Градови со канализација? Ако мислеше на аквадуктите, јас не знам за некој постар од 3000 години, односно максимум 1000 години п.н.е
И нормално, добро познатите блокови од 10 тони за Пирамидите.. Признавам, има скептицизам во сето тоа, но ако не може да се најде тврд доказ дека Египќаните имале технологија да креваат толку тешки камења, тоа не значи дека не можеле!
Па не е баш како да имаме палета на разно разни технологии кои постоеле во тоа време, или што е возможно да постоеле во тоа време, според нашиве традиционални сфаќања за тоа какви биле Еѓипќаните во тој поглед. Со достапните информации знаеме со сигурност дека е практично невозможно пирамидите да бидат изградени на начинот на кој се тврди дека се изградени, за времето за кое се тврди дека се изградени. Дури и целта за која биле изградени е веќе спорна.
Па замисли бе пријател, 30.000 луѓе, 25 години да градат..? Колку и да е примитивна техниката, возможно е без никаква натприродна помош.
Вонземски цивилизации припаѓаат на природното, не на натприродното.
Па напраени се 1000 демонстрации баш поради оваа тема, каде 20 луѓе успешно креваат 2 и пол тона гранитна карпа со примитивни техники. Значи апсолутно е огромен предизвикот да се изгради пирамида во тоа време со таа технологија, но никако не е не-возможно.
Составот на блокот? Нивното сечење? Вистинската тежина? Ти фалат фактори.
И да се вратам на темава? Древни вонземјани со физички слична градба на човекот........
Ако се разбираш нешто од модерна астрономија, од вселенскиот празен простор, од институтот СЕТИ, од програмата КЕПЛЕР... ќе ти биди јасно дека во радиус од 70 светлосни години од земјава, со сигурност знаеме дека нема напредна цивилизација. Велам со сигурност, дека нашите радио сигнали се стигнати до таму.. Ако имаше некој што може да ги прими, ќе возвратеше. А сликите што ги прави ХАБЛ уште повеќе ги зацврстуваат тие тврдења., и тоа во далеку поголем простор. (1000 свл. години)
Нешто што долго ми се вртеше во глава како можно решение за Ферми парадоксот, беше неодамна презентирано од еден научник на конференција во Австралија на астрономи и егзобиолози ( и мислам дека тоа за човечката форма се повикуваш на современите егзобиолошки сфаќања - барем најголемиот дел - за вонземска биологија/физиологија и биохемиски систем, не тие што ги наброја). Теоријата сума сумарум е - постари и понапредни цивилизации ги пригушуваат сите форми на директни и индиректни модели и форми на комуникација (намерна или ненамерна) на цивилизации кои се недоразвиени, млади, или незрели во еден аспект или друг, спред нивна проценка.
Што значи дека интелигентен живот може постои и во Алфа Кентаури - чии обиди за комуникација се спречени/пригушени, или ако се баш една од тие хипер-развиени цивилизации, едноставно се држи на страна од било какви одговори на нашата комуникација, и нивното се сведува чисто на обзервација.
Јас се разбирам од астрономија, и ти викам дека грешиш, бидејќи единствено ја интерпретираш сликата и тишината која наводно постои таму.
СЕТИ бара радио сигнали (од каде има два-три удари во нешто сигурно, ама имаат радикални потврдни мерки), плус, извини, колку време се активни, и колкав простор е скениран за тоа време? Така е, ирелевантен извор на факти, дека просторот меѓу нашиот систем и другите е празен и отсуствува интелигенција од било каков вид. КЕПЛЕР бара земјолики планети, не цивилизации, зошто воопшто го листаш како пример/извор? Сликите од Хабл се од небули и галаксии, не од ѕвездени системи, или нивните планети, па да процениш според изгледот, деталите и карактеристиките, дали планетата е населена или не. Пак глупав извор на факти за твојата теорија дека имаме празен терен таму горе.
За племињава со бог итн итн итн... нема што да дискутирам. Појави се сонце - бог на сонцето, појави се дожд - бог на дождот, бог на ова бог на она... Па замисли кога ќе погледнеле нагоре во звездите, единствено нешто што гледале се милион богови.
Да, и според појавата како појава, би требало да има абстрактен облик, не нешто што или наликува на човек, или суштество со пипци. Зошто и едно и друго? А не само едно или само друго? Контрадикторни имагинации посвоени од севкупната цивилизација?
Значи пријателче, за еден череп да изгледа така, тој треба ПРАКТИЧНО да живеел на планета со услови слични на нашите, со гравитација слична на нашата, со метереолошки услови слични на нашите... и паралелно да се развивал слично на нас, да еволуирал слично на нас..
Околината има ептен лимитирачко влијание на персистивен генетски код. Ако ти си генетски програмиран агресивно да го интерпретираш биолошки преку твоето постоење тој код, многу мали измени ќе имаш во твојот изглед, ако условите се различни од нашата планета. Впрочем, доволно развиена цивилизација може самата да си создаде услови за живеење какви и прилега. With that in mind, како и теоријата за проволуција, зошто да не гледаме дека нашата планета е имитација на нивниот домашен свет? Планетава не била со оваа гравитација, оваа атмосфера, распоред на копно-вода, и слично одсекогаш. Периоди на агресивно менување на атмосферата, ротацијата, половите, со тоа и биосферата, колку преживеала, и адаптирала на новите услови (можеби со помош). Камбриумската експлозија е сеуште енигма за билозите. Може ти ќе ја одгатнеш?
Што се однесува до човечкиот изглед на посетителите - вообичаеното објаснение (кај сите подетално контактирани случаи) се држи до тоа дека една од тие таканаречени суперцивилизации била хуманоидна, и веројатно прототип за таа хуманодина форма, која или создавала живот на многу планети, или помагала околу еволуцијата на веќе постоечки форми на живот. Нашле археолошки докази во нивното истражување на разни планети, дека од еден поедин експеримент, на едно животно, произведени се прототипните форми на човеколики битија, и преместувани од еден систем со планети на друг, па на трет итн.
Тоа ги објаснило и нивните забуни околу нивните пронаоѓања на цивилизации скоро идентични по лик како нив. Ние сме една од помладите такви цивилизации. Тоа животно кое го спомнав, се смета за прототип на цицачите (кои би требало да ги најдеме на други планети во фосилизирана форма, најблиската наводно Марс). Причината што теориите кои ги креира глобалниот научен колегиум се држат на слама и капки вода, е тоа што за еволуцијата кога се работи кај човекот, доведени се ограничен број примероци, и не од целата серија на про-еволутивни зафати. Затоа има missing links, а од тие што се пронајдени, се во многу малку примероци, и нема многу нови пронајдоци од фосили. Дел се уништени (намерно/ненамерно), дел не се ни пренесени овде.
Имаш извештаи од ден денес, кои датираат назад до 1800 година, кога терминот вонземјанин не бил познат, па се употребувале термини како "чудни луѓе". Ако идеме подалеку во историјата, преоѓаме во локални легенди за фантастични луѓе со необични карактеристики и моќи (translation: необјаснива технологија која демонстрира фантастични работи), па подалеку веќе го добиваат статусот "богови".
Причините некој да измисли средба со човек од друга планета, ден денес, од било кое ќоше на планетава, се истите кои би ги имало во исказите на луѓе од било кое ќоше на планетава, од пред век, два. Или дузина векови наназад. Или пред нашата ера. Whenever.
Ако со нешто се одмериш очи в очи, знаеш дека не се работи за некаква оптичка илузија. Без разлика колку невозможно е тоа што го гледаш, барем денес, со адвентот на егзобиологијата (која верувам не е ништо ускратена со репортираните вонземски контакти кои се од нечовеколики вид).
И тој што живеел во услови слични на нашите - имал технологија да патува со брзината од светлината? Ако имал, му требаат 1000 години за да дојде до кај нас, и да ни рече: добар ден. Мислам, тотален апсурд. Докази? Остатоци од таа трансвселенска технологија? Череп?
Имаш бе остатоци. Поголемиот дел собрани од денешните пара-легални организации, ама има се уште парчиња таква технологија. Дај ми ги средствата, јас ќе ти покажам каде можеме да бараме и копаме
.
Најжешки места ти се Ирак, Иран, Централна Африка (особено Конго) заедно со Мадагаскар, Југоисточна Индонезија, Јужна Австралија и Антарктикот.
Имаш гомиља такви работи на Месечината и на Марс. Исто и на месечините Ганимед, Калисто, Тритон и Тетис. На Тетис пак имаш од, она, таканеречениот, "нечовечки" тип вонземски парчиња стара технологија. Од подводна цивилизација
.
Што се однесува до черепот, и таквиот феномен на таа група луѓе кои практикуваат такви обичаи - се нарекува културолошка контаминација. Несвесно и ненамерно, интеракцијата со битија кои можеби имале таков природен изглед, ги инспириало домородците да ги имитираат во однесување/изглед своите посетители/учители.
Патем, најдебанкираниот случај, подложен на остри критики, Starchild Skull, сега преку генетска анализа, се откри дека содржи гени кои не соодветствуваат на ниедно друго битие на планетава. Има само делумно човечки гени во себе. Можеш да го провериш ова на нет.
How's that for a hard proof? Пази како се справуваш со него, да не се повредиш.
--- надополнето: Apr 1, 2012 3:25 AM ---
Има доста индикации и индиректни докази дека постои вонземски живот. Еве ти мала шака примери за енигми во вселената и аномалични настани кои сугерираат на тоа:
"Wow!" сигналот, според најнови ре-евалуации, се смета за прототипен (но се уште непотврден 100%) вонземски сигнал кандидат кој доаѓа од парче небо кое се наоѓа во рамките на соѕвездието Стрелец. По пат на елиминација, најсоодветната локација од сигналот се смета дека потекнува од околината на ѕвездата Tau Sagittarii., или нејзини соседи.
Потоа го имаш сигналот фатен кој доаѓа од околината на 47 Tucanae, јато од ѕвезди во соѕвездието Тукан. Секако, пак непотврден (за научни потврди и издавање на научни трудови ќе расправаме во следна прилика). Во овој чопор ѕвезди, како и M67 во соѕвездието Рак, каде исто така се најдени интересни активности, има доста ѕвезди, од аномаличен тип, наречени 'Сини Пропалици' кои се сметаат за вонземски дизајнерски продукт. Голем број од овие ѕвезди спонтано се појавуваат на места каде претходно имало или друг тип на ѕвезда, или немало ѕвезди воопшто.
Потоа, сигнал кој репетитивно се фаќа веќе три пати, прв пат во 2008, со потекло од мало подрачје од вселенскиот простор кои се наоѓаат на границата меѓу соѕвездијата Овен и Риби. Го носи егзактниот чист маркер на водородниот атом, со фрекфенција на 1420 мегахерци, со чија помош атомот емитира и абзорбира енергија. Одамна предложено како визит карта која би ја користеле вонземски цивилизации. Ја добиваме три пати во текот на нецели 5 години, и се уште се плашиме да дадеме потврден одговор.
Имаше и научник од Украина кој тврдеше дека фатил некаков сигнал и од Wolf 359. Секако, не го има поднесено до комисија за ревизија на научниот труд кој ќе мора да го достави за да се потврди или отфрли, што до некаде е паметно, оти е составен од Американци и Европјани, ни едни ни други не ги мириса многу да земат нешто за 100% точно и потврдено. Русите дадоа зелено светло важно. Сега работи за нив мислам. Wolf 359, аномалично црвено џуџе, не е дел од бинарен систем, што е реткост за нашево соседство од космосот, нити е flare star, што е уште поголема аномалија, оти 99.9% од сите црвени џуџиња ѕвезди, ја имаат таа карактеристика. Освен оваа ѕвезда, само други две мислам дека беа без flare star статус. Нешто ги пригушува сончевите излеви или едноставно нејзиниот внатрешен систем е елиминиран од бурни активности .... некако... нa некој си начин. And whadaya know? Само нецели 8 светлосни години од нас!
Essiar Mojave, кафеаво џуџе кое според анализите не би требало да содржи планети околу себе (освен можеби квази-месечини околу својот "личен" простор), не само што консеквентно три пати по ред фаќаат дупки во радиалниот методн на детекција, ами третиот се чини дека се вратил назад! Сте виделе планета да вози рикверц!? Јас не!
. All analysis dropped due to inconclusive data and observation. Зошто не сум изненаден? Сигурен сум дека кога го виделе ова третово анализаторите, имале момент како мемето со Џеки Чен (My mind is full of fuck!). А, да .... чудово се дешава на 12,8 светлосни години од нашиот систем. Релативно next door shit. Во космички рамки.
Кругер 50 - Бинарен систем со нешто во облик на пентаграм кое орбитира околу поголемата ѕвезда
. Единствената екстензивна анализа која успеав да ја најдам на нетов, а да доаѓа од научник, не лаик, е дека се работи за extreme low density gas giant, кој ете, поради слаба гравитација, слоеви гас шетаат наоколу во хаотична патерна, создавајќи со својата орбита оптична илузија дека е во форма на пентаграм. Somehow I remain unconvinced
.
Ван Маненова Ѕвезда - Бело џуџе, кое по правило не само што не би требало да има планети, туку не би требало ни да ги има две во една иста орбита. Did I forget to say it looked like one planet got split in two?
. Обзервацијата е направена во 2000. Во 2004 излегуваат два труда, еден кој го потврдува едното 'тело', а друг кој ги поништува и двете дека воопшто се случиле. Феномен на 14 светлосни години од нас.
Ден Денис / DEN 0817-6155 - Кафеаво џуџе кое се движи со огромен облак од метан кој се чини залепен за него. Неколку пати е го снемува во репетитивни анализи за да се појави пак. Teleportation much?
.
Алтаир - Сцените од Аватар, наместо локација во Алфа Кентаури, сменете во локација во овој систем. Тука барем има три гасни џинови, еден од кои има населена месечина. 17 светлосни години далеку.
Акирд - Ѕвезда во соѕвездието Касиопеја. Не само фатен сигнал, туку и наводно декодиран и воспоставена понатамошна комуникација. Руски астрономи како дел од проектов. Од тоа што успеав да разберам на руски, комуникаторите се исто човеколики, како нас, и скоро на иста технолошка основа како нас. Не успеав да најдам повеќе информации на нет, освен дека сите други астрономи се чинат 100% сигурни дека таму има живот. Некако преоптимистични за нешто што не го испитале во доволна мера. 19 светлосни години од нас.
Делта Павонис - Аномалични варијации во спектрумот, кои според другата бранша на научници, кои теоретизираат околу вонземските цивилизации, би се интерпретирале како сателити околу блиската сончева им орбита. Се наоѓа на 20 светлосни години далечина.
Зета Триангулис Аустралис - Најверојатното место за дешавките на проектот Серпо. Се совпаѓа со сите анализи и истражувања. Ѕвезда од 39 светлосни години далечина.
Аномалијата наречена Зета Ретикули, славниот дом на прототипните сиви вонземјанчиња. Современата астрономија не може да им ја одреди староста. Парот ѕвезди се практично безвременски, или заглавени во времето. Забуни има од спектрален тип, до ниво на тeшки елементи во хромосферата и внатрешноста, до нивната старост, потекло од ѕвездено јато, насока на космичко движење до животен век. Сите анализи се буквално хаос. Кај најголемиот број други анализи и мерења на ѕвезди вакви резултати не се наоѓаат. Доволно близу за интелигентна цивилизација, don't you think? Хаосот и забунките на страна, сонцата се исти како нашето, и последен пат кога проверив, условите за планети изгледаа задоволително. At only 39 fucking light years from us. Whadaya know again?
Не биле потребни 70 свелосни години.
Ал Хур - Ѕвезда од соѕвездието Кочијаш, која ни даде аномаличен бран од х-зраци кој не се има повторено од тогаш. Приемот случен во август 2003. Ал Хур не спаѓа во типот ѕвезди кои емитираат абнормално ниво х-зраци. На далечина е од 41 светлосни години.
47 Урса Мајорис - Ѕвезден систем кој наводно преку добро детализирани контакти со пара-вселенската организација Blue Moon (за скептиците, прочепкајте низ нетов), служи за место каде се пренесуваат луѓе од овде, и обратно, членови од домородната цивилизација доаѓаат овде. 46 светлосни години.
Изар - Името на ѕвезда која Црниот Витез сателит наводно ја искомуницирува со таргет групи за комуникација како локација од каде потекнува. Црниот Витез е сателит кој е забележан во раните 20ти години како се движи во поларна орбита околу нашава планета, светејќи со црвено и зелено светло. Во период од 20-30 години повторно заминува некаде, за на крајот од тој неколку--декаден циклус за заземе поларна орбита на нашава планета повторно. Можно е да има поврзаност со космичкото тело дезигнирано 1991 VG. Далечина од 203 светлосни години.
Should I go on?