Каков крвен притисок имате?

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.933
Поени од реакции
8.565
За стероиди е јасно, секако дека го влошуваат притисокот. Збор ми беше за класично вежбање со тегови кои исто така може да нафрли поприлнично мускулна маса за 3-4 години.
Доколку имаш нормална телесна тежина за висината нема опасност од висок притисок (нема разлика дали е мускул или сало) е сеа ако си млад организмот ќе трпи до кај 35-40 годишна возраст па после овие години веројатноста од покачен крвен притисок е поголема, сепак тука не влијаат само факторите на зголемена телесна тежина туку и генетските фактори ( дали имаш некој во фамилија со висок крвен притисок) и општата состојба на организмот, состојбата на бубрезите итн
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Еднаш испив две кафиња јаки и тоа во рок од саат-два, а плус и нешто работев низ двор и после влегувам внатре го ставам апаратчето(дигитално) на рака и се извадив од памет, од тогаш имам уплав пак да го измерам притисокот !
Значи не треба да се мери одма после пиење на кафе или одма после одредена физичка активност !
Секако дека не треба. Кафето има кофеин кое ја засилува работата на срцето, а исто и физичката активност поради зголемената потреба за крв во мускулите. Затоа се мери по 15 минутно мирување, не треба да си вознемирен (често пациенти се вознемирени кога лекар им мери крвен притисок) и не треба пред мерење да се конзумира кафе, ред бул или слични напитоци кои го зголемуваат притисокот. BTW спортувањето и кафето (како диуретик) на подолг рок го намалува притисокот.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.933
Поени од реакции
8.565
после влегувам внатре го ставам апаратчето(дигитално) на рака и се извадив од памет, од тогаш имам уплав пак да го измерам притисокот !
Смени си го апаратчето, тие неретко даваат неточни резултати, било од слабост на батерите, било од кинеската марка, земи си (механички) и да е некој со средна цена, батали играчки за деца.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Доколку имаш нормална телесна тежина за висината нема опасност од висок притисок (нема разлика дали е мускул или сало) е сеа ако си млад организмот ќе трпи до кај 35-40 годишна возраст па после овие години веројатноста од покачен крвен притисок е поголема, сепак тука не влијаат само факторите на зголемена телесна тежина туку и генетските фактори ( дали имаш некој во фамилија со висок крвен притисок) и општата состојба на организмот, состојбата на бубрезите итн
Моментално притисокот ми е околу 120/60, инаку имам 21 година и нормална телесна тежина (БМИ=21). Татко ми има висок крвен притисок (140/90 со примање терапија) мајка ми пак има низок. Инаку се бавев поинтензивно со велосипедизам а во последнава година прилично редовно одам во теретана (примарно тргнав за да качам маса бидејќи бев доста слаб, ама не сакав да ставам стомак туку поздраво да се здебелам и успеав да качам 10кг, сега сум 14% масно ткивпо). Затоа ме интересира што превентивно би можел да превземам во врска со притисокот.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.933
Поени од реакции
8.565
Моментално притисокот ми е околу 120/60, инаку имам 21 година и нормална телесна тежина (БМИ=21). Татко ми има висок крвен притисок (140/90 со примање терапија) мајка ми пак има низок. Инаку се бавев поинтензивно со велосипедизам а во последнава година прилично редовно одам во теретана (примарно тргнав за да качам маса бидејќи бев доста слаб, ама не сакав да ставам стомак туку поздраво да се здебелам и успеав да качам 10кг, сега сум 14% масно ткивпо). Затоа ме интересира што превентивно би можел да превземам во врска со притисокот.
Со нормален БМИ и на таа возраст, последното кое треба да ти дојде на ум е да се замараш со висок притисок.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Смени си го апаратчето, тие неретко даваат неточни резултати, било од слабост на батерите, било од кинеската марка, земи си (механички) и да е некој со средна цена, батали играчки за деца.
Мислам дека не е кинеско, марката му е Visocor !
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Со нормален БМИ и на таа возраст, последното кое треба да ти дојде на ум е да се замараш со висок притисок.
Професионална деформација :D учам за иден доктор па затоа се заинтересирав
--- надополнето: 27 март 2012 во 18:07 ---
Мислам дека не е кинеско, марката му е Visocor !
Нема врска што не е кинеско, електронските се често непрецизни (обично покажуваат повисок притисок) единствено се згодни бидејќи едноставно се користат. Попрецизни се мануелните мерачи особено оние со жива кои ги имаат докторите.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.124
Ја не мерам више никад притисок со оние дигиталните срања ... да те извади од памет ејјј.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Добро е шо има таква тема...Мене крвниот притисок ми е висок секогаш,никогаш не бил под 140/90.Не го мерам често,но професорката по биологија пред 2-3 недели реши да ни го мери ми го измери 4 пати исто покажа и толку многу ме уплаши ... а ми бил и повисок.Инаку,од фамилија татко ми има висок крвен притисок,друг никој поколенија наназад...да не е можда затоа што е мноогу дебел негде 135 килограми на висина од 190 но тој пие апчиња.А јас пак,да не ми е и на мене од тоа и јас сум дебелуцко 100 кг сум на висина од 185 ...некогаш навечер си го осеќам срцето ко ќе легнам...и плус страв ми е од физички вежби од аеробни прочитав негде дека ако се зголеми притисокот може срцев удар ама изглеа се добива само од стрес и такви работи...сеа од 1 ви се фрлам на слабеење па после тоа ако не опадне крвниот притисок ќе морам на терапија кај интернист ...а инаку 18 год сум! :/ дајте посоветувајте ме нешто..знам дека не треба сол да јадам...и треба многу вода да пијам а дома несмеам да кажам зашо креваат паника!
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Добро е шо има таква тема...Мене крвниот притисок ми е голем секогаш,никогаш не бил под 140/90.Не го мерам често,но професорката по биологија пред 2-3 недели реши да ни го мери ми го измери 4 пати исто покажа...бил и повисок.Инаку,од фамилија татко ми има висок крвен притисок,друг никој поколенија наназад...да не е можда затоа што е мноогу дебел негде 135 килограми на висина од 190 но тој пие апчиња.А јас пак,да не ми е и на мене од тоа и јас сум дебелуцко 100 кг сум на висина од 185 ...некогаш навечер си го осеќам срцето ко ќе легнам...и плус страв ми е од физички вежби од аеробни прочитав негде дека ако се зголеми притисокот може срцев удар ама изглеа се добива само од стрес и такви работи...сеа од 1 ви се фрлам на слабеење па после тоа ако не опадне крвниот притисок ќе морам на терапија кај интернист ...а инаку 18 год сум! :/ дајте посоветувајте ме нешто..знам дека не треба сол да јадам...и треба многу вода да пијам а дома несмеам да кажам зашо креваат паника!
Нема врска дебелината, јас сум 25-6 год. и сум висок/слаб, а сепак ми е малку изнад граница притисокот, не јадам многу, ниту солено, ниту мрсно, ниту луто ...... така да нема врска тоа дебел/слаб, ниту пак исхраната !
Алкохол воопшто не пијам никогаш, но пијам по 3-4 јаки кафиња(турски-шербет)на ден, а исто така и мавам по една кутија цигари на ден !
А и по карактер сум стреслив/нервозен тип(во нормални граници секако) !
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
759
Со години ми беше 140/100 прифатен ко нормален притисок. Ми пукна филм, остајв цигари, ослабев, физичка активност и после некој месец, оп, 120/80 - 110/70.
 
spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Со години ми беше 140/100 прифатен ко нормален притисок. Ми пукна филм, остајв цигари, ослабев, физичка активност и после некој месец, оп, 120/80 - 110/70.
Ista prikazna i ja imav ba4e :D ... " PROVERENO " ja imav i 190 / 110 :D :D :D ama toa bese od mnogu sofri , jadenje pienje , red buli , kafinja , cigari , neredoven zivot :D i eden den ispiv neskafe so 3 lazici kafe u solja i zavrsiv na interno , EKG-to pokaza i morfoloskata struktura deka sum za kosmonaut , AticCore vo sk me proveruvaa , od togas Audiovision therapy , batelnje cigari , kafe i alkohol , vezbanje od ko namaliv so kilaza i holesterol , od 110 namaliv na 80 i pocnav so vezbanje stasav do 72 i pritisokot mi stana 110/70 :) i se razbira mnogu mnogu seks :DDDDDDDDDDD
 
Знаеш шо е финтата? Шо мислиме дека алкохол, цигари и ждерење по кафани е кузне каков живот. Врска нема. Пет подобро е коа се бавиш со спорт и не си забревтан нон стоп.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Имам низок притисок и затоа обожавам да сум во женско друштво
 
Kajgana Shop

На врв Bottom