Фан Клуб: Барселона

Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633
Ambrosini was the Milan player who made most passes (42) yesterday. Only 2 Barcelona players gave less: Puyol (36) Mascherano (40)
Се е кажано.....
Собирај, одзимај пасови колку сакаш тој (ако не и поголем) е просекот на пасови во Барселона и сите го знаеме тоа ама утакмицата се добива кога се собираат головите не пасовите.
Двајцата играчи со највеќе пасови кај Милан недостасуваа незнам што очекувавте стварно да не успее Милан да ја има повеќе топката во свој посед?
--- надополнето: 31 март 2012 во 00:53 ---
Ова со теренов ме потсети на тактиката на Мур кога беше во Челзи, кога не дозволи ја сменат нивата.

Мур го лапна таа утакмица, истото ќе му деси и на Алегри, заради тие педерски фори.
Незнам дали знаеш, Алегри поставува тревници низ повеќе терени низ европа и италија одличен аргумент момче продолжи со ова
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Добро де Ultra што толку бе се надеваш на тие твоите ?
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
Добро де Ultra што толку бе се надеваш на тие твоите ?
Аххх што праи зависта кај човекот :confused:
КОРНЕТ, ај олабај ги фан клубоиве и ако ти е толку интересно, пишувај си во твојот за полуфиналето во купот на Италија ;)
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Вечерва имаме релативно тежок натпревар .... Пеп најдобро кажа, Атлетик е сензација годинава ....

Морам да признаам дека имам голем респект за Билбао како екипа и крајно ја почитувам .... Политиката на клубот ( која несомнено е слична на нашата ) е за пофалба ....

Фокусирани се на Европа Лигата дефинитивно, и и е преоритет, но тие секогаш играат со 100% посветеност на секоја утакмица, затоа и се тоа што се ....

Во секој случај очекувам тежок натпревар, на кој на крајот победници ќе излеземе ние .... Сакам ова да го видам вечерва, како увертира за реваншот со Милан ...

Валдес​
Дани Маске Пиќе Пујол​
Бускетс​
Чави Иниеста​
Цеск​
Меси Санчез​
VISCA !!!!​
 
tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Во секој случај очекувам тежок натпревар, на кој на крајот победници ќе излеземе ние .... Сакам ова да го видам вечерва, како увертира за реваншот со Милан ...

Валдес​
Дани Маске Пиќе Пујол​
Бускетс​
Чави Иниеста​
Цеск​
Меси Санчез​
VISCA !!!!​
Значи и покрај тоа што е тежок натпревар, мислам дека Пеп нема да искочи со најјакиот состав и ке одмори барем еден - двајца фудбалери. Адриано е опоравен и мислам он ке почне лево, а капитенот ќе ни одмори за со Милан. Фабрегас би требало да почне пошо не играше ни минута на првата утакмица, а се мислам дека ќе го одмара и Чави и еден од на Санчез и Иниеста и можно е Кеита да почне пред Бускетс.

Валдес
Дани Пиќе Маске Адриано
Кеита
Тиаго Фабрегас
Меси
Педро Тељо​
 
P

pepito*

Гостин
Без нашиот најдобар состав, Атлетик ќе не скини, ама онаа вистинската смисла на зборот кинење. Не смееме да излезиме без Чави и/или Иниеста, ако сакаме да ги земиме трите бода. Атлетик е тим изграден од многу дисциплинирани, млади играчи предводени од, според мене, тренер кој спаѓа во иста класа со Пеп, Фергусон, Мурињо, Венгер - Биелса. Имаат подготвено одлични изработени акции, го имаат третиот најдобар состав во Ла лига, во тоа сум сигурен, способни се да вршат пресинг долго време и можат да издржат при голем притисок. Всушност, ги видовме еднаш на Сан Мамес против нас што правеа, а исто се виде нивната игра со Јунајтед и некни со Шалке. Муниаин, Ибаи Гомез, Сусаета, Итураспе, Хави Мартинез, Де Маркос - се' се тоа млади играчи со голем талент и потенцијал, што ќе бидат играчишта за неколку години. Љоренте, поарно ич да не пишувам за него, страв ми е од самата помисла. Понекогаш се чудам зошто воопшто не пробаме да го доведеме, убедливо е најдобар напаѓач кога се работи за играта со глава и може добро да ги користи високите топки на Чави и Дани кога не можеме да пробиеме со пасовите низ одбраната. Горка Ираизоз е одличен голман, знае и да игра добро со нога што многу помага, знаеме добро по Валдес, ама понекогаш знае и да ја заебе. Имаат еден чуден сегмент во играта, секој прекин го изведуваат на првата статива и секогаш се опасни при корнер или слободен удар, внимавајте на ова вечерва, ќе видите за што пишував. Скоро секогаш ги гледам, затоа што освен во нашата, единствено уживам во нивната игра. Сепак, знаеме сите ние каква екипа имаме и дека во нашиот тим игра и Меси. Типувам на наша победа, пред се поради тоа што сме дома, имаме подобар тим. поради тоа што Билбао на последните натпревари од Ла лига не игра најдобро и сигурно сите приметивте дека се насочуваат кон Европа Лига. Оваа утакмица ќе биде само најава за финалето во Копа дел Реј кое сигурно ќе биде мелем за очи, бидејќи овие два клубови од секогаш се Повеќе од клубови и го играат најдобриот фудбал во Шпанија.

Очекувам ваков состав : Валдес, Алвес, Пике, Маскерано, Пујол, Бускетс, Чави, Иниеста, Фабрегас, Меси, Санчез/Педро.
 
LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Ајде бе да ги напуниме супер игра имаме...
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Браво бе Иниеста! Вакви голови сакам, да не му се даде никаква шанса на голманот да одбрани. Добро ќе му дојде овој гол на Иниеста, затоа што е прилично лош у последно време.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Браво за борбеноста на Билбао и трчањето како да нема утре, баш ми е криво што немаат шанси за у ЛШ.

Иначе одлична утакмица од нашите, одлично движење од сите, добар пресинг при загубена допка, се враќаше топката брзо у наш посед, неколку добри шанси со вкупно 13 удари у рамки на гол а само 1 на Билбао.

Сега се чека Милан, очекувам спектакуларна утакмица од страна на Барса таа вечер.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Добар резултат против Билбао но не толку добра игра според мене.да,само 1 шут имаа противничката екипа но нашите многу грешеа по додавањата,и некакво несигурност има при играта,нема кој да постигне голови освен Меси( значи ако не е тој нема друг голгетер) но ете вечер излезе Иниеста на сцена.Затоа Рм постигнуваат многу голови,имаат 3 врвни напаѓачи,ако не му оди на еднииот другите двајца ќе погодат.ах колку ни фали Виља....
Последните 2 натпревари(Билбао и Милан) многу сум разочаран од Алексис,не знам дали некогаш ќе речеме : Да,вреди за толку пари...Нема никаква игра,ни дриблинг,ни брзина( а верувавме дека има и тоа многу) ни сигурност во себе( добива топка одма враќа назад),не знам што ќе биде со него:(...
Меси изгледа како да е премногу изморен,ми делува како да лежи на теренот цело време,многу бавен при соло акциите( што вечер беа едни од најлошиоте во кариерата).Дали се чува за со Милан,ќе покаже времето.....
Маскерано вреди злато,значи колку е добар дечкото не ми се верува,една грешка немаше и скоро сите противнички акции завршуваа кај него...
Тиаго добар,иако на почетокот изгуби многу топки....
Овие од Билбао ко под дрога да беа,неверојатно колку многу трчаа,таков пресинг врз нашата игра немам видено некогаш....
Го сакам Мартинез и Муниаин....Тие пари што ќе ги фрлат за Нејмар,нека ги потрошат за овие двајца(ако се доволни де;))
Се на се,добар меч и честито победа.....
 
LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958

Нема ние што да речеме за Алексис и да мислиме дали ги оправдал парите дадени за него. Пеп многу убаво се изјасни за него пред 2 месеца, кога кажа дека е едно од најдобрите засилувања во негово време и дека се вклопил многу брзо и дека многу е важен за тимот како играч.

Инаку често победа:D
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Проблемот е што Алексис кај нас игра ептен спротивно од тоа што го играше во Удинезе. Реален да бидам, го сакам истиот Санчез од Удинезе. Играч кој ќе проба да издрибла и кој до максимум ќе ја искористи својата брзина. Моментално он игра некој вид на шпиц, а има ептен лош финиш да би очекувале голгетер од него.

Btw...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom