Некои пратеници добивале по 30 илјади евра годишно за да дојдат на работа
Власта и опозицијата се едногласни единствено кога се работи за нивниот џеб. Ретко кој од пратениците кои живеат надвор од Скопје сака да каже колку пари ја чини државата секое нивно доаѓање во Парламентот. Но, сите се правдаат дека законски се покривале.
Државниот ревизор ги предупреди пратениците – да си ја преиспитаат одлуката според која ги пресметуваат патните трошоци. Во ревизорскиот извештај за работата на Собранието за 2010 година кој вчера беше објавен пишува дека само во првите 5 месеци биле потрошени 900.000 евра за патни трошоци.
Пратениците кои на работа доаѓаат со свој автомобил добиваат надомест во висина од 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според секој изминат километар. На пример еден пратеник од Струга за едно доаѓање на работа добива 8.134 денари. За 20 работни дена 2.648 евра месечно, а на годишно ниво тоа се неверојатни 31.778 евра. Пратениците велат дека во тие пари била пресметана и амортизацијата на возилата, а трошоците ги правдале со фискални сметки. Најмногу ќаруваат тие од најоддалечените градови. Но, не е малку ни релацијата Тетово– Скопје– Тетово.
Пратеничката Весна Бендевска успеала некако да ги заштеди парите, па наместо на бензинска пумпа парите ги слевала на сметка во банка. Во анкетниот лист како личен имот пријавила 15.307 евра на име патни трошоци. Правилото според кое се пресметуваат трошоците е старо повеќе од 10 години, а тогаш бензинот бил многу поевтин. Поради ова ревизорите бараат да се намали надоместокот на пратениците и расходите на Парламентот. Бекири има предлог – или организиран превоз или службени автомобили. Ниту еден од пратениците не слушнале за малверзациите што се прават со сметките. Наводно наплаќаат трошоци и кога преспиваат во Скопје и кога доаѓаат со туѓ превоз.
Извор
А добро бе гробот да им го е*ам, ако за 5 месеци изгореле 900,000 евра на годишно ниво би требало да е над 2 милиони евра!
Ги третираме како златни јајца да ни несат, а реално се само за на јасли пошо јас до сега не сум почуствувал подобрување во животов а ниту пак во општествово!