Точно една недела од кога се случи оној состанок меѓу мене и меѓу јавната личност...Ете ми го постот две-три страни претходно...И сега кога топката се смири малку јас можам да го констатирам следново:
-тој мене ме стави на тотален ИГНОР...Значи ниту здраво ми нема кажано од тогаш, ниту фб, ниту ништо...Мене лично ова од една страна ми одговара затоа што ако продолжевме да се гледаме работата меѓу нас ќе отидеше мноогу далеку, а од друга страна кога ќе се сетам на него и на филингот дури бев со него- сакам ненормално многу да бидам со него...
Е сеа...Зашто сум јас ставена на ИГНОР...? -Затоа што типот најверојатно погрешно ме процени и очекуваше дека цело време ќе муабетам за шопинг, шминка, провод и дека сум можеби промискуитетна особа која веднаш ќе му се џитне во прегратки...Јбг сеа - можеби со надворешниот изглед му оставив таков впечаток и кога почнав да му зборам за тематики од мојата професија, потоа за филмови, готвење, фотографија итн, тој делуваше шокирано и ми рече дека нешто не му штимало тука, демек не можел да вооспостави баланс помеѓу она што го гледа на мене и она што го слуша од мене...Ете уште едне добар разлог дека луѓето не се ценат според надворешниот изглед...Дури и се доведов во ситуација вечерта да се правдам зашто фустанчето што го носам било провокативно, а сеуште е дење и не е вечерно излегување...Епа братко јас тоа фустанче не го облекувам прв пат и на мене стои така, а на друга некоја може ќе стои поинаку...Демек работава - јас дојдов да го заведувам него со таков провокативен изглед, а му зборам некои досадни тематики тука за глобално затоплување и нарушување на рамнотежата на еко-системите...
Како и да е - џабе везам...
Него изгледа му одговараат празноглави љубовџики со кои ќе си го прави ќеифот меѓу два службени состаноци во сообрание или кај Хорхе на Водно...
Криво ми е најискрено...