Полека малку, прочитај каде сум серел мачоизми, каде сум бил против феминизмот и како сум се изјаснил пред да се распукаш со титаник патетики и душебрижништво за психофизичката состојба и смртните случаи...
Види во која насока одел постот и на што сум реагирал, како сум го дефинирал милитантниот феминизам и каде сметам дека треба да се повлече граница.
На имбецилизми од типот "менување пелени" нема зошто да реплицирам. Тоа е de facto мизерија и емоционален одговор кој е добар sales pitch кога се нема што паметно да се каже. Барем во однос на вокабулар и разум пред емоционални вриштења, повеќе од потребно е да смениш пелени.
А, твојава реплика е? Што? Досадно ти е? Демек веќе го зацементиравте тоа на кое јас реагирав како факт, нема што понатаму да се дебатира, па отсега ќе ги вреѓаме сите кои ќе се навратат на "абортус оти ми се сака" и ќе ги иссмејуваме. Најверојатно мојот пост е до точка идентичен со сите претходни, збор до збор, па сигурно сум го ископирал како една лоша каша чисто за да се курчам. Со плус-минус вметнати "корепетитивно" тип на зборчиња за да ми маваат лајкови тинејџерите.
И убаво што ми посочи за игнор-от. Баш ми ја докажа поентата дека се цели на тоа темава да се претвори во фејсбук wall на истомисленици. Убаво е тоа. Про-чојсерски. Не ти се допаѓа контра аргумент, игнорирај го, па продолжи си со истите срања како никогаш да го немало.
На крај, интересно е како секогаш кога има баланс во разговорот, се почнува со имбецилни навреди и орангутанизам, за да се тргне фокусот од дебатата и да се почне со препукување...а кога има препукување, секогаш решава масовноста, затоа што аргументи во такви ситуации не постојат. А дека ве има повеќе спамер(к)и на темава....ве има.
Страшно.