За да не биде сфатен овој псевдо обид за пародизирање на сапиосексуалците сериозно, морам да забележам дека во ниту едно сценарио интелегентен човек не го следи ваквиот патерн на делување и не излегува од сопствениот систем на вредности за да се прилагоди кон животот и животниот стил на дебелокожците, бицепсоидите и транзициоБМВпитекусите.
Членот Сусаро, како редок примерок меѓу конзервативните мачоисти со изразита мишка кој има солиден умствен капацитет, загрозен од тоа што девојките веќе не паѓаат на "што ќе пиеш" и "имам БМВ" фразите, се обидува преку фузија на два света да карикатуризира интелект со тоа што го става out of place.
Затоа сметам дека е нужно на членот Сусаро да му се објасни дека интелегентен млад човек никогаш не би се ставил во ситуација да полемизира право на влез во одредена просторија со инфериорни личности. Тоа му е под ниво и тој го гледа како нон сенс. Потоа, никогаш не би се ставил во ситуација во која мора да се "натпреварува" за вниманието на некоја девојка со гореспоменатите инфериорни кафански/клаберски игнорамуси. За него тоа е навреда. На крај, за да се зацементира неукоста на членот Сусаро во однос на пристапот на интелегентниот млад момак кон рандом девојка, тој НИКОГАШ не би разговарал со неа за ситуацијата на блискиот исток. Не би ја гњавел девојката со воената подготвеност на Израел или поморскиот спор на Грција и Турција. Тоа го прави мачоист со изразита мишка. Сапиосексуалецот со девојката комуницира на амбивалентно ниво, еректира една....синтеза на умот и телото, наоѓа симбиоза во аспирациите и страстите, помирување меѓу физичкото и духовното. И не, не го прави тоа на место кое е чувано од набилдани орангутани кои никогаш не слушале Tool и не, не го прави тоа во просторија преполна со имбецилни мачоисти со изразита мишка.
Затоа, би го замолил членот Сусаро да не ја замајува јавноста.