уште кога бев 8 одд се заљубив у девојче исто на моја возраст,али немав храброст да и кажам дека ја сакам па така ништо не се деси.У прва година се паднавме заедно у клас и така 4 години јапродолжив со криење на чувствата,таа у тие 4 години си фати само еден дечко , ништо повеќе(премногу е тешка за ќарење и препаметна у веза со машките) а јас глуп ќутев 4 години.Ама еве последниве неколку месец и јас имам некаков интересен муабет со неа онака другарски,повеќе одкколку со другите у клас, а и некако овие 5-6 месеци се осеќам како да сакам најсериозна врска само таа е премногу тешка како што наведов погоре.За месец и фазла ни е матура па сеа подготвен сум таа вечер некако да и го докажам тоа па макар и што сака нека биде (само некако се плашам од тоа да не ме фати гадната трема да незнам шо да и кажам) па затоа барам некој совет како да го изведам тоа за да биде се во најдобар ред па здравје да ми биде и женска
Инаку девојката сега е слободна веке повеќе од една година. Ајде чекам совет од вас љубовџии.
Прво, знаеш како да ја ќариш девојката? Престани да се заљубуваш толку лесно. Не биди идиот, освен ако не си бил заклучен у подрум последните 4-5 години со неа. Ти гарантирам дека слепо си ги игнорирал сите прекрасни девојчиња со кои си се сретнувал секојдневно зошто си бил гз-преку глава за девојкава, и тоа најверојатно зошто само била љубезна и културна со тебе. И тоа значи дека не си затрескан у неа дека е кул персона со добро естаблирани вредности и квалитети- ти си затрескан у неа зошто целата ситуација ти го исполнува чувството на потреба. Потреба од признание, можеби чувство на целост, чувство дека ако го постигнеш само уште ова нешто ќе си на врвот на светот.
Заеби.
Ќе почнеш да ги остваруваш своите интереси кај жените кога ќе откриеш што сакаш. Во што си добар и што те прави уникатен како човечко суштество. Ова нема ниедна ебана допирна точка со жените, туку само со самиот тебе.
,,Те сакам/ми се допаѓаш". Не ме дупи, викни ја да излезете. ,,Си расположена за едно кафе во петок?", зошто како да му ебам мајката треба она да одговори на ,,ми се допаѓаш"? "Топ, и ти ми се допаѓаш, ај да си седиме и да си се допаѓаме тука. Одлично". Побогу, отвори ги картите, понуди нешто.
Кој си ти? Со што се гордееш? И не, не се прифаќаат срањата за ниската самодоверба. Ако е тоа проблем, не ја бркај девојката и среди се. Знаеш што е љубовна заедница, знаеш што ја прави романтичната врска да трае?- двајца луѓе кои се знаат СЕБЕСИ доволно добро до тој степен што не им треба признание на нивната потреба да бидат со друга личност.
Кога ќе знаеш кој си и кое ти е местото, тогаш ќе најдеш девојка со која ќе го доживееш ова од погорниов параграф. И очите ќе ти се отворени зошто нема да ти треба само "некоја" личност. Ќе бидеш доволно сигурен во себе да најдеш некој со еднаквото сознание за тоа кој е.
Мислам, си размислил за Сара? Или Марија? Или девојчето што седи во задња клупа и не зборува многу, па така немаш појма колку убаво пее, или фактот дека свири пијано од 6 години? Абе ти свесен ли си како е да бидеш со девојка која пее, прекрасно пее а? Па нема ни да го дознаеш тоа зошто си премногу затрескан у една девојка која е толку несигурна колку и ти, и можеби нема да излезе со тебе зошто е уплашена дека ќе и судат поради изборот на партнер.
Колку порано сфатиш дека губиш време, а да не збориме дека цел живот си губел, толку порано ќе сфатиш колку фантастични жени постојат, колку од нив си пропуштил, и колку си среќен што имаш можност да ги запознаеш.
Затрескување у една девојка е исто ко да одбиеш да идеш на вечера со другарите освен ако не идат у мексички ресторан: "Сакам само мексичка храна, не верувам дека има друга храна зошто сум идиот и неможам да ги надминам сопствените опсесии и стравови". Епа погоди што, Пад Таи е шитот!- и ако никогаш не се прибереш и го сфатиш тоа, никој нема да плаче и рика за тебе. Ние ќе ја јадеме ТВОЈАТА вечера.
Гледаш? Ги игнорираш сите прекрасни, фантастични девојки, продолжуваш да бидеш некое несигурно детиште, додека ние останатите ќе ги запознаеме овие девојки и ќе им го пружиме најубавото доживување, можеби во целиот нивен живот, само затоа што не сме пички. Знаеме кој сме, ние сме у први редови и не не боли кур. Одбивањето не се ништо освен зборови, и ако не им придадеш значење ќе останат само тоа. Ти не го разбираш тоа, и веројатно заслужуваш да си таму каде што си сега.
Повеќето сме биле како тебе, срање е. Спознај се себеси и дамите ќе те сакаат.