Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
слабо поминав на изложбата,ретриверот доби оцена Многу Добар - 4,која ја заверив и така немав намера да го шетам по изложби

“лесна конституција,изложбена кондиција,тесна глава и чело,лесна,добра горна и долна линија добар во од“ тоа е она што запишале,инаку судијата беше од србија

мислење ??
 
Attachments

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Па добро,не е лоша и 4ка.
Јас што мислам?Јас мислам дека се судиите во право,сепак они знаат повеќе од нас :)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
:) така е,за мене песот си е супер,во педигрето на сите наброени родители и прародители добиле 5ки.....јеби га,да ми е здрав и жив е најбитно :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Дали имате искуство со фурминатор,станува збор за кане корсо,премногу се митари , премногу и се исуши влакноо,многу и стана суво и избелено ,а на сонце добива некоја кафеава,црвенкаста нијанса (кучката е црна).Бидејки е премног е скап да го купам,дали знаете каде би можело да ја однесам и да и направат еден третман со него ,нормално да си платам :)
Фурминаторот, ти го отстранува подвлакното, и тоа успешно, но тоа не значи дека митарењето ќе прекине. Тоа си е процес кој мора да започне и да заврши, нормално е овој период да се митари, го исфрла зимското и се спрема за летно крзно. Фурминаторот може минимално да го забрза тој процес, но пак ќе кажам, минимално. Јас го користам, задоволна сум но не е тоа што очекував и што гледав по интернет клипови за тоа како функционира. Реално добра ствар, за која не верувам дека ти е спас во моментов. Остави го кучето на природен начин да си го среди крзното, без никакви хемикалии, можеш редовно да го чешлаш и тоа е тоа...

Дали сте запознаени со "Prey model raw" начинот на исхрана?

Ме интересира дали има кај нас некој што вака го храни својот миленик, или сеуште владее мислењето дека ако кучето јаде живо месо ќе стане крволок. :)
Најздрава исхрана, јас ја практикувам еднаш до два пати неделно, промената во организмот и варењето на храната ја забележуваш уште со првото исфрлање на измет, сув како да е стар неколку дена, па можеби и како прашест да е. Тоа значи дека кучето перфектно ја обработило храната, дека ги примило сите хранливи состојки од истата... здрав желудник, лесна столица, здраво и весело куче...
Како тоа ако јаде живо месо станува агресивно? Исхраната не го менува карактерот на миленикот, туку само му го подобрува здравјето. Кучињата се предатори и нивниот желудник е створен да свари живо месо...
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Имате ли некој предлог како да почнам да го учам кучево надвор да врши нужда ? Од пред 4-5 дена почнав да го шетам надвор и за секоја извршена нужда надвор го фалам и му давам награда. Најчесто моча после спиење или ако се напие вода повеќе. Го носам околу 4 пати на ден надвор од кои еднаш е саат време за да пооди/потрча. Арно ама кога е дома знае да моча и внатре (на местото каде што се научи). Имате ли некој предлог ?
 
Добра рутина, веднаш откако ќе стане од спиење (на секое будење) носи го надвор, пола саат после јадење-шетање, пред спиење- шетање, и погрижи се скоро секогаш термините да ти се поклопуваат со претходниот ден... многу полесно им е да сфатат...
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Најздрава исхрана, јас ја практикувам еднаш до два пати неделно, промената во организмот и варењето на храната ја забележуваш уште со првото исфрлање на измет, сув како да е стар неколку дена, па можеби и како прашест да е. Тоа значи дека кучето перфектно ја обработило храната, дека ги примило сите хранливи состојки од истата... здрав желудник, лесна столица, здраво и весело куче...
Како тоа ако јаде живо месо станува агресивно? Исхраната не го менува карактерот на миленикот, туку само му го подобрува здравјето. Кучињата се предатори и нивниот желудник е створен да свари живо месо...
Апсолутно, мојата кучка се хранеше така скоро цела година, после малце и здосади па и земав дехидрирана храна, сега ја заврши планирам пак да почнам со PMR. Можеби за наши простори изгледа малце чудно, но долгорочно кучето ќе биде најздраво ако јаде природна храна, во тоа дехидратите којзнае што се има... :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Малку е бе наутро и навечер,јас го пуштам наутро после накај 2,па накај 6 и накај 10 навечер...некогаш врши нужда некогаш само излезе и толку али оти сега сеуште е мало и нонстоп моча.
Овде се прави муабет за прошетка до парк, не за пуштање во двор или пред зграда за да изврши нужда.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Добра рутина, веднаш откако ќе стане од спиење (на секое будење) носи го надвор, пола саат после јадење-шетање, пред спиење- шетање, и погрижи се скоро секогаш термините да ти се поклопуваат со претходниот ден... многу полесно им е да сфатат...
За какање немам голем проблем скоро секогаш надвор кака. Ама за мочањето, како да сака да моча повеќе внатре него надвор. Иначе после секое спиење, јадење неможам да го носам немам ни толку време а не сум ни дома цело тоа време. Ќе пробам да го носам во 7:30 наутро, после тоа накај 12:00, накај 15:30 и накај 20:00. Секогаш кога врши нужда надвор го наградувам а кога врши внатре му викам не. Ако имате уште некој совет ве молам споделете.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
За какање немам голем проблем скоро секогаш надвор кака. Ама за мочањето, како да сака да моча повеќе внатре него надвор. Иначе после секое спиење, јадење неможам да го носам немам ни толку време а не сум ни дома цело тоа време. Ќе пробам да го носам во 7:30 наутро, после тоа накај 12:00, накај 15:30 и накај 20:00. Секогаш кога врши нужда надвор го наградувам а кога врши внатре му викам не. Ако имате уште некој совет ве молам споделете.
Па на почеток кога земаш кутре, мораш да бидеш спремен да одвоиш доста време во негова дресура. Физиолошките потреби ти се дресура број еден. Така да, ако сакаш да го научиш сега е добро време, ако се научи дома да ти мочка, никогаш нема да го промениш тоа... А си пробал да го носиш на места кај што има други кучиња? Самата миризба на фекалии на други кучиња го појачува инстинктот за вршење физиолошка потреба надвор од местото за престој. Можеж да пробаш со тоа, а можеш и да пробаш со тераса (ако имаш), односно, откако ќе изврши нужда во домот, намокри весник со мокрачата, местото исчисти го повеќе пати со појаки средства за да се изгуби мирисот тотално, а весникот премести го надвор (двор, или тераса или конкретно место каде што сакаш да врши нужда). Откако ќе се навикне на одредено место, а тоа да биде нормално надвор од местото каде што престојува и што јаде, сигурна сум дека нема да имаш проблем.
А, ме интересира, секогаш врши нужда на одредено место во домот или на различни?
Ако е на исто место, ондак, стави му го чинивчето за храна на тоа место, кучињата никогаш не се олеснуваат на место каде што јадат...
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Вака, за какање почна само надвор да кака а за мочање, моча само кога е станат од спиење и никогаш повеќе кога го носам надвор. Го научив да моча на едно место, а тоа е во ќош на тераса. Кога ќе одам надвор носам и јадење како награди и на после секоја нужда му давам и го фалам а дома го карам ама по ова како што гледам сеуште нема напредок...
Да пробам ако не да натопам весник и да го оставам надвор па така некако да го учам да врши нужда таму.
 
Претпоставувам се работи за мало кутре.Е сега кутрињата мочкаат одма кога ќе се разбудат,па секогаш кога ќе го видиш,изнеси го надвор.
истото важи и после јадење :)
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Незнам дали имате ваков проблем ама кога го шетам кучево еден период си оди покрај мене супер и некогаш ќе му текне да застане и несака да оди каде што одам јас туку најчесто на спротивната страна. Пробав да му дадам храна да го залажам ама како да се навикна и веќе ни храната не пали. Ако го потегнам и тргнам тогаш ќе почне да оди покрај мене пак некое време и можеби ќе застане можеби не. Како да го решам овој проблем ?
 
Нормален процес, со тек на време ќе исчезне. За момент, во прошетката осеќа одредена несигурност или нешто во околината му предизвикало одреден страв, па тоа резултира со седнување, збунетост и желба да се врати во домот- на сигурно. Во момент кога ќе се закочи, мора да најдеш начин да видиш што придонесува за тоа па да можеш да го изложуваш повеќе на неговиот страв со цел да го надмине. Мораш да бидеш поддршка за него во вакви ситуации, малку мазење по глава и добри зборови за да го мотивираш да продолжи напред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom