Не, општо зборев. Али ајде да ја земеме Барса за пример. 1/2 финале 2035 година, кога Барса ќе биде оштетена против Милан, одма некој ќе го поништениот гол на Шевченко.
Истово нема никаква поента, ама ајде нека ви биде.
Веќе класика стана тоа, него друго, рачунај истиве две ситуации од вчера да беа на обратна страна, па ќе се испишеа 10 страни со плачки првенствено од фанови на Реал и Челзи, а после и голем број на Милан, како тие 2 ситуации биле 100% пенал, како Платини ја фаворизира Барса, масони курци палци и остали срања.
Искрено добро што не се досуди пенал.
Иначе, у глобала очекував подобар натпревар, иако и вчерашниот не беше лош, добро ќе беше ако се искористеше нешто од неколкуте шансите, бар да паднеше по еден гол во мрежата на Валдес и Абијати, вака некако многу ми се виде тактизирање од двете страни, преголем респект, и главна цел првенствено да не се прими гол.
За реваншот од прилика се знае што ќе се гледа, Барса ќе си ја игра својата игра од првата минута, ќе се напаѓа од сите страни, Милан ќе се брани со формирање на две одбранбени линии пред голот на Абијат, со Ибра некаде на средина на терен и ќе се чека шанса од грешен пас на Барса за да се загрози голот преку контра или полуконтра.
Оптимист сум, кога може фан на Милан да биде оптимист со 0-0 на Кампот, не гледам причина зашто фан на Барса да не верува у пролаз у 1/2 финале.