Дали имате искуство со фурминатор,станува збор за кане корсо,премногу се митари , премногу и се исуши влакноо,многу и стана суво и избелено ,а на сонце добива некоја кафеава,црвенкаста нијанса (кучката е црна).Бидејки е премног е скап да го купам,дали знаете каде би можело да ја однесам и да и направат еден третман со него ,нормално да си платам
Фурминаторот, ти го отстранува подвлакното, и тоа успешно, но тоа не значи дека митарењето ќе прекине. Тоа си е процес кој мора да започне и да заврши, нормално е овој период да се митари, го исфрла зимското и се спрема за летно крзно. Фурминаторот може минимално да го забрза тој процес, но пак ќе кажам, минимално. Јас го користам, задоволна сум но не е тоа што очекував и што гледав по интернет клипови за тоа како функционира. Реално добра ствар, за која не верувам дека ти е спас во моментов. Остави го кучето на природен начин да си го среди крзното, без никакви хемикалии, можеш редовно да го чешлаш и тоа е тоа...
Дали сте запознаени со "Prey model raw" начинот на исхрана?
Ме интересира дали има кај нас некој што вака го храни својот миленик, или сеуште владее мислењето дека ако кучето јаде живо месо ќе стане крволок.
Најздрава исхрана, јас ја практикувам еднаш до два пати неделно, промената во организмот и варењето на храната ја забележуваш уште со првото исфрлање на измет, сув како да е стар неколку дена, па можеби и како прашест да е. Тоа значи дека кучето перфектно ја обработило храната, дека ги примило сите хранливи состојки од истата... здрав желудник, лесна столица, здраво и весело куче...
Како тоа ако јаде живо месо станува агресивно? Исхраната не го менува карактерот на миленикот, туку само му го подобрува здравјето. Кучињата се предатори и нивниот желудник е створен да свари живо месо...