Роден сум и живеам во Скопје, градов наједноставно би го опишал како место каде што со векови веќе се се спојуваат Истокот и Западот, препознатливо по крстовите и џамиите.
Познат по тоа што е главен град на нашата република, во градот владее мултикултурализам. Градов го сочинуваат повеќе населби, секоја со свој белег и сопствена историја. Повеќе оставам на вас другите..
И еден од најпознатите симболи на Скопје - Камениот Мост
P.S. Не мора само по објекти, може и по други препознатливи обележја..
- првата слика
црквата “Св.Димитрија“ - во некогашното Еврејско маало
во позадина ( Мустафа паша- џамија, карши централниот затвор)
- во дворот на црквата има бунар.До 1970 година од тој бунар си
полневме вода за пиење секојдневно, ние ретките жители на тоа
Еврејско маало, со кофа на јаже и чекрк.Со изградба на мостот
“Гоце Делчев“ и стоковна куќа Мост престана да постои познатото
скопско Еврејско маало.Поточно ја снема и главната улица,која
можеби и никој од вас не ја познава,а мене ми недостига бидеиќи
таму на таа улица,на тие коцки пораснав. Од камениот мост водеше
покрај црквата право угоре покрај продавниците за точаци од десно
кон оџачарите и воторафите и Калето.Од лево беше “гранапот“ и
рибарата на која често висеа сомови по 2 м.а погоре срп- чекан и ЦК.
Можам со денови да пишувам за ова маало,а ни збор не знам да
кажам за Мариово,Порече и Осогово а сепак сега немам ништо.
Не остана ништо препознатливо ( пу,пу еве го театарот).
Повеќе за ова Еврејско маало во темата “Еврејските партизани во МК.
--- надополнето: 31 март 2012 во 21:29 ---
Најпознатата костурница во македонија !
- на која на ѕидините нема останато ни една месингана буква од имињата
на нашите херои кој го дадоа животот за оваа слобода,а некои поголеми урбани херои без страв и срам ги извадиле и останале живи.