежбите што ти ги напиша. Згиб правам секој тренинг кога вежбам грб, а склековите обавезно ги правам кога вежбам гради. Откако тргнав во теретана напреднав во склекови и стигнав до 65 склекови одеднаш на одморено. (пред тоа се заелепив на 50 и никако не напредував) и сл.

Исто така не важи и дека ќе станеш тромав во теретана, затоа што барем еднаш неделно возам велосипед на подолги релации 20-30км со просечна брзина од 20-25км/х што е солидна бројка за на MTB.

Ако правилно си го распоредиш тренингот не ограничува местото каде вежбаш туку начинот. Само треба да ги искористиш правилно предностите кои ги пружа теретаната. Многу побитно е на кој начин ќе пристапиш кон тренингот и што сакаш да постигнеш.
гледам скоро се што си ми искоментирал си сватил погрешно може и ја имам грешки. сепак грешка сме луге праиме он топик

прво тачно е дека во теретана ти се изолирани вежбите некои и до максимум и тука можеш да си ги разделиш не колку толку сепак рацете неможеш најголеми ке ти бидат претпоставувам знаеш зосшто....

второ јако тело имам напишано сила у заграда факт е дека најдобро е коа вежбаш со своја тежина од повеке причини. еве јас вежбав 2 години во теретана 5-6 дена неделно без паузи освен 2 пута 10 ден одмор :D незначително е тоа за тоа време работев исклучиво на мускулна маса со тежини.многу окрутев изгубив на експлозивност и еластичност.

за склекови нормално е и ти да работиш цело време со 30 кила бенч нема да напредуваш затоа ке правиш различни видови на скелкови за скелековите тотално не си во право дека не можело да напредуваш тоа е твоја грешка на вежбање и програмот кој си го работел.
--- надополнето: 1 април 2012 во 21:00 ---
@alexalek
Ќе ти пишам пп да те расппрашам малце лево десно.
А да , и тоа баш размислував гледав вчера во Орка статични рачки за склекови,и што се вртат.Теткицата вработена ми кажа као статичниве ти се за горниот предел рамото и мавало мал дел на бицепсот бидејки рацете ти се прелепни уз тело дур ги правиш не ти се одвоени, а имаште и исто рачки али се вртеа,тие беа за гради. и малце ме двоумат,јас обично си ставам 3 стола и си пумпам за гради.
предноста ти е проста тие што се вртат може да ги користиш за исти вежби како и статичните плус многу други за внатречниот дел на цицката кој е многу тежок да се напраи со склекови
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
еве јас вежбав 2 години во теретана 5-6 дена неделно без паузи освен 2 пута 10 ден одмор :D незначително е тоа за тоа време работев исклучиво на мускулна маса со тежини.многу окрутев изгубив на експлозивност и еластичност.
Нема ни да ме чуди ако кажеш дека си бил послаб од снуп дог.

Во никој случај неможете да го споредувате тежинскиот тренинг со домашниот (безтежински тренинг) особено ако се работи за основање на мускулесто тело.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom