Лига на шампиони 2011/12

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.192
Oд граделе силна екипа и изградиле .. има многу разлика, не секогаш одма се добиваат резултати.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Граделе силна екипа а ги елиминираше еден мизерен состав Копер да играше Металург со нив ќе го кркаа дебело ама ајде што би било кога би било.
И ХСВ што 2 пати го исплеска Металург се насука со нив.........не ги потценувај.Завршија Копер пред Металург во групата,така ? Екипа која игра без респект кон противникот,со голман кој на добар ден може се живо да испофати.
Киелце има многу јак состав,само се гледа некоја лежерност во нивната игра.Посебно првите утакмици во ЛШ што ги гледав беа како распашана команда.Играат многу променливо.Види во групите како изиграа..... никогаш не можеш со нив да си сигурен.Ваљда од следната сезона ќе се поправат.Играчи следната сезона ќе имаат за Ф4,само како ќе функционираат како екипа. А ако им требаат засилувања,пари не се проблем.
Од следната сезона ќе има многу јака борба за завршниот турнир.Кил,Барса,Атлитико,Копенхаген,Киелце, Монпеље,Фухе Берлин........уффф ќе биде интересна сезона идната.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Точно така,имав пишано повеќе пати дека покрај Веспрем Киелце е една од најнепредвидливите екипи во ЛШ....
Знаеја да изиграат феноменален ракомет,да победат против Веспрем и Медведи во гости,и да изгубат сигурно водство и да изгубат добиен меч....(случајот со Фуше во Берлин)....да изгубат лесно на домашен терен од Веспрем,да изгубат бод со Медведи дома......
Рака на срце и групата беше страшна....
Проектот Киелце е навистина голем,амбициозен...
Уште на времето Киелце беше голема екипа..
Играа со Пелистер во 96 та година,Пелистер успеа да ги елиминира во 1/4 финале на КПК,и тогаш имаа страшна екипа...
Сега во последните години навистина станаа гигант....
Голема пара е вложена во Киелце,мислам дека допрва ќе бидат посилни....
Наредната сезона на десен бек доаѓа Марсин Лијевски,ете го Чупиќ...
Лијевски ако е здрав е еден од најдобрите леваци во светот,страшен играч,во секој случај далеку подобра опција од Бунтиќ,не е лош Денис,ама не е некоја светска класа....
На среден бек имаат двајца страшни играчи,Грегор Ткачиг и Урош Зорман.....
Лев бек чкрипат,имаше најави дека ќе носат и подобар лев бек,зошто таму останаа само со Јурецки...
Наредната сезона ќе бидат многу посилни....
Копер,навистина и мене ме изненадија...
Според она шо го видов со Металург,не очекував да направат нешто повеќе со Киелце..
Навистина изненадија,заслужено се во 1/4 финале,резулататот во Полска не беше случаен..
Копер изненадува со слабиот пласман во лигата во Словенија,таму се на трето место,зад Цеље и Горење....
Факт кој говори колку е силно словенското првенство....за разлика од нашето:гик:
Но има плеј-офф,па би требало да надокнадат,очекувам во финале добра борба со Цеље,кој полека се враќа на старите патеки(иако не е на нивото на кое сме навикнале)...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Лев бек чкрипат,имаше најави дека ќе носат и подобар лев бек,зошто таму останаа само со Јурецки...
Биелицки потпиша за нив.........од следната година ни таму нема да чкрипат.:D
Полјаците ќе прават растур наредниве години.И Висла не е екипа за фрлање.Јест да купуваат еден куп играчи кои не се баш во најдобри години,но и тој проект има амбиции како што има и Киелце.
Е тоа ми се свиѓа во ракометот.Не е како во фудбал..........се што вреди да е во 3-4 лиги и 10тина екипи.
Полска 2 екипи,на балканов 2-3 екипи,словенците по некоја екипа,данците имаат јака лига,унгарија исто,французите почнуваат да градат јака лига, швабите и шпанците јаки како и секогаш.......
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Биелицки потпиша за нив.........од следната година ни таму нема да чкрипат.:D
Полјаците ќе прават растур наредниве години.И Висла не е екипа за фрлање.Јест да купуваат еден куп играчи кои не се баш во најдобри години,но и тој проект има амбиции како што има и Киелце.
Е тоа ми се свиѓа во ракометот.Не е како во фудбал..........се што вреди да е во 3-4 лиги и 10тина екипи.
Полска 2 екипи,на балканов 2-3 екипи,словенците по некоја екипа,данците имаат јака лига,унгарија исто,французите почнуваат да градат јака лига, швабите и шпанците јаки како и секогаш.......
Само Британците не знаат што е тоа ракомет :ROFLMAO:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Само Британците не знаат што е тоа ракомет :ROFLMAO:
И итаљанците... ххххх :D Британците сигурно спремаат некоја репрезентација за олимпијада, таква експериментална, Лазаров да им даде 20 гола...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.192
Вечер започнува 1/4 финалето.
На Сител 3 ќе го пренесуваат мечот Копенхаген - Барселона во 20.10 часот, а останатите средби се играат утре
Адемар Леон - Фуше Берлин
КО Загреб - Кил
Цимос Копер - Атлетико Мадрид
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Го прими Барса вечерва..29-23(полувреме 16-11)....
Пред 25000 гледачи на стадионот на ФК Копенхаген...:cool:
Луди се Данците за ракомет,како тргнало ќе направат некој стадион од 80 000 гледачи и пак ќе го наполнат.....:X3:
За играта шо да кажам...
Копенхаген рутински,полесно од очекувањата ја реши Барса....
Без Болдсен,(кој се повреди уште при првиот напад),без Стефансон кој го изигра само првото полувреме,после и тој седна на клупа(и тој се повреди)...
Без двајца првотимци и пак го тепаа европскиот шампион со 6 разлика....
Уште еден податок кој говори со каков квалитет располагаат Данците....:cuc:
Хансен е машина,моментално играч број еден во светот без конкуренција...вистински мотор на екипата....
Заедно со Каспер Хвит,кој ја спушти ролетната се најзаслужни за оваа победа...
Хвит го уништи впечатокот на крајот,во последната минута го акна малце Нодесбо,и лапна црвен....(мислам дека нема да игра во реваншот зошто се работи за директен црвен картон)....:unsure:
Тотално ме разочара Барса....
Да не се разбудеше Ласло Наџ во второ полувреме прашање е дали и толку голови ќе дадеа...
Рутенка,најслаб убедливо...камен,се шо шутна му стопи Хвит,другото во блокот,или покрај гол..
А кога не игра Рутенка не игра и Барса....
Како и да е,следува реванш во Блау Грана,а таму Барса е сосема друга екипа..
Видовме шо им се случи на преценетите Французи Монпеље,беа прегазени со 16 разлика...
Иако Копенхаген е далеку посериозен тим од Монпеље,зошто се покриени на сите позиции....
Ќе видиме,ќе биди неизвесно до самиот крај...мој тип е победа на Барса од најмалку 3,4 разлика.....
Ако одиграат како знаат,и го затворат Хансен,имаат шанса,ако не тешко....
Од другите дуели утре...
Очекувам класично газење на Копер од страна на Атлетко....
Копер нема шо да бара во овај двомеч,типувам на победа на Атлетко од најмалку 3 разлика...
Адемар-Фуше....
Шпанците важат за една од најсилните домашни екипи во Европа,никој не успеа да победи во Леон....(само Кил едвај извади бод)....
Фуше е многу нестабилна екипа,непредвидлива,знаат да одиграат маестрално,но знаат и да прават аматески грешки....
Типувам на победа на Адемар со најмалку 2 разлика.....
И на крај Загреб-Кил...
Загреб и кога беше многу писилен немаше никакви шанси со Кил..
Сега со овие играчи треба да е среќен да не изгуби со поголема разлика уште во Загреб...
Направија тренерска смена во најлош момент.,менувајќи тренерод калибарот на Обрван со недокажан тренер како Голужа..
Кил од друга страна гази се пред себе во Бундес Лигата,имаат перфектен скор.....
Типувам на победа на Кил,иако ќе има неизвеснот,ако ништо дрго Загреб е кадарен да даде достоен оптор...
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
вечер ќе има ли некоја на сител 3 ?
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Копер рутински против Атлетико Мадрид. Ептен лошо одиграа Шпанциве.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Види бе Копер што го газеше Метелург дојде да го тепа Мадрид...иако не верувам нагости да издржат под -5.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.192
Него Загреб му се држи добро на Кил, на полувреме 3 разлика водат, а имаа во текот на мечот и 5.
Ама друг натпревар ќе биди на реваншот, ни 5 гола предност не гарантираат дека ќе изборат пласман на фајнл форот.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Денес можеби е денот на аутсајдерите (пу пу да не урочам,дај Боже да сум во право со ова)......Загреб води 3 разлика со Кил на полувреме.Само ќе треба да се види колку ќе можат да играат вака до крај.
--- надополнето: 21 април 2012 во 20:48 ---
Пффф типични германци,малце што се упорни,малце судии и ете ти од + 7 до 31-31 на крај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom